Контакт

Економија

Британскиот Aмбасадор во официјална работна посета на „Алкалоид“

Објавено пред

Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена одговорност и долгорочната посветеност на одржлив раст и глобална пазарна диференцијација.

Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.

„Алкалоид“ АД Скопје е присутен на пазарот во Обединетото Кралство од 2007 година, кога британската Агенција за лекови и медицински помагала (MHRA), избрана од компанијата како референтен регулатор, по извршената инспекција на производствените капацитети, на сегментот фармација му додели сертификат за сообразност со ЕУ-стандардите за добра производствена пракса (ЕU-GMP). Набргу потоа беше издадена и првата дозвола за пласман на лекот Лизиноприл. Денес „Алкалоид“ има над 1.000 дозволи за пласман на свои фармацевтски производи на пазарите во Европската Унија. По излезот на Обединетото Кралство од Европската Унија, во 2021 година „Алкалоид“ ја основаше својата подружница Alkaloid UK Limited, со цел отворање нови можности и форми за проширување на операциите.

Велика Британија претставува особено пребирлив и конкурентен пазар на кој влезот е исклучително сложен, пред сѐ поради високите стандарди што мора да ги исполнат производителите во рамките на една од најстрого регулираните индустрии во светот – фармацевтската. Проценките се дека до крајот на 2026 година пласманот на фармацевтските производи на „Алкалоид“ на британскиот пазар ќе достигне околу 4 милиони евра.

Од 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје е член на Британската бизнис-асоцијација (ББА), која, во тесна соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје, работи на унапредување на конкурентната, транспарентна и современа бизнис-средина. Асоцијацијата се позиционира како препознатлива платформа за промоција на иновации, одговорни деловни практики и нови економски трендови.

ПР

Најново

Спорт48 минути

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет54 минути

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет1 час

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт1 час

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет1 час

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава1 час

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија2 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...