Контакт

Берзи

Волстрит: Продолжува растот на цените на акциите

Објавено пред

На Волстрит во средата цените на акциите се зголемија, иако челниците на американската централна банка Federal Reserve (Fed) посочија дека сметаат дека забрзувањето на растот на економијата би можело да предизвика инфлација и зголемување на каматните стапки.

Индексот Dow Jones забележа раст од 0,3 отсто, на 19.942 бодови, додека S&P 500 порасна за 0,57 отсто, на 2.270 бодови, a Nasdaq индексот за 0,88 отсто, на 5.477 бодови.

Во вториот ден од новата година цените на акциите пораснаа, и тоа во 9 од 11 најважни сектори S&P 500 индекси. Пад забележаа само цените во телекомуникацискиот и енергетскиот сектор.

Најголем раст пак е забележан во рударскиот и во секторот на производство за широката потрошувачка, и тоа за повеќе од 1,3 отсто.
Цените на акциите продолжија да се движат во нагорна линија, со кратки прекини кои траат од 8 ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа.

Инвеститорите ги поттикнува надежта дека плановите на Трамп во врска со намалувањето на даноците, зголемувањето на фискалната потрошувачка, инвестициите во инфраструктурата и олабавената регулатива во одредени сектори ќе придонесат за забрзување на економскиот раст.

Меѓутоа тоа би можело да го стимулира и растот на инфлацијата, поради што американската централна банка во наредниот период би можела да го забрза темпото за зголемување на каматните стапки. На тоа предупредија некои од членовите

На тоа предупредува некои лидери на Fed, покажа вчерашниот објавен записникот од нивната неодамнешна седница.

“Некои од должностите на Fed се фокусирани на планираните промени во фискалната политика, и намалување на даноците и трошоците за инфраструктура. Сепак, ова немаше значително влијание на пазарот, бидејќи тие само го потврдија она што се очекува на пазарот”, вели Крис Закарели, директор на компанијата „Cornerstone Financial Partners“.

Рекордно ниски каматни стапки го поддржаа растот на S&P 500 индексот од финансиската криза во 2008 година на 200 отсто, но некои инвеститори стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки може да го попречи понатамошниот раст на цените на акциите, и ги загрижува и прашањето дали Конгресот ќе ги прифати плановите на Трамп за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и дерегулација во одредени сектори. /крај/мф/дѓс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет1 минута

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран

Американската војска подготвува опции за продолжување на големи борбени операции против Иран, иако претседателот Доналд Трамп во моментов не покажува...

Спорт3 минути

Џака доби парична и условна казна

Гранит Џака, швајцарскиот репрезентативец и играч на Сандерленд, ја дозна казната за фалсификуван тест за Ковид во 2022 година. Тој...

Свет31 минута

(Видео) Трамп му врачи медал за наука на Илон Маск: „Тој е нашиот современ Томас Едисон“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му го врачи престижниот Национален медал за наука на директорот на „SpaceX“, Илон Маск, на...

Економија37 минути

Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната...

Спорт44 минути

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера,...

Македонија1 час

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт1 час

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава1 час

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет1 час

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...