Контакт

Економија

Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија.

Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето.

Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка.

Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација.

За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.

Најново

Европа2 секунди

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион11 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет23 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава39 минути

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава54 минути

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава1 час

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура1 час

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура1 час

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...

Економија1 час

Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „АЛТА банка“ АД Битола, а...