Берзи
Корекција на МСЕ

Индексот МБИ10 ја намали во петокот својата вредност за 1,16 отсто и моментално изнесува 2.244,91 индексни поени, додека индексот ОМБ беше без промена.
Вкупниот промет на Македонската берза последниот ден од трговската седмица изнесуваше 3,8 милиони денари, и тие беа реализирани во 45 трансакции при што се тргуваше 15 хартии од кои дури 11 беа во негативна територија.
Најголем поединечен пад забележаа акциите на Фустеларко Борец Битола (9,09 отсто), РЖ Макстил (-6,34 отсто), Охридска банка (-2,99), Тетекс (-2,94 отсто).
На спротивната страна се најдоа акциите на Сковин со раст од 11 отсто, РЖ Услуги (+5,12), Топлификација (+3,42) и Бетон Скопје (+0,65)
Единствена акција која оствари промет над милион денари беше акцијата на Комерцијална банка (1,7 милиони) со истргувани 645 лотови по просечна цена од 2.761,91 денари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Daily news
По потопот на Волстрит, голем пад на цените на акциите и на европските берзи

Цените на акциите на европските берзи забележаа остар пад следејќи го намалувањето на индексот на Волстрит и другите светски берзи. Вложувачите стравуваат од засилување на инфлација и зголемување на каматните стапки.
„STOXX 600“ индексот, кој е водечки на европската берза, падна за 2,6 проценти забележувајќи пад седми ден по ред. Лондонскиот „FTSE“ падна на 7.192 поени, додека парискиот „CAC“ лизна за 1,85 проценти на 5.185 бодови, а франкуртскиот DAX за 2,05 проценти на 12,434 бодови.
Падот на цените на европската берза следи по потопот на Волстрит, каде индексот „Dow Jones“ и „S&P 500“, вчера потонаа за повеќе од 4 отсто, што е нивен најголем дневен пад од 2011 година, кога на пазарите владееше паника поради должничката криза во еврозоната и намалување на кредитниот рејтинг на САД.
Daily news
Измени на правилата за тргување на Македонската берза

Наместо досега применуваниот период на порамнување од три работни дена (Т+3) од денот на склучување на трансакцијата, според правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје, се воведува период на порамнување од два работни дена (Т+2) од денот на склучување на трансакцијата, одобри Комисијата за хартии од вредност на 130-тата седница со која претседаваше Елизабета Чингаровска.
Со примената на ваков стандарден период на порамнување Т+2 македонскиот пазар на хартии од вредност ја следи праксата на порамнување што важи на европските регулирани пазари.
На овој начин се очекува да се намали потребата од барање специјален ден на порамнување, да се динамизира тргувањето и да се зголеми ликвидноста на пазарот, да се овозможи побрз тек на парите на инвеститорите и пренос на хартиите од вредност. Исто така, воведувањето Т+2 е од особена важност за СЕЕ линк-платформата.
Ваквата корекција на правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје е во согласност со Законот за хартиите од вредност, кој го регулира времето на порамнување на трансакциите и нормира дека порамнувањето може да се врши веднаш, но не подоцна од три работни дена од денот на склучувањето на трансакцијата.
На денешната седница Комисијата за хартии од вредност обнови една дозвола за работење на инвестициски советник.
Daily news
Цените на нафтата највисоки во последните три години

Цените на нафтата на светските берзи достигнаа највисоко ниво во последните три години, што е последица на падот на курсот на доларот.
На лондонската берза цената на барелот минатата недела порасна 2,7 отсто – на 70,52 долари, а во еден момент достигна и до 71,28 долар, што е највисоко ниво од декември 2014 година.
На американскиот пазар барелот поскапе 4,3 отсто и достигна до речиси 66,66 долари, што е највисоко ниво во последните три години.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“