Контакт

Берзи

Доларот благо зајакна трета седмица по ред

Објавено пред

На светските валутни пазари американскиот долар во однос на кошницата валути зајакна и минатата, трета седмица по ред, но многу благо додека вложувачите се обидуваат да сфатат каква политика ќе води Вашингтон во однос на даноците, царините и валутните курсеви.

 

Курсот на еврото во однос на американската валута се лизна минатата седмица за 0,4 отсто, на 1,0570 долари, а во ден момент, првпат по чест недели, потоа и под нивото од 1,05 долари.

Во однос на јапонската валута, пак, цената на доларот минатата седмица падна за 0,7 отсто, на 112,10 јени, а во еден момент првпат во две седмици се симна и под 112 јени.

И покрај подот во однос на јенот, индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на шеста најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, минатата седмица скокна за 0,1 отсто, на околу 101,10 поени.

Јакнењето на доларот кон кошницата валути, меѓу другото, е и последица од слабеењето на еврото кое е под неизвесности пред претседателските избори во Франција, кој се одржуваат во втората половина на април, а во анкетите води Марин Лепен, лидерка на крајната десница која најавува излегување од еврозоната и враќање на националанта валута – францускиот франк, па дури и можно напуштање на Европската унија.

Вложувачите се внимателни и поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во кој Кина ја нарече голем шампион на валутните манипулации. Тоа, како и претходните негови изјави за воведувањето царини на производи увезени од Кина, сигурно не оди во прилог на трговските односи меѓу двете најголеми светски економии.

Вниманиетона вложувачите гои привлекоа и пораките на министерот за финансии на САД, Стивен Мначин, кој реле дека сите мерки кои новата влада ќе ги преземе веројатно нема да имаат поголемо влијание оваа година, иако посакува даночната реформа да биде усвоена пред август.

Рече, исто така, дека во долгорочна перспектива силниот долар е „добра работа“.

„Мислам дека коментарите на министерот за пазарите општо земено се неутрални. Тока сега алудираше на долгорочните изгледи за доларот, а неодамна сигнализираше дека краткорочно пресилниот долар би можел да има негативни последици“, вели за Reuters Масаши Мурата, валутен аналитичар во „Brown Brothers Harriman“.

Во фокусот на инвеститорите кон половината на седмицата беше и записникот од седницата на американската централна банка Federal Reserve (Fed), кој аналитичарите различно го толкуваа.

Записникот покажа дека многу челници на Fed сметаат согласно наскоро да се подигнат каматните стапки, но и дека многумина гледаат само скромен ризик од јакнењето на инфлацијата, и оти Fed најверојатно ќе има доста време да реагира во случај на јакнењето на притисокот на растот на цените.

„Се чини дека има два спротиставени табора, кога станува збор за толкувањето на записникот од седницата на Fed. Едниот чита сигнали во насока на заострување, а другиот во насока на попуштање на монетарната политика, а изгледа дека и овој вториот засега победил“, вели Бил Нортни, главен инвестициски стратег во „U.S. Bank“./крај/мф/сн

Најново

Црна хроника27 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија30 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија35 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија46 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт48 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет1 час

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет1 час

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија2 часа

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...