Контакт

Економија

Дизелот поевтинува, од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 24.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 2,212%, кај дизелот има намалување за 8,237%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,389% и кај мазутот исто така има намалување за 2,793%.

Од 1.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5477%.

Најново

Свет2 минути

Мелони: Сакаме да го зголемиме производството на нафта и гас, можеме да ги произведуваме тука

Италијанската влада донесе декрет со кој предвидува поголемо домашно производство на нафта и гас за да се намали зависноста од...

Македонија19 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија34 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија42 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника54 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија59 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија1 час

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура2 часа

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...