Контакт

Економија

Back to school акција во Нептун – големи попусти на лаптоп, смартфони и таблети

Објавено пред

Back to school акција во Нептун. Од 3 до 24 септември големи попусти на лаптоп, смартфони, таблети и IT-опрема или до 24 рати без камата со haPPy кредит и со кредитните картички на НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје, Охридска банка, Халк банка и Дајнерс МК.

На почетокот на школската година подновете се вие и вашите најсакани по одлични цени и со можност за плаќање до 24 рати без камата! Разгледајте ги одличните понуди онлајн на Neptun.mk или во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Изберете од големата понуда на лаптоп, таблети, мобилни телефони и ИТ-опрема. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Samsung, Huawei, Apple, Asus, Acer, Lenovo, HP, Lenovo, Canon, Sony, Xiaomi, Motorola и многу други. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за своите најблиски.

Нептун како најголем малопродажен синџир за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Малопродажната мрежа на Нептун 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија. За онлајн купување и да ги погледнете деталите од акцијата Back to school кликнете на следниот линк: www.neptun.mk.

Економија

Намалено ДДВ кај одредени лекови и кај топлинската енергија

Објавено пред

Владата денеска усвои предлог-одлука со која се намалуваат цените на одреден број лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5% за топлинска енергија за греење.

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.

Прикажи повеќе...

Економија

Од септември повисоки плати во образованието и научните институти

Објавено пред

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплатата за септември 2019 година.

Владата го задолжи министерот за образование и наука, Арбер Адеми, да ги потпише спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.

Со оваа одлука Владата дополнително го задолжи министерот да изготви и решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%, почнувајќи од исплата на платата за септември годинава.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Убедени сме дека Косово во најкраток можен рок ќе ги укине бариерите за компир и мед

Објавено пред

До крајот на неделата Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово треба да испрати извештај до македонската Агенцијата за храна и ветеринарство со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување од Косово.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на средба со косовскиот министер за трговија и индустрија, Ендрид Шала, во Приштина кажа дека откако ќе бидат доставени сите потребни документи од косовска страна тогаш ќе биде донесена одлука со којашто ќе се овозможи увоз на икри и материјал за порибување од Косово.

„Јас утре писмено ќе го известам министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала, дека во моментот кога тие ќе ги достават тие документи, ние ќе им дозволиме да увезуваат икра и подмладок во Северна Македонија. Очекувам откако ќе го добијат писмото тие да ги укинат бариерите за компир и за мед“, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека мерката не е преземена само за Косово, туку е мерка преземена за сите земји што не спроведуваат активен и пасивен мониторинг во врска со рибните производи.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, вели дека неопходно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи.

„Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија“, нагласи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Hitech3 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија10 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија12 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија13 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија14 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија15 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет15 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет15 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет15 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет16 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија16 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет1 ден

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион1 ден

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа1 ден

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ1 ден

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ1 ден

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија2 дена

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Досие