Економија
Продолжува негативниот тренд на берзата
Трите индекси на македонска берза во понеделникот забележаа негативен тренд, што беше проследен со многу низок промет.
Трите индекси на македонска берза во понеделникот забележаа негативен тренд, што беше проследен со многу низок промет.
Нестабилните политички и економски услови влијаат врз двежењата на берзата, така што при денешното тргување беше регистриран вкупен промет од 8.382.654,10 денари, од кои со државните обврзници беше остварен промет од 1.070.992,10 денари.
Прометот на официјалниот пазар изнесуваше 7.504.519,10 денари што преставува околу 90% од вкупниот обем на тргување, додека на редовниот пазар беше остварен промет од само 878.135,00 денари. Веќе трет ден по ред индексите остваруваат намалување. Така, МБИ10 оствари намалување од 1,65%, додека неговата вредност се спушти на ниво од 2.970,72 индексни поени, МБИД опадна за 2,02% при вредност од 3.191,27 индексни поени, ОМБ оствари намалување од 0,14% при вредност од 109,86 ндексни поени. Акција која најмногу се тргуваше беше Комерцијална Банка Скопје со промет од 2.082.269,00 денари што претставува околу 24,8% од вкупниот промет. При просечна цена од 3.000,39 денари остварено беше намалување од 2,90%. Истргувани беа 694 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Втора по обем на тргување беше Алкалоид Скопје со промет од 1.436.146,00 денари. Просечната цена од 5.074,72 денари предизвика само мал пад од 0,19%. Распонот на цените се движеше од 5.000,00 денари до 5.110,00 денари. Истргувани беа 283 акции кои се реализираа преку 17 трансакции.Топлификација Скопје оствари промет од 959.582,00 денари. Просечната цена од 5.050,43 денари значеше намалување од 0,65%. Беа истргувани само 190 акции од оваа компанија.Најликвидна од редовниот Пазар беше ФЗЦ 11 Октомври Куманово со промет од 286.250,00 денари. Просечната цена од 1.250,00 денари предизвика поостар пад од 2,38% што значеше намалување втор ден по ред. Истргувани беа 229 акции.Арцелормиттал (ХРМ) Скопје оствари промет од 145.960,00 денари. Просечната цена од 185,23 денари значеше длабок пад од 5,45%. Максималната цена инзесуваше 191,00 денари додека минималната 180,00 денари. Истргувани беа вкупно 788 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.ГД Гранит Скопје на 30.11.2009 година потпиша нов договор со дирекција за технолошки индустриски развојни зони на Република Македонија. Предмет на договорот е изградба на бунари со пропратни објекти и комплетна инфраструктура. Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 101.472.124,00 денари и рок на изведување 12 месеци. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Комерцијална Банка Скопје2. Алкалоид Скопје3. Топлификација Скопје4. Макпетрол Скопје5. Р.Македонија – Денационализција 02 Хартии од вредност со најголем пораст 1. Пекабеско Скопје 1,39%2. Македонски Телеком Скопје 0,22%3. Технометал Вардар Скопје 0,18% Хартии од вредност со најголем пад1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 12,74%2. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 8,33%3. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 5,45%4. ТТК Банка Скопје 5,32%5. Скопски Пазар Скопје 4,17%Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.