Контакт

Берзи

Заедничката компанија на Бугарската, Загрепската и Македонската берза ќе потпише Договор за грант ЕБОР

Објавено пред

Компанијата СЕЕ ЛИНК ДОО Скопје, којашто Бугарската, Загрепската и Македонската берза во понеделник   ќе потпише Договор за грант со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за финансирање на овој регионален проект.

 

Церемонијата на потпишување на Договорот за грант ќе се одржи на во просториите на Македонска берза АД Скопје.

На настанот ќе бидат присутни директорите на трите берзи – основачи на СЕЕ ЛИНК – Иван Такев (Бугарска берза), Ивана Гажиќ (Загрепска берза) и Иван Штериев (Македонска берза), како и г-динот Јацек Кубаш, Советник во кабинетот на Претседателот на ЕБОР. 

Средствата од фондовите што ќе ги обезбеди грантот на ЕБОР значително ќе придонесат за успешна реализација на овој проект што ќе им го олесни пристапот на инвеститорите до регионалните пазари и ќе придонесе за зголемување на визибилноста на берзите – учеснички во проектот и хартиите од вредност кои се тргуваат на истите.

Трите берзи ја  основаа заедничката компанија во мај оваа година со цел креирање на соодветна заедничка платформа за тргување со акциите што котираат на овие берзи. /крај/

Берзи

Еврото ослабе во однос на доларот

Објавено пред

Еврото падна во однос на доларот на меѓународните пазари, со оглед на тоа дека продажбата на акциите на европските пазари ја зајакна побарувачката за јенот и франкот.

Еврото падна 0,2 отсто, на 1,1429 долар ова утро. Во претходното тргување неговата цена се зголеми на 1,1472 долар, што е највисоко ниво за две недели.

Инвеститорите ги загрижува развојот на ситуацијата во кинеско-американскиот трговски план, преговорите за брегзитот и продажбата на акциите на американскиот пазар.

Поради стравувањата од забавување на кинеската економија, утринава под притисок се најде и австралискиот долар, кој исто така беше ослабен во однос на американскиот долар. Јенот зајакна спрема доларот 0,2 отсто, па доларот се продаваше за 112,33 јени. Цената на франкот се зголеми 0,3 отсто во однос на еврото, кое се тргуваше за 1,1344 франк.

Прикажи повеќе...

Берзи

Европските берзи бележат драстичен пад

Објавено пред

Тргувањето на европските берзи утринава почна со драстичен пад на најважните индекси под влијание на острите корекции на цената на нафтата и одлуката на италијанската влада да го игнорира барањето на Европската комисија да го ревидира својот буџетски предлог за в година.

Цените на нафтените компании се намалија во просек 1,9 отсто, а на рударските компании 2,1 отсто.

Трговците ги следат трендовите на пазарите на нафта по вчерашното намалување на цените на американскиот пазар повеќе од 7 отсто, што е најголема дневна загуба во последните две и пол години. Утрово се намали уште 0,5 проценти, на 55,40 долари, што е најниското ниво во една година.

На лондонскиот пазар цените за барел, по вчерашното опаѓање од 6,8 отсто, ова утро се намалија 0,2 отсто, на 65,35 долари, блиску до најниското ниво за осум месеци.

Прикажи повеќе...

Берзи

Максимално јакнење на доларот во последните десет недели

Објавено пред

Вредноста на доларот достигна 10-неделен максимум во петокот, додека инвеститорите очекуваа да видат дали податоците за економскиот раст ќе доведат до прекин на едномесечното зајакнување на националната валута.

Шпекулациите дека американските каматни стапки следната година ќе бидат зголемени поагресивно од очекуваното ќе влијаат на зајакнувањето на доларот во однос на еврото.

Федералните резерви се очекува да ги зголемат каматните стапки за 25 базични поени во декември.

Индексот на доларот се зголеми за 0,1 отсто во споредба со кошницата на валутите, на 96,749 поени, што е највисоко ниво од 16 септември.

Еврото, пак, падна на 10-неделен минимум од 1.135 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 час

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија2 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ3 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија4 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет5 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија5 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија5 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион6 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа6 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет6 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија7 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет7 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија8 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион8 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија19 часа

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет22 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт22 часа

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Македонија22 часа

Новинарите ќе добијат бесплатни тестови на коронавирус

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за...

Досие