Контакт

Берзи

МБИ 10 се намали 0,20 отсто

Објавено пред

На Македонската берза во вторникот остварен е промет од редовното тргување од 3.083.540,00 денари (49.988,98 евра) од кои 3.081.040,00 денари се остварени на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар се истргувани хартии од вредност во вредност од 2.500,00 денари.

 

 

Прометот од  редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 34,80% во споредба со претходниот трговски ден.

 

Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Скопски пазар Скопје со промет од 1.048.650,00 денари.

 

На Официјалниот пазар најголем пораст на 08.07.2014 година забележаа акциите на Прилепска Пиварница Прилеп со процентуален пораст на просечната цена од 2,98%.

 

На 08.07.2014 година на Македонската берза се склучи една администраторска блок трансакција и тоа: 76 обични акции на Фершпед Скопје(FERS) по цена од 250.000,00 денари за една акција, што претставува 0,42% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 19.000.000,00 денари. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ3 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион3 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија3 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион4 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија8 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија8 часа

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија9 часа

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија9 часа

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија9 часа

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија9 часа

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион20 часа

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет22 часа

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион24 часа

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија1 ден

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија1 ден

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 ден

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 ден

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалицираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Досие