Економија
Државните обврзници најтргувани на берзата во понеделникот
Тргувањето со државните обврзници за денационализација и старото девизно штедење на берзата во понеделникот изнесуваше 2.788.522,36 денари и учествуваше со 37% во прометот на официјалниот пазар.
Тргувањето со државните обврзници за денационализација и старото девизно штедење на берзата во понеделникот изнесуваше 2.788.522,36 денари и учествуваше со 37% во прометот на официјалниот пазар.
Третата недела од Јануари 2010 година започна со вкупен промет од 8.650.201,45 денари, при што официјалниот пазар доминираше со тргувањето над редовниот со промет од 7.533..804,36 денари при реализирани 62 трансакции.
На редовниот пазар се оствари промет од само 1.116.397,00 денари при реализирани 32 трансакции. МБИ10 го продолжува позитивниот тренд со умерен пораст од 1,04% при вредност од 2.801,29 индексни поени. Ова претставува седмо зголемување по ред кое започна на 08.01.2010 година, кога изнесуваше 2.730,00 индексни поени. МБИД го ствари вториот последователен пад на дневна основа кој изнесуваше 0,45%, додека неговата вредноста затвори на 3.012,78 индексни поени. ОМБ го задржа нивото од претходниот трговски ден кое изнесуваше 110,42 индексни поени. Најликвидна хартија од вредност на целиот, односно на официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.854.084,00 денари. Оваа акција забележува променлив тренд во текот на тргувањата од почетокот на тековната година. При просечна вредност од 2.800,73 денари, дневниот пораст изнесуваше 1,82%. Минималната цена изнесуваше 2.795,00 денари, додека максималната беше 2.830,00 денари. Втора според ликвидност од официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од првата емисија со промет од 1.710.393,24 денари. Со просечната цена од 93,40%, забележан беше висок пораст од 3,78% на дневна основа. Истргувани беа вкупно 29.940 обврзници кои се реализираа преку една трансакција. Други државни обврзници за денационализација кои имаа позначителен промет беа обврзниците од осмата емисија (895.520,34 ден.) и втората емисија (166.978,27 ден.).Трета по обем на тргување беше Алкалоид Скопје чиј промет изнесуваше 1.166.364,00 денари. Оваа акција оствари просечна цена од 4.799.85 денари, а вториот по ред пораст на дневна основа изнесуваше 0,43%. Ценовниот распон се движеше од 4.761,00 денари до 4.801,00 денари. Истргувани беа 243 акции кои се реализираа преку 14 трансакции.Македонски Телеком Скопје оствари најголем промет од акциите кои котираат на редовниот пазар, а тој изнесуваше 458.805,00 денари. Просечната цена од 429,59 денари резултираше со зголемување од 1,85%. Минималната постигната цена изнесуваше 423,00 денари, а максималната 430,00 денари. Истргувани беа вкупно 1.068 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.На втора позиција се пласираше акцијата на ФЗЦ 11 Октомври Куманово при промет од 441.960,00 денари. Просечната цена од 1.160,00 денари не оствари промена на дневна основа. Истргувани бе вкупно 381 акции кои се реализираа преку 10 трансакции.Согласно добиеното Решение од Комисија за хартии од вредност на ден 15.01.2010 година со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа ВИП АД Скопје, ве известуваме дека членката ВИП АД Скопје е привремено исклучена од членство во Македонската Берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, односно додека трае забраната изречена од страна на Комисијата за хартии од вредност, започнувајќи од ден 18.01.2010 година.Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 15.01.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Бетон Скопје – 11 обични акции,Алкалоид Скопје – 4 обични акции.Хартии од вредност со најголема ликвидност1. Комерцијална Банка Скопје2. Р.Македонија – Денационализација 013. Алкалоид Скопје4. Р.Македонија – Денационализација 085. Гранит СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. РЖ Услуги Скопје 6,83%2. Р.Македонија – Денационализација 01 3,78%3. Макстил Скопје 3,50%4. Жито Вардар Велес 2,13%5. Македонски Телеком Скопје 1,85%Хартии од вредност со најголем пад1. Ветеринарско сточарски центар Куманово 13,64%2. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 3,09%3. Стопанска Банка Скопје 2,31%4. Тутунска Банка Скопје 1,04%5. Р.Македонија – Денационализација 0,22%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.