Контакт

Анализа

Санкциите ќе ја зголемат цената на енергијата за Европа

Објавено пред

Руското министерство за надворешни работи објави во средата дека најновите економски секторски насочени санкции што ги воведува Европската унија против Русија поради украинската криза, „неизбежно“ ќе доведат до зголемување на цените на енергијата во Европа.
 

Руското министерство за надворешни работи објави во средата дека најновите економски секторски насочени санкции што ги воведува Европската унија против Русија поради украинската криза, „неизбежно“ ќе доведат до зголемување на цените на енергијата во Европа.

 

„Покренувајќи го бранот санкции, Брисел своеволно создава пречки за натамошна соработка со Русија во толку клучна област како што е енергијата. То а е непромислен и неодговорен потег. Тој неизбежно ќе доведе до раст на цените на европските пазари“. Се наведува во изјавата на руската дипломатија.

Европската унија договори нов пакет санкции кои треба да и’ нанесат економски штети на Русија. Станува збор за ограничување на пристапот до европскиот пазар на капиталот за руските банки во кои државата е мнозински акционер, санкции за воено-одбранбениот сектори и мерки коишто се однесуваат на технологијата во нафтениот и гасниот сектор. Европските санкции ќе бидат објавени во четврток, ана сила ќе стапат од петок.

Од санкциите ќе бидат изземени филијалите на руските банки во ЕУ, изјавија во средата неименувани извори од Брисел и од Виена за Reuters. Тоа значи дека најголемата руска банка „Сбербанк“ и банката ВТБ ќе можат нормално да работат во земјите членки на ЕУ, рекол еден од соговорниците на агенцијата, наведувајќи дека Брисел овие исклучоци внимателно ќе ги набљудува за да се спречат злоупотреби.

Овој потег особено претставува олеснување на Австрија каде што се наоѓаат европските централи на двете најголеми руски банки во кои руската држава има удели поголеми од 50 отсто, тврдат изворите на Reuters.

Банката „Sperbank Europe“ има филијали низ централна и источна Европа, откако во 2012 година го откупи источноевропскиот дел од австриската „ Volksbank“, а „VTB Bank“ освен во Австрија, работи и во Германија и ви Франција.

Унгарија и Словачка, исто така, сметаат дека најновите европски санкции не би требало да се однесуваат на руските банки во ЕИ за да не се попречуваат нивните операции на теренот. Европските санкции.

Чешката влада во средата објави дека санкциите против Русија не би требало да и’ штетат на чешката економија, но предупреди дека долготрајната трговска војна меѓу Русија и ЕУ може да доведе до нова Студена војна. „Ниту за ЕУ, ниту за Русија не би било добро вовлекувањето во долготрајна трговска војна, како ниту некоја нова економска и политичка Железна завеса да се појави на источната украинска граница“, истакна чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Чешкиот извод во Русија минатата 2013 година изнесувал 5,67 милијарди евра или 3,7 отсто од вкупниот извоз на оваа земја која од Русија увезува 5,5 отсто од вкупниот увоз. Само мал дел од стоковата размена се однесува на воен материјал./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Daily news

Според Дрилон Исени, економскиот раст од 1,5 отсто неостварлив

Објавено пред

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст наспроти последните процени на Светската банка за раст од 1,5 процент.

– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светската банка или 2,5 процента на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика – вели извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени.

Исени и оперативниот директор на Комората, Миљаим Амети, порачуваат државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау, што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

Прикажи повеќе...

Daily news

Богов песимист, не очекува никаков раст годинава

Објавено пред

Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за агенцијата Ројтерс, додавајќи дека нашите превидувања од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички. Тој натаму нагласува дека имајќи предвид оти во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, би „бил среќен ако оваа година ја завршиме со
позитивен економски раст“.

Британската агенција потсетува дека македонската економија лани оствари раст од 2,4
отсто, но во вториот квартал од оваа година БДП падна за 1,9 отсто, што е негово прво
намалување од 2012 година.

Богов во интервјуто натаму наведува дека македонската економија следната година може
повторно да бележи раст, доколку се стабилизира политичката ситуација.

– Доколку имаме целосна политичка стабилност и економски политики од новата Влада,
можеме да очекуваме растот постепено да се врати на трендот што го имавме пред да
западнеме во политичката криза во 2015 година, вели Богов.

Гувернерот на централната банка очекува Владата да продолжи со фискалната
консолидација со цел да го стабилизира буџетскиот дефицит, кој се проценува на околу три
отсто за оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ43 минути

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 час

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија2 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Македонија3 часа

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да...

Свет3 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија3 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија3 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион4 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа4 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет4 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија5 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет5 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија6 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион6 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија17 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет20 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт20 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија21 час

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Македонија22 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија23 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Досие