Контакт

Берзи

Внимателност на европските берзи пред референдумот во Шкотска

Објавено пред

Цените на акциите на европските берзи се движат во петокот во многу тесен распон бидејќи инвеститорите се воздржани во пресрет на шкотскиот референдум за независност и седницата на американски Фед.

 

 

Индексот на 300 водечки европски акции FTSEurofirst околу 13.00 часот беше во плус 0,1 отсто, на 1.385 поени, што е негов прв плус за пет дена.

 

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,1 отсто, на 6.808 поени, фофека франкфуртски DAX ослабна 0,3 отсто, на 9.663 поени, а париски CAC 0,15 отсто, на 4.434 поени.

 

Инвеститорите се внимателни бидејќи наредната недела во Шкотска ќе биде одржан референдум за отцепување од Велика Британија. Според најновите анкети, 52 отсто од испитаниците би гласале за останување во обединетото Кралство, а 48 отсто би гласале за независнот.

 

Поради тоа нешто спалснаа стравувањата заради псоледиците од отцепување, но доколку Шкотите, сепак, се изјаснат за незавинсот, тоа би можело да и наштети на британската економија, но и да предизвика политички превирања во Европа.

 

Во четвртокот на пример илјадници Каталонци ги преплавија улиците на Барселона барајќи свое право на изјаснување за отцепување од Шпанија.

 

„Присутни се многу колебања во моментот, инвеститорите не се склони да ги менуваат позициите пред шкотскиот референдум. Внимателни се и поради седницата на американски ФЕД наредната недела која навистина би можела многу да го промени текот на играта“, вели Андреа Туени, аналитичар во Saxo.

 

Со недели се шпекулира дека челниците на американската централна банка на седницата наредната недела би можеле да заземат поцврст став околу монетарната политика. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на 5 нови природни реткости: Киселичка пештера, Чинар –...

Свет1 час

Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион2 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија2 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет4 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет4 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет4 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион5 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа5 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет17 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија19 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа20 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион21 час

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет22 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет23 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ23 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија24 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија1 ден

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Досие