Контакт

Економија

Божиновска: Историска енергетска конекција, Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод

Објавено пред

Денеска се одржа историски настан за македонскиот енергетски сектор со поставувањето на камен темелник на 400 kV далекуводот од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница. Овој капитален проект е стратешка интерконекција која ја заокружува електроенергетската поврзаност на Северна Македонија со сите соседи и ја зацврстува позицијата на земјата како доверлив партнер во регионалната енергетика, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На настанот присуствуваа: претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска; албанскиот министер за енергетика, Енеа Каракачи; претставници на ЕБОР, ЕУ и локалната самоуправа, како и менаџментот и проектните тимови на АД МЕПСО.

„Денеска стоиме пред проект кој ја одбележува иднината на македонскиот енергетски систем. Со 400 kV интерконективниот далекувод ја засилуваме преносната мрежа, го зголемуваме капацитетот за пренос и ја зацврстуваме нашата позиција во регионалните енергетски текови. Овој проект е порака до инвеститорите, дека нашата преносна инфраструктура е подготвена за идната економија и зелена транзиција“, истакна Божиновска во својот говор.

Проектот, како што е наведено во соопштението, не само што ја зголемува сигурноста и стабилноста на електроснабдувањето туку овозможува поголема интеграција на обновливи извори на енергија, поттикнува инвестиции во енергетскиот сектор и го затвора единствениот отворен крак во националниот преносен систем.

Историјата на проектот покажува дека преку стратешки одлуки на МЕПСО, 51,2% од опремата е веќе обезбедена и ќе биде користена од новоизбраниот изведувач, што обезбедува континуитет на инвестицијата и заштита на државниот интерес.

Со оваа интерконекција, Северна Македонија и Албанија го јакнат регионалното партнерство, овозможуваат стабилна размена на зелена енергија и испраќаат јасна порака за доверливост во европските енергетски политики.

Проектот опфаќа изградба на далекувод со должина од 97,5 км на македонска територија, поставен на 269 челично решеткасти столбови, трансформаторска станица во близина на Охрид и далекуводно поле во ТС Битола 2, со рок на извршување од 900 дена (30 месеци).

Проектот е финансиран и поддржан од меѓународните партнери, меѓу кои и ЕБОР и ЕУ, и е примарен дел од регионалниот енергетски Коридор 8.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,227 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата го усвои националниот план за енергија и клима 2025–2030

Објавено пред

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики, соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската заедница и европската регулатива.

Со вкупно 61 конкретна мерка, Планот опфаќа:

· 26 мерки за декарбонизација,

· 20 за енергетска ефикасност,

· 3 за енергетска безбедност,

· 11 за внатрешен пазар на енергија и

· 1 за истражување, иновации и конкурентност.

Фокусот е јасен – намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на обновливите извори на енергија и значително подобрување на енергетската ефикасност“.

Во наредниот период, како што е наведено во соопштението, државата ќе преземе конкретни чекори за: засилени инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија, воведување систем за цена на јаглерод, согласно европските стандарди, развој на складирање на енергија и модерна енергетска инфраструктура, постепено напуштање на јагленот како енергенс.

Паралелно, се зајакнува енергетската безбедност преку диверзификација на изворите, регионална соработка и нови интерконекции, како и понатамошна либерализација и интеграција на пазарот на електрична енергија.

„Планот е резултат на широк и транспарентен процес во кој учествуваа институции, експерти, академската заедница, приватниот сектор и меѓународни партнери. Во неговата подготовка се вградени и препораките на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и најновите европски политики.

За документот е спроведена и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, која ги анализира ефектите врз воздухот, водите, почвата, биодиверзитетот, климатските промени и здравјето на граѓаните. Извештајот е прифатен од надлежните институции, по спроведени јавни расправи и консултации, вклучително и со соседните држави.

Со имплементацијата на Планот се очекува значително подобрување на квалитетот на животната средина, поголема енергетска стабилност и независност, нов инвестициски циклус во енергетиката, забрзана зелена транзиција и економски развој.

Овој документ е јасна визија за енергетската иднина на државата, во која одржливоста, иновациите и европските стандарди стануваат реалност“.

Прикажи повеќе...

Економија

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Објавено пред

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари.

Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад.

САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот.

По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти.

Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки.

Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот.

Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив.

Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од...

Македонија24 минути

(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор

Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот...

Македонија35 минути

Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во...

Црна хроника48 минути

Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци

Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска...

Црна хроника52 минути

19-годишник го претепал внукот од сестра

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено...

Црна хроника55 минути

Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец

Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...

Македонија1 час

Ѓорѓиевски демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега ги обвинува вработените во „ЈСП Скопје“ дека со своите тужби го „блокираат“ претпријатието, велат од Левица

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, демонстрира недозволиво ниво на ароганција и неодговорност, сега обвинувајќи ги вработените во ЈСП Скопје...

Економија1 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Спорт1 час

Рој Кин: Керик не е тренер за Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, го критикуваше Мајкл Карик по поразот од Лидс. Иако резултатот беше во сенка на...