Контакт

Берзи

На Волстрит S&P 500 паѓа втор ден по ред, Nasdaq благо зајакна

Објавено пред

На њујоршки Волстрит во средата индексот S&P 500 забележа пад втор ден по ред поради послабите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите, додека индексот Nasdaq благо порасна благодарејќи на силниот скок на цената на акцијата на Apple.

Така на тргувањето во средата во Њујорк, индексот Dow Jones ослаби за 0,16 отсто, на 15.542 поени, индексот S&P 500 падна за 0,38, на 1.685 поени, додека, пак, индексот Nasdaq зајакна за 0,01 процент, на 3,579 индексни поени.

Залетот на индексот Nasdaq дојде благодарејќи на скокот на цената на акцијата на американскиот технолошки гигант Apple за повеќе од 5 отсто, бидејќи компанијата ден претходно извести за подобри од очекуваните деловни резултати во второто тримесечје од 2013 година.

Забележливо е дека индексот S&P 500 втор ден по ред паѓа, откако во понеделникот достигна ново рекордно ниво. Тоа е последица на падот на цените на акциите во 9 од 10-те сектори што го сочинуваат овој индекс. Притоа, најмногу, и тоа за 1,6 отсто, падна секторот на услугите, а следеше енергетскиот сектор со загуба од 1 процент.

Бидејќи во текот на вчерашниот ден немаше позначајни макроекономски извештаи од светот, цените на акциите беа насочени од деловните квартални извештаи на компаниите.

Така, разочараа резултатите на „Caterpillar“, па цената на акцијата на најголемиот светски производител на тешка машинерија падна за 2,4 отсто, додека акцијата на телекомуникацискиот гигант AT&T од истата причина падна за 1,2 отсто. Падна за 0,8 отсто и цената на акцијата на „Boeing“, меѓутоа дури откако го достигна рекордното ниво, благодарејќи на подобрите резултати отколку што беа проценувани.

Меѓу најголемите добитници, со скок на цената од повеќе од 20 отсто, беше акцијата на „Facebook“, откако оваа социјална мрежа извести за раст на приходите во вториот годинешен квартал за повеќе од 50 отсто во однос на истиот период во минатата 2012 година.

Од 169-те компании коишто влегуваат во составот на индексот S&P 500, коишто досега ги објавија своите деловни резултати за периодот од април до јуни, 65,7 отсто од нив ги натфрлиле очекувањата на аналитичарите кога станува збор за заработките, а 53,3 отсто и во доменот на приходите. Меѓутоа, иако резултатите на повеќето компании ги надминаа процените на економските експерти, цените на акциите не успеваат позначително да порастат поради тоа што очекувањата се многу ниски.

Во анкетата на Reuters, се очекува дека компаниите од составот на индексот S&P 6500 во вториот квартал ќе остварат добивка за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот минатогодишен период, додека приходите би можеле да се зголемат за 1,1 отсто.

„Инвеститорите се претпазливи. Солидните резултати на компаниите ни дадоа поттик за купување кон половината од месецот, но ќе биде тешко да се одржи залетот,. Мислам дека поттикот од деловните извештаи веќе е искористен“, вели за Thomson Reuters Питер Јанковскис, директор во компанијата „OakBrook Investments“.

На одредена претпазливост на инвеститорите укажува и потпросечниот дневен обем на тргувањето на американските берзи, бидејќи на Волстрит, Насдак и NYSE MKT во средата сопствениците ги заменија 6,2 милијарди акции, додека просечниот дневен обем за 2013 година се движи околу 6,4 милијарди акции./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија14 часа

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет14 часа

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 отсто кај децата на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето симптоматски инфекции кај деца на...

Свет18 часа

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија18 часа

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија20 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ21 час

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет23 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион2 дена

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија2 дена

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ2 дена

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија2 дена

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија2 дена

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа2 дена

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија2 дена

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ2 дена

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет2 дена

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет2 дена

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет2 дена

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Досие