Контакт

Анализа

Американскиот Fed ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени

Објавено пред


Американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги зголеми во средата, првпат по цела година, клучните каматни стапки за 0,25-процентни поени, во распонот меѓу 0,50 и 0,75 отсто.

Функционерите на американската централна банка Federal Reserve (Fed) проценуваат дека во следната 2017 година каматните стапки би можеле да бидат зголемени уште на трипати за по 0,25-процентни поени. Претходно во септември очекуваа дека каматните стапки ќе бидат зголемени во два наврата.

„Во однос на остварените и очекувани услови на пазарот на труди во доменот на инфлацијата, Комитетот (на Fed)реши да го подигне реперот за федералната есконтна стапка до 0,5/0,75 отсто. Пристапот кон монетарната кредитна политика останува мек и со тоа се поддржува натамошното подобрување на условите на пазарот на трудот и враќањето на 2-процентната инфлација“, се наведува во соопштението издадено по седницата на челниците на Fed, кое го цитира Associated Press.

Ова зголемување на каматните стапки на Fed е првото по една година, од она во декември 2015 година, кога американскиот регулатор ја зголеми каматната стапка од 0 на 0,25-процентни поени, на 0,25 и 0,50 отсто годишно. Претходно основната каматна стапка беше зголемена дури во јуни 2006 година, а од декември 2008 до декември 2015 година таа практично остана на нулата, во опсегот од 0 до 0,25 отсто.

Особено челниците на Fed за операциите на отворениот пазар по заседанието од вторникот и средата очекуваат зголемување на основната каматна стапка во просек од 1,375 отсто. Во септември во централната банка очекуваа зголемување на каматите во 2017 година за 1,125 отсто. Досегашната просечна каматна стапка беше 0,625 отсто.

Зголемувањето на каматните стапки води во зголемување на трошоците на задолжување на компаниите и на граѓаните, но оди во прилог на штедењето. Fed ги зголеми каматите, бидејќи се очекува забрзување на растот на американската економија, како и на инфлацијата, односно потрошувачките цени.

Имајќи предвид дека ваквиот потег на Fed беше долг период очекуван, аналитичарите сметаат дека ова зголемување на каматите веќе е вградено во финансиските пазари, односно во цените на акциите.

Последните седмици токму поради очекувањето дека каматите во САД ќе бидат зголемени, американскиот долар значително зајакна, па неговиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте други најважни светски валути од земјите најголеми американски трговски партнери, се движи близу највисоките нивоа уште од 2003 година.

Притоа, курсот на еврото во однос на американската валута се движи околу,, 1,0600 долари, недалеку од најниските нивоа во последните 20 месеци, бидејќи неодамна Европската централна банка (ECB) порача дека ќе продолжи да води лабава монетарна политика до крајот на 2017 година.

Од друга страна, Fed следната година би можел дополнително да ги зголеми каматите, бидејќи се очекува јакнење на инфлацијата поради растот на цените на нафтата и најавената политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој вклучува намалување на даноците, а зголемување на фискалната потрошувачка.

Поради тоа, сметаат аналитичарите во анкетата на Reuters, може да се очекува натамошно јакнење на доларот и растот на приносите на американските обврзници. А тоа, како што порачуваат, би можело да доведе до одлив на капиталот од пазарите во развој, а прилив на американските финансиски пазари.

Исто така, поради тоа би можело да се случи пораст на трошоците на задолжувањата за многу земји, па следните денови ширум светот со огромно внимание ќе се следат случувањата на финансиските пазари и пораките на функционерите на Fed и од другите влијателни централни банки.

Од Fed, исто така, ги подобрија прогнозите за американскиот бруто домашен производ (БДП), за инфлацијата и за пазарот на трудот во САД во 2016 година. Така, прогнозата за растот на американскиот БДП е зголемена на 1,9 отсто од претходните 1,8 отсто. Покрај тоа, прогнозата за инфлацијата во тековната фискална година е зголемена на 1,5 од 1,3 отсто, а нивото на невработеноста во 2016 година е подобрена до 4,7 отсто од 4,8 проценти според септемвриските прогнози на Fed.

Подобрена е и прогнозата за БДП-то за 2017 година на 2,1 од 2 отсто, а прогнозата за невработеноста за следната година е намалена на 4,5 од 4,6 проценти. Истовремено, прогнозите за инфлацијата во 2017-та се дека ќе биде задржано нивото од 1,9 отсто.

Челниците на Fed не ги изменија прогнозите за 2018 година, така што се очекува раст на БДП-то за 2 отсто, намалување на невработеноста на 4,5 проценти, а ниво на инфлацијата од 2 отсто./крај/мф/сн

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Daily news

Според Дрилон Исени, економскиот раст од 1,5 отсто неостварлив

Објавено пред

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст наспроти последните процени на Светската банка за раст од 1,5 процент.

– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светската банка или 2,5 процента на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика – вели извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени.

Исени и оперативниот директор на Комората, Миљаим Амети, порачуваат државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау, што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

Прикажи повеќе...

Daily news

Богов песимист, не очекува никаков раст годинава

Објавено пред

Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за агенцијата Ројтерс, додавајќи дека нашите превидувања од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички. Тој натаму нагласува дека имајќи предвид оти во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, би „бил среќен ако оваа година ја завршиме со
позитивен економски раст“.

Британската агенција потсетува дека македонската економија лани оствари раст од 2,4
отсто, но во вториот квартал од оваа година БДП падна за 1,9 отсто, што е негово прво
намалување од 2012 година.

Богов во интервјуто натаму наведува дека македонската економија следната година може
повторно да бележи раст, доколку се стабилизира политичката ситуација.

– Доколку имаме целосна политичка стабилност и економски политики од новата Влада,
можеме да очекуваме растот постепено да се врати на трендот што го имавме пред да
западнеме во политичката криза во 2015 година, вели Богов.

Гувернерот на централната банка очекува Владата да продолжи со фискалната
консолидација со цел да го стабилизира буџетскиот дефицит, кој се проценува на околу три
отсто за оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери ангажирани оти имале исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија8 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија8 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион9 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија9 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија9 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет9 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија23 часа

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија1 ден

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија1 ден

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие