Контакт

Берзи

Аналитичарите категорични: Нафтена криза ќе има за неколку месеци

Објавено пред

Меѓународната енергетска агенција прoгнозира дефицит на пазарот на нафтата, кој може да се случи уште во првата половина на 2017 година.

Притоа овој недостаток на “црното злато” ќе се појави, иако растат светските резерви. Според податоците на МЕА, резервите на нафта, во најбогатите земји од светот, во јануари за прв пат од јули мината година се зголемија за – 48 милиони барели и сега изнесуваат 3.03 милиони барели.

Според експертите, за намалувањето на резервите ќе биде потребно време односно да се намали производството на земјите-извознички.

Договорените услови за намалување на производството од 1.2 милиони барели дневно беа исполнети уште во првата половина на оваа година. Членките на ОПЕК во февруари имаа производство рангирано на 91% . Картелот ги задржи овие ограничувања до јуни месец. На пазарот може да демонстрира наводен дефицит од 500 000 барели дневно. За оние кои чекаат враќање на балансот на нафтениот пазар, тоа значи дека е потребно да имаат уште малку трпение, сметаат во МЕА.

Производството на земјите од ОПЕК во февруари изнесува 31,958 милиони барели дневно. Тоа е за околу 139.5 илјади барели помалку во однос на јануари. Според податоците на Саудиска Арабија, во февруари производството на нафта во земјата е зголемено за 263,3 илјади барели дневно, достигнувајќи 10,011 милиони барели. Цената на нафтата сепак нагло падна по појавата на податоците за екстракција и одбивањето на ОПЕК да го продолжи договорот. Покрај тоа, падот на цената на барел од видот Brent на 51,5 долари не е катастрофа, а многумина прогнозираат раст во блиска време. /крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија10 минути

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска,...

Регион17 минути

Гоци: Вучиќ не може да го држи Западниот Балкан како заложник

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП) и пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Сандро Гоци денес изјави дека српскиот претседател...

Забава41 минута

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет56 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија1 час

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија2 часа

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника2 часа

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....