Контакт

Економија

Божиновска: Со интерконекторот со Србија ја отвораме Македонија кон нови извори на гас и ја зацврстуваме нашата позиција како регионален енергетски коридор

Објавено пред

Денеска беше потпишан Договорот за проектирање и изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, со што официјално започнуваат конкретните активности за реализација на уште еден стратешки енергетски проект за регионално поврзување и диверзификација на снабдувањето со природен гас.

Договорот го потпишаа директорот на НОМАГАС, Недим Рама, и директорот на компанијата „Рапид Билд“, избрана за изведувач на проектот. На потпишувањето присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Со потпишувањето на договорот се преминува од подготовка на проектот кон негова конкретна реализација. Интерконекторот ќе ги поврзе гасните системи на Македонија и Србија преку траса од околу 70 километри, од кои околу 23 километри на македонска територија и околу 47 километри на територијата на Србија. На македонска страна интерконекторот ќе биде поврзан со постојниот гасовод кај Клечовце, а во Србија со гасоводната мрежа во близина на Врање.

„ Денеска ја поставуваме инфраструктурната основа за нова енергетска поврзаност на Македонија со регионот и Европа. Со интерконекторот со Србија отвораме пристап до нови извори на гас, ја зголемуваме сигурноста на снабдувањето и создаваме услови Македонија да има многу посилна улога во регионалниот гасен систем“, истакна Божиновска.

Таа посочи дека овој проект добива уште поголемо значење со изградбата на интерконекторот со Грција.

„Со поврзувањето со Грција и Србија, Македонија повеќе нема да биде само крајна точка на една гасна рута. Ја градиме позицијата на земја што е поврзана со регионалните пазари и може да биде транзитна и енергетска врска меѓу југот и северот на Европа. Тоа е стратешката слика кон која се движиме“, порача Божиновска.

Гасниот интерконектор Македонија–Србија е проект од стратешко значење за диверзификација на изворите и правците на снабдување со природен гас, но и за пошироката регионална интеграција на гасните пазари. Со неговата реализација Македонија ќе добие пристап до нови можности за снабдување, додека преку поврзувањето со јужниот и северниот правец ќе се создаваат услови за поголема флексибилност и сигурност на регионалниот енергетски систем.
Проектот се реализира во период кога Македонија интензивно работи на зајакнување на гасната инфраструктура и воспоставување повеќе алтернативни правци за снабдување. Во тек е реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, кој ќе ја поврзе македонската со грчката гасна мрежа и ќе овозможи пристап до јужниот гасен коридор.

По завршувањето на интерконекторите со Грција и Србија, Македонија ќе биде поврзана со гасните системи и на југ и на север, со што се отвора можност земјата да прерасне во значајна регионална транзитна точка за природен гас и дел од поширокиот европски енергетски коридор.

„Нашата цел е јасна – Македонија да не зависи од една гасна рута. Со диверзификација на правците и изворите на снабдување ја зголемуваме енергетската безбедност, ја намалуваме изложеноста на идни кризи и создаваме подобри услови за граѓаните и економијата. Ова е инфраструктура која ќе служи со децении и затоа гледаме на неа како инвестиција во долгорочната енергетска стабилност на Македонија“, истакна Божиновска.

Покрај националното значење, интерконекторот Македонија–Србија има и поширока регионална димензија, соопштија од министерството. Поврзувањето на гасните системи, како што е наведено, ќе придонесе кон создавање интегриран и пофлексибилен регионален пазар, со можност за двонасочен транспорт на природен гас и подобра искористеност на постојната и новата инфраструктура.

„Дополнително, проектот е планиран со перспектива за идниот развој на енергетскиот систем и можностите за транспорт на водород, во согласност со долгорочните европски цели за декарбонизација и енергетска транзиција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и партнерските институции од Србија, продолжува со координирана реализација на проектот, со цел изградбата да се одвива според предвидената динамика.

Со денешното потпишување Македонија прави уште еден конкретен чекор кон диверзифициран, поврзан и сигурен енергетски систем – систем во кој земјата не е само потрошувач, туку потенцијален регионален енергетски коридор“.

Најново

Свет10 минути

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет23 минути

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет33 минути

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет2 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет2 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија2 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава2 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија3 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава3 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....