Контакт

Економија

Цената на струјата не поскапе, работиме од јануари да поевтини, вели Мицкоски

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави:

„Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме историски најголем резултат и раст. Сега шират иста теза дека 2026 сигурно банкротираме, еве повторно имам лоша вест за нив, не само што нема да банкротираме, туку ќе гледаат сѐ повеќе вакви проекти како овој, како се реализираат. И така до крајот на оваа Влада, а потоа и после следните парламентарни избори, оваа Влада ќе победи и повторно ќе биде Влада. Исто така, ако се сеќавате зборуваа дека во март-април доаѓале мигранти. Од Велика Британија доаѓале мигранти, еве го, јули сме на средина, мигранти нема.

Повторно ширеа хистерија, повторно се обидуваа на тој начин да водат политика. Неколку дена ги слушаме, како дилерот од Кочани му бил отворен прозорот, па тој избегал. Еве вчера е приведен, онаму е однесен каде што му е местото, во затвор. Исто како што оние беа пронајдени во Драч и исто така донесени овде. Ние ќе се соочиме со една небулозна ситуација од страна на опозицијата. Тие колку повеќе лажат, толку повеќе тонат. И тоа граѓаните ќе бидат сведоци и мора да се навикнеме на ваков тип на некреативна и незрела политика. Ние не смееме да се посветуваме на ваков тип на растурање пердуви. Ние си имаме цел и мора да се стремиме кон таа цел. А наша цел е како да го направиме подобар животот на граѓаните.

И тука нема да имам јас никаква дилема, додека сум јас претседател на Владата. Така што тоа е нашиот приоритет и во насока на тој приоритет ќе се движат политиките на оваа Влада. А коментарите, доволен коментар е што, еве веќе трета година почнуваме од мандатот, цената на електричната енергија за граѓаните, не само што не е поскапена, туку се обидуваме да најдеме формула од јануари месец да поевтинивме. А во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, таа порасна за една третина, цената, зборувам на електричната енергија. Тоа се мерливи и компаративни резултати и бројки. По тоа ние можеме да споредуваме, а не по политичка лажна реторика.“

Најново

Македонија3 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава4 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет4 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава5 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава5 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет6 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет6 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија7 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија7 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...