Контакт

Берзи

Пожарите во Канада и тензиите во Либија ги кренаа цените на нафтата

Објавено пред

Цените на нафтата пораснаа во четврток на меѓународните берзи, бидејќи пожарите во Канада и ескалацијата на тензиите во Либија ја зголемија загриженоста на инвеститорите во врска со снабдувањата во краткорочна перспектива.

На лондонската берза цената порасна 1,11 американски долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,73 долари. На американската берза барелот се тргуваше по 1,36 долари повисока цена, од 45,14 долари.„Разликата во однос на пазарната состојба пред една година се огледа во тоа што во цените почнуваат да се вкалкулираат и прекините во снабдувањето“, оценува Оливер Џејкоб од компанијата  Petromatrix.Во Канада заради пожарите се евакуирани сите жители на Форт МекМари. Некои нафтоводи во покраината Алберта се затворени, додека испораките од одделни постројки се намалени, иако сѐ уште не е утврдено точно колку. Од инвестициската компанија ETF Securities е наведено дека заради непланираните застои на снабдувањето од членките на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК), вклучувајќи ја и Либија, производството е намалено за повеќе од два милиона барела дневно.Либиското производство би можело и дополнително да биде намалено заради тензиите меѓу политичките фракции на истокот и западот на земјата.Американското производство и натаму опаѓа, а новите официјални податоци покажуваат намалување за повеќе од осум отсто од средината на минатата година, на 8,83 милиони барели дневно.ОПЕК во четврток не објави цена на својата референтна кошничка на неговата нафта заради верските празници во Австрија и Германија. Во вторникот изнесуваше 41,02 долари и беше 1,45 долари пониска од почетокот на неделата. /крај/он/ст

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија9 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија10 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија10 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија11 час

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија12 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија13 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет13 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија14 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет14 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет17 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија17 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет18 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет18 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет19 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија19 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија1 ден

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 ден

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 ден

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија1 ден

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Досие