Контакт

Економија

Филипче: Владата на Мицкоски усвоила потреба за ново задолжување од 1,3 милијарди евра

Објавено пред

Владата на вчерашната седница, според информациите на СДСМ, усвоила потреба за ново задолжување на државата во износ од 1,3 милијарди евра, соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција.

„Според нашите информации, на вчерашната седница на Влада е усвоена потреба за ново задолжување на земјата. И тоа, замислете, сумата е од 1,3 милијарда евра. Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики“, рече Филипче.

Тој посочи дека новото задолжување доаѓа во време кога граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард, а компаниите чекаат огромни средства за поврат на ДДВ.

„Над 200 милиони евра е долгот за поврат на ДДВ. А Владата нè задолжува со нови, внимавајте, 1,3 милијарда евра. 4 милијарди евра ќе биде вкупното ново задолжување за само 2 години. Околу 40% од вкупното претходно задолжување на нашата земја. За само 2 години. Па вие видете си“, рече Филипче.

Филипче посочи дека, наспроти огромното задолжување, граѓаните не гледаат подобрување на животниот стандард. Кажа дека потрошувачката кошничка за година и пол пораснала за близу 10.000 денари, од 60.000 на речиси 70.000 денари, а со трошоците за кирија или станбен кредит достигнува близу 90.000 денари.

Најново

Македонија6 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија21 минута

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија29 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника41 минута

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија46 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија58 минути

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура1 час

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион2 часа

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...