Контакт

Економија

Gyro House Карпош повторно отворен после пожарот! Обновен ресторан, самонаплатни киосци и голема промоција за реотворањето!

Објавено пред

Gyro House Карпош од денес, 1 септември 2026 година, повторно ги отвора вратите за своите гости во ТЦ Лептокарија. По пожарот што се случи на 2 август и предизвика голема материјална штета, за среќа без повредени лица, тимот на Gyro House за помалку од еден месец успеа целосно да го обнови ресторанот и повторно да го стави во функција.

По интензивниот период на санација и реновирање, Gyro House Карпош се враќа посилен, подобро подготвен и дополнително мотивиран да продолжи со она по што е препознатлив, свежо подготвени гиро оброци, големи порции и брза услуга.

„Изминатиот месец беше голем предизвик за целиот наш тим, но истовремено и дополнителна мотивација што побрзо да се вратиме со нашите клиенти. Благодарни сме за огромната поддршка и интересот што го добивавме во изминатиот период. Денес повторно сме тука, целосно подготвени за ново поглавје на Gyro House Карпош“, велат од компанијата.

По повод повторното отворање, Gyro House подготви и промотивна акција. Во периодот од 1 до 10 септември, при купување на било кои две гира, гостите добиваат трето гиро ГРАТИС од Gyro House. Промоцијата важи исклучиво во Gyro House Карпош – Лептокарија и е начин брендот да им се заблагодари на своите гости за поддршката во изминатиот период.

Со реновирањето во Gyro House Карпош се воведува и новитет во начинот на нарачување. Во ресторанот се поставени самонаплатни дигитални киосци, преку кои гостите ќе можат самостојно да ја изберат својата нарачка и да извршат плаќање, со што процесот ќе биде побрз, поедноставен и посовремен. Ова е дел од поширокиот процес на дигитализација на Gyro House, а истиот систем наскоро е планирано да биде воведен и во рестораните Gyro House Центар и Gyro House Гевгелија.

И покрај предизвиците, развојот на брендот продолжува со забрзано темпо. Во завршна фаза е подготовката на новиот Gyro House ресторан во Битола, кој ќе биде лоциран во самиот центар на градот, на атрактивна премиум локација. Со отворањето во Битола, Gyro House продолжува со својата стратегија за ширење и приближување на препознатливото гиро искуство до уште поголем број гости низ Македонија.

Gyro House ланецот денес продолжува да расте посилно и поуверено од кога било. Покрај посетата во рестораните, гостите во Скопје можат да нарачуваат Gyro House и преку Wolt, каде во тек се дополнителни промотивни понуди и поволности за достава. Во Gyro House Гевгелија, пак, во текот на септември е активна и специјална Back to School промоција со попуст на XXL гиро.

Повелете во обновениот Gyro House Карпош и уживајте повторно во вашиот омилен гиро вкус!

ПР

Најново

Македонија9 минути

Сали–Бланар: Поддршката на Словачка за европската интеграција на Северна Македонија останува силна и значајна

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, во рамки на посетата на Братислава, оствари средба со...

Македонија24 минути

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна...

Македонија32 минути

(Видео) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта, дали сè уште планирате да станат старски домови

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница ја обвини министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што...

Црна хроника45 минути

Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга

Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга,...

Македонија49 минути

Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група...

Македонија1 час

Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај...

Македонија1 час

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Здравството е еден од врвните приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен...

Култура2 часа

„ПРО-ЗА Балкан“ по 14. пат ширум ќе ѝ ги отвори вратите на балканската книжевност

Три фестивалски и четири дополнителни вечери ја сочинуваат програмата на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ што ќе биде отворен...

Регион2 часа

Ќе се преиспитаат безбедносните мерки по нападот во училиштето: „Ќе анализираме сè“

Момир Карин, директор на Дирекцијата во Министерството за наука, образование и млади, пристигна во училиштето по инцидентот утрово во кој...