Контакт

Економија

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

Објавено пред

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше една од клучните пораки на четвртото издание на Firestarter 2026, конференцијата која отвори важен разговор за иднината на бизнисот, корисничкото искуство, искуството на вработените и новата организациска култура.

Во фокусот на Firestarter 2026 беше трансформацијата од корисничко искуство (customer experience) и искуство на вработените (employee experience) кон поширокиот концепт управување со искуства (experience management), пристап кој ги поврзува клиентите, вработените, културата и лидерството во единствена стратегија за одржлив раст. Како што беше истакнато на конференцијата, компаниите денес не се разликуваат само по тоа што го нудат, туку по тоа како прават клиентите и вработените да се чувствуваат.

Настанот обедини меѓународни експерти, регионални лидери и професионалци од менаџмент, продажба, маркетинг, човечки ресурси и грижа за корисници, со заедничка порака: корисничкото искуство повеќе не може да се третира како изолирана функција или последен чекор во продажниот процес. Тоа е стратешки избор што започнува од организациската култура, лидерството и начинот на кој компаниите ги третираат своите луѓе.

Конференцијата ја отвори Христина Велковска, претседателка на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени и извршен директор на Вита Институт, со порака дека иднината им припаѓа на организациите кои го ставаат човекот во центарот на своето работење. „Firestarter не е само конференција, туку платформа што поттикнува промена. Нашата цел е да покажеме дека грижата за луѓето, клиентите, вработените и заедницата, не е попатна тема, туку суштинска бизнис стратегија. Кога луѓето се чувствуваат вреднувани, тие создаваат вредност. А кога организациите градат доверба, човечка поврзаност и смисла, тогаш создаваат искуства што се паметат“, истакна Велковска.

Еден од централните говорници беше Иан Голдинг, светски познат сертифициран експерт за корисничко искуство, кој зборуваше за еволуцијата од корисничко искуство и искуство на вработените кон управување со искуства. Неговата порака беше дека организациите мора јасно да ја разликуваат испораката на искуство од управувањето со искуството: првото се случува во реално време, а второто бара континуирано мерење, следење и подобрување. Посебен акцент беше ставен на емпатијата како предуслов за раст, не само да се разбере клиентот, туку да се „живее“ неговото искуство и да се дизајнираат решенија од таа перспектива.

Регионалната перспектива ја донесе и Мојца Домитер, потпретседателка за човечки ресурси и култура во Атлантик Групација, која зборуваше за тоа како стратегијата за луѓе се претвора во секојдневно искуство на вработените. Преку примерот на Атлантик Групација, таа ја нагласи важноста на лидерството насочено кон човекот и лидерство засновано на автентичност, емпатија и адаптибилност како основа за лојалност, организациска отпорност и долгорочен бизнис успех.

Клучните пораки од Firestarter 2026 беа дека искуството е конкурентска предност, дека вработените и клиентите не можат да се гледаат одвоено, и дека организациите кои градат доверба, припадност и смисла се оние што ќе бидат најподготвени за иднината.

Во рамки на програмата се одржаа и панел-дискусии со претставници од коморите и бизнис заедниците како и извршни директори на водечки компании.

Firestarter 2026 уште еднаш потврди дека темите како култура, лидерство, емпатија, добросостојба и корисничко искуство веќе не се споредни разговори во бизнисот. Тие се дел од стратешките одлуки кои директно влијаат врз растот, задржувањето на таленти, лојалноста на клиентите и репутацијата на компаниите.

Зад организацијата на Firestarter 2026 стои Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (Macedonian Association for Customer and Employee Experience – MACEX), во партнерство со Вита Институт и поддршка од Елемент ПР, кои заеднички ја градат конференцијата како регионална платформа за размена на знаење, инспирација и практики за новата бизнис култура.

ПР

Најново

Македонија27 минути

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет31 минута

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет39 минути

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт1 час

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет1 час

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија2 часа

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт2 часа

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија2 часа

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет3 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....