Економија
Обврзниците за денационализација доминираа на берзата
Државните обврзници за денационализација доминираа со прометот во денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност.
Државните обврзници за денационализација доминираа со прометот во денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност.Тие остварија промет од 5.424.679,38 денари, што претставуваше 38,5% од вкупниот промет кој изнесуваше 14.092.641,38 денари. Индексите на македонската берза прикажаа различни трендови. Така, МБИ10 втор ден по ред забележа намалување, кое изнесуваше 0,15%, спуштајќи ја вредноста на 2.954,81 индексни поени. МБИД оствари позначајно зголемување од 2,85%, а вредноста на индексот при затворањето изнесуваше 3.317,08 индексни поени. ОМБ со порастот од 0,68% го зголеми нивото на 110,72 индексни поени.Најтргуваните хартии од вредност на берзата беа државните обврзници за денационализација, и дури три емисии од нив беа во четирите најликвидни хартии од вредност. Од нив најактивно се тргуваше со државната обврзница за денационализација од осмата емисија, која оствари промет од 2.950.877,30 денари. Просечната вредност изнесуваше 86,61% од номиналната вредност, што значеше пораст од 1,94%. Истргувани беа 55.391 преку 7 трансакции.Следеше државната обврзница за денационализација од шестата емисија која оствари промет од 1.260.700,41 денари. Просечната цена од 85,91% значеше зголемување од 3,50% на дневна основа. Истргувани беа 23.860 обврзници кои се реализираа преку 5 трансакции.Како трета најликвидна од официјалниот пазар се пласираше Комерцијална Банка Скопје со промет од 1.245.770,00 денари. Просечната цена од 3.227,38 денари предизвика умерено намалување од 0,86%, што претставуваше трето непрекинато опаѓање. Истргувани беа 386 акции кои се реализираа преку 13 трансакции.Најтргувана од редовниот пазар беше акцијата на Македонски Телеком Скопје со промет од 758.820,00 денари. Просечната цена од 490,19 денари резултираше со благ пад од 0,19%. Истргувани беа 1.548 акции кои се реализираа преку 12 трансакции. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Градежен институт Македонија Скопје. Просечната цена изнесуваше 6.944,44 денари при намалување од 0,79%. Ценовниот распон се движеше од 6.900,00 денари до 7.000,00 денари. Истргувани беа 81 акции кои се реализираа преку две трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 08 2. Р.Македонија – Денационализација 063. Комерцијална Банка Скопје4. Р.Македонија – Денационализација 025. Макпетрол СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. ТЕАЛ-Аллумина Тетово 37,93% 2. Текстил Скопје 22,50%3. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 20,00%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 9,29%5. Скопски Пазар Скопје 4,72%Хартии од вредност со најголем пад1. Факом Скопје 25,00%2. Струмица Табак Струмица 20,00% 3. ОКТА Скопје 1,52%4. Комерцијална Банка Скопје 0,86%5. Градежен институт Македонија Скопје0,79%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст
Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Така, кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Според анализата на Светската банка, земјите во регионот од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата се објаснува со ниската стапка на активност на жените, а преостанатиот дел на разликите во изборот на занимањата помеѓу мажите и жените. Оттаму, водењето соодветни политики за поголема вклученост на жените на пазарот на трудот може значително да придонесе за повисок економски раст, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“ во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Глобално и во регионот, неодамнешните кризи посилно ги погодија секторите со поголемо учество на жените и неповолно се одразија врз активноста и јазот. „Според Светскиот економски форум (СЕФ), ако напредокот продолжи со досегашната динамика, на глобално ниво ќе бидат потребни 131 година за да се постигне целосна рамноправност. За споредба, пред пандемијата беше проценето дека се потребни 100 години за да се постигне родова еднаквост, што укажува на последиците од неодамнешните шокови врз женската популација и родовиот јаз“, посочи Ангеловска-Бежоска.
Ангеловска-Бежоска посочува дека позитивен ефект од намалувањето на родовиот јаз врз растот би имало не само од зголемениот број на работната сила, туку и од различните вештини и карактеристики на жените, коишто можат да дадат поинаква квалитативна димензија на пазарот на трудот и пооптимално одлучување.
Гувернерката додаде дека за да се постигне тоа се потребни реформи во повеќе сегменти, како откривање на сите извори на родовите разлики присутни во институционалните, регулаторните, образовните и традиционалните норми, развивање политики коишто ќе ги поттикнат жените да се вратат на пазарот на труд, разбивање на стереотипите и создавање еднакви можности за кариерен развој на жените (учество во лидерските и високите позиции), соодветна поддршка на жените од државата и работодавачите во однос на обврските кон семејството/децата, осмислување нови иновативни технолошки решенија коишто ќе овозможат поголема финансиска инклузија и пристап до финансирање на жените со ниски примања.
На работилницата во организација на Катедрата по економија, на која и гувернерката одржа предавање, учествуваа и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Билјана Ангелова и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), Владанка Трајкоска. Работилницата ја отвори деканот на Економскиот факултет, Предраг Трпески, а воведни обраќања имаа и професорките Даниела Бојаџиева и Билјана Ташевска.
Економија
Комерцијална банка склучи договор за продажба на „Еуроникел“
Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот „Еуроникел индустри“ од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг-компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови, се наведува во соопштението.
Во исто време, банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката „Нова рефрактори“ во Пехчево.
„Убедени сме дека продажбата е долгорочно решение за комбинатот ‘Еуроникел’ имајќи ги предвид кредибилитетот и капацитетот на групацијата Yildirim. Веруваме дека со ова е надминат неизвесниот период за сите доверители и, пред сè, за вработените во комбинатот, кои покажаа максимална посветеност и професионалност и покрај тешката состојба во која се најдоа не по нивна вина.
Групацијата Yildirim е глобален индустриски конгломерат со седиште во Амстердам и во Истанбул. Основана е 1963 година и моментно работи во 56 земји на 5 континенти, вработува 25.000 лица во девет индустрии: метали и рударство, управување со пристаништа, вештачки ѓубрива и хемикалии, енергија и енергетски производи, транспорт и логистика, финансиски услуги, градежништво и недвижности и меѓународната трговија.
Во целиот изминат период од декември 2023 година, кога Комерцијална банка го презеде имотот на комбинатот во своја сопственост, бевме посветени на наоѓањето сериозен инвеститор, кој ќе ја продолжи дејноста на еден од најзначајните индустриски капацитети во земјата. Со цел да се одржи комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес, банката во изминатите четири месеци обезбеди речиси 100 милиони денари за одржување на технолошкиот минимум на комбинатот и за давање шанса за продолжување на работењето“.
Банката, како што се дополнува во информацијата, останува посветена и понатаму да придонесе со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на ‘Еуроникел’ веднаш да ги платат своите обврски“.
Економија
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 % во однос на одлуката од 22.3.2024 година.
Од 26.3.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 85,00 (денари/литар)
моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 87,00 (денари/литар)
дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 44,776 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 не се менува.
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕРОТ БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,979 денари/кг и сега ќе изнесува 44,776 денари/кг.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,028 %.