Контакт

Економија

Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност

Објавено пред

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор.

На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот.

Претставниците на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС, како и претставниците на МЕМО, ги презентираа актуелните проекти и активности, како и плановите за претстојниот период.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на состанокот нагласи дека клучен приоритет на Министерството е одржување на стабилноста на енергетскиот систем, навремена реализација на проектните активности, како и обврските во однос на Реформската агенда. Како потврда на досегашната одлична работа на Владата на ова поле стигна и од самата ЕК. Имено согласно на комисијата, Македонија е најнапредна во однос на Реформската агенда поради што Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан, односно преку Инструментот за реформи и раст.

Од ЕСМ информираа дека имаат активни проекти кои се потврдени во листата за тековни јавни инвестиции. Воедно, беа презентирани и проекти кои се во фаза на иницирање и дополнително треба да бидат вклучени на листата. На состанокот беше претставен и детален финансиски преглед за периодот Q1 2020–2026 година, кој ги опфаќа приходите, расходите и добивките/загубите, при што беше потенциран позитивниот финансиски резултат во првиот квартал.

МЕПСО информираше за остварениот позитивен финансиски резултат во првиот квартал од 2026 година, при што е евидентирана добивка во првиот квартал. На состанокот беа презентирани приходите и расходите за првиот квартал, како и информацијата дека од јануари 2026 година аукциите за прекугранични капацитети со Србија и Бугарија ги спроведува JAO. Дополнително, беше разгледан напредокот на тековните инфраструктурни проекти, меѓу кои Битола–Елбасан, ТС Охрид, East-West Corridor и останатите проекти кои се дел од проектната листа на компанијата.

Од страна на НОМАГАС беше истакнато дека досега се започнати и се во различна фаза на напредок повеќе значајни делници од националната гасоводна мрежа, меѓу кои Клечовце–Неготино, Неготино–Битола и Скопје–Тетово–Гостивар, додека во тек се активности за понатамошно проширување кон Кичево и други региони. Компанијата активно работи и на реализација на стратешкиот гасен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи директно поврзување со европската гасна мрежа и пристап до нови извори на природен гас и LNG терминали.

МЕМО информираше дека се очекува со потпишувањето на Одлуката на Министерскиот совет за меѓусебно признавање на Гаранциите за потекло да се овозможи поврзување со ЕУ зоната. Воедно, беа разгледани активностите поврзани со процесот на пазарно спојување, тековните приоритети на операторот и нивното целосно правно членство во AIB.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и понатаму ќе продолжи со заложбите за обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем.

Најново

Македонија5 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника6 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет27 минути

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија39 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет44 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника1 час

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет2 часа

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...