Контакт

Берзи

Вестите од Фед ги подигнаа индексите на Волстрит

Објавено пред

Цените на акциите на Волстрит во понеделник пораснаа, откако претседателот на американската централна банка(Фед) Џенет Јелен и натаму искажува оптимизам во врска со американската економија, но не најави зголемување на каматите.

dobivaj vesti na viber

Dow Jones зајакна 0,64 отсто, на 17.920 бодови, додека S&P 500 порасна 0,49 отсто, на 2.109 бодови, а Nasdaq индексот 0,53 отсто, на 4.968 бодови.S&P 500 индексот го достигна во понеделник највисокото ниво во последните седум месеци, па сега е само 20-сеттина бодови оддалечен од највисокото ниво во историјата, достигнато во мај минатата година.Тоа е благодарение на оптимистичките коментари на Јелен во врска со растот на економијата.Јелен извештајот за вработувањата во САД во мај го нарече разочарувачки, но додаде дека не треба да му се придава премногу значење на само еден извештај.До петокот се сметаше дека постојат големи шанси Фед да ги зголеми каматните стапки во јуни или јули, но откако беше објавен слабиот извештај од американскиот пазар на труд, тие шанси спласнаа, па многу аналитичари сметаат дека каматните стапки би можеле да бидат зголемени дури на есен, што краткорочно оди во прилог на берзите. /крај/он/ст

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

dobivaj vesti na viber

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

dobivaj vesti na viber

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

dobivaj vesti na viber

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

Лавров: Америка сака да ја уништи Русија, сакаат целиот свет да го претворат во свој двор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати пред Генералното собрание на ОН и во својот говор истакна дека...

Свет55 минути

(Видео) Најмалку пет лица се повредени во пукање во забавен парк во Америка

Најмалку пет лица се повредени, од кои двајца од истрели од огнено оружје, откако избила престрелка во забавен парк во...

Свет1 час

Филипинските власти започнаа евакуација-Доаѓа супертајфун, брзината на ветерот од час во час се засилува

Филипинските власти почнаа да ги евакуираат луѓето од крајбрежните области додека главниот остров Лузон, вклучително и Манила, се подготвува за...

Свет1 час

Северна Кореја лансираше балистичка ракета-Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени...

Европа1 час

Избори во Италија, според анкетите десницата е фаворит

Во Италија денеска се одржуваат парламентарни избори кои според последните анкети ќе доведат на власт десничарска коалиција од која Брисел...

Европа2 часа

Зеленски до Русите: „Предадете се, Путин ве испраќа во смрт“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати на руските граѓани, рече дека нивниот претседател Владимир Путин свесно испраќа „граѓани...

Македонија14 часа

Членови на ДУИ: Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика револт

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за...

Европа15 часа

Шолц: Гладот ​​е голема опасност, Русија нема да победи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата неделна порака до граѓаните истакна дека Русија нема да победи во војната во...

Македонија16 часа

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тема на годинешната...

Европа16 часа

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции. Со пакетот...

Топ17 часа

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице...

Европа17 часа

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Кина ги обвинува Соединетите Држави дека испраќаат „многу погрешни и опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Европа20 часа

Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја...

Македонија21 час

(Видео) Каевски: Мицкоски се уште молчи за неговата улога во спорниот тендер, институциите да го расчистат случајот

„Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната...

Македонија22 часа

(Видео) Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на МЗШВ

„Официјалната страница за МЗШВ веќе десетина дена не е во функција, а од министерството се правдаат дека се под хакерски...

Европа22 часа

Путин не блефира за нуклеарното оружје, велат од ЕУ

Европската унија мора сериозно да ги сфати заканите на Владимир Путин за да може да користи нуклеарно оружје во војната...

Регион23 часа

(Видео) Грабар-Китаровиќ: Путин повеќе би сакал да умре отколку да признае пораз

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на Глобалната сцена одржана во седиштето на ОН пред неколку дена одговори на прашањето...

Свет1 ден

Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските...

Европа1 ден

Сијарто: Нема да поддржиме антируски санкции во енергетскиот сектор

Будимпешта нема да поддржи антируски санкции во енергетскиот сектор, вклучително и во областа на нуклеарната енергија, бидејќи тоа може да...

Македонија1 ден

Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ПСЈИЕ

На маргините на 77 – та сесија на генералното собрание на ОН, министерот Бујар Османи учествуваше на традиционалниот состанок на...