Контакт

Берзи

Нов голем пад на вредноста на фунтата

Објавено пред

 

Британската фунта во понеделникот падна на најниско ниво од октомври во пресрет на очекуваниот говор на премиерката Тереза Меј најавен за во вторникот, кога преседателката на владата ќе ги престави деталите од планот за преговори за излезот на Велика Британија од ЕУ.

 

Фунтата ова утро на азиските берзи забележа пад од 1,6 отсто, што е под нивото од 1,19 на доларот, откако бритаските медиуми објавија дека приоритет во преговорите на Велика Британија за излезот од ЕУ ќе биде контрола врз имагинацијата. Во однос на еврото фунтата е ослабена за повеќе од 1 отсто, на околу 1,13 евра, што е најниско ниво во последните два месеци.

 

Од изгласувањето на Брегзит на 24 јуни минатата година, фунтата во однос на доларот забележа пад од 20 отсто. Најголемиот дел од оваа загуба е влијанието на неизвесноста на финансиските пазари во случај кога Велика Британија ќе го изгуби бесцаринскиот пристап на европскиот пазар. Меј изјави дека граѓаните кои гласале за Брегзит, сакаат Велика Британија да ја поврати контролата врз своите граници.

 

Дополнителен притисок на фунтата создаде и изјавата на британскиот министер за финансии Филип Хамонд за германскиот весник “Welt am Sonntag”, дека британската економија веројатно ќе треба да се менува во случај да остане без пристап до единствениот европски пазар на британската економија, но додаде и дека Лондон “ќе направи се што е потребно да останат конкурентни на глобалниот пазар“. крај/мф/дѓс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија8 минути

„Халкбанк“ со донација од 30.000 евра ја реновираше читалната на Економскиот факултет во Скопје

Со цел создавање уште подобри услови за учење, истражување и стекнување знаење за студентите, денес на Економскиот факултет во Скопје...

Македонија15 минути

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“. –...

Спорт18 минути

Турција му врачи отказ на Монтела

Винченцо Монтела повеќе не е селектор на Турција, му пресудија лошите резултати на Светското првенство и Лигата на нации. На...

Спорт25 минути

Згасна КК Монако

АС Монако Баскет објави дека повеќе не е во можност да ги исполнува своите финансиски обврски и затоа ќе ги...

Македонија40 минути

(Видео) Јанчев: Со европско знаменце се турка закон што ја загрозува заштитата на животната средина

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната собраниска седница посочи на три клучни проблеми во Предлог-законот за изменување и дополнување...

Култура41 минута

Самостојна изложба на младата уметница Арбана Дехари од Тетово во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 8 октомври (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на...

Македонија48 минути

Приведен вишиот обвинител од Битола, при претресите одземени шест телефони и компјутер

Вишиот јавен обвинител од Битола, против кого Обвинителството поведе постапка поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, е лишен...

Црна хроника1 час

Затвореник избегал од затворот во Струмица, утредента ја грабнал сопругата

Затвореник избегал од затворот во Струмица, а нaредниот ден ја грабнал и ја нападнал неговата невенчана сопруга. Според информациите на...

Црна хроника1 час

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Маж и жена предизвикале пожар во Горно Соње. Правеле ајвар, а пепелот го истуриле во близина на куќата, а во...