Контакт

Економија

HAPPY WEEK во „Нептун”, големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи!

Објавено пред

HAPPY WEEK акција во „Нептун” со големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Од 15 до 22 април потрошувачите ќе можат да го купат кој било производ од асортиманот на „Нептун“ по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата клиентите можат да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушилници, лаптоп и таблети, мобилни телефони, електрични тротинети, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta.

Целокупната понуда за Happy week може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

Дополнително, „Нептун” нуди и широка палета услуги на своите клиенти како лојална програма, инстант-кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба и најновиот продукт кобрендирана кредитна и кешбек haPPy MasterCard. Со ова, потрошувачите во „Нептун“ добиваат најдобро можно купувачко искуство преку одбрана селекција на производи со докажан квалитет и услуги кои креираат дополнителна вредност.

„Нептун” е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника, апарати за домаќинство, телевизори, компјутери, лаптоп, смартфони, производи за нега и убавина. „Нептун” е дел од групацијата „Балфин”, која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “Ист гејт”.

(ПР објава)

Економија

Самостојните вршители на дејност три месеци ќе добиваат по 17.410 денари државна помош

Објавено пред

На својата 15-та седница Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствената и економска криза предизвикана од коронавирусот, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.

Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, одржа прес-конференција, на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании што аплицираа за мерките од Законот за финансиската поддршка на инвестициите за 2020 година.

„Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства што компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, тоа значи стабилност на нивните работни места и отворање нови. Дополнително, ова се инвестиции што компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од Ковид-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.

Во однос на големината на компаниите вицепремиерот укажа дека повеќето се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53 %), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26 %), па 5 микрокомпании (13 %) и најмалку се големите компании, само 3 (8 %).

„Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиската поддршка на инвестициите дава еднаква можност за сите компании во земјата независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените остануваат врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во постковид-периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцира вицепремиерот Битиќи во своето излагање.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата, која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи има можност да објави дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, кои и покрај сè, успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.

„Кога го создадовме планот за економски раст пред 3 години, многу луѓе беа скептични дека овој план нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но, податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, истакна министерот.

Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции, објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост-Ковид-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерките за производни компании што реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.

„Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид-криза, но и постковид-кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот, можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите што аплицирале, дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата, која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија по што ќе продолжиме и со потпишување нови договори за инвестиции што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека Министерството за економија во тесна соработка со канцеларијата на претседателот на Владата, кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии почнаа со изготвување текст за изменување и дополнување на Законот за финансиската поддршка на инвестициите имајќи ги предвид критериумите кои моментно се во тој закон со цел да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании за наредната година да може да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите што во моментот се предвидени како основни критериуми за да може да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката...

Македонија1 час

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион1 час

Вирусот влезе во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус се појави на снимен во Хрватска на Одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во...

Регион2 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет2 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божиќни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица, далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет2 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа3 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија11 час

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет14 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа15 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија16 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија21 час

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа21 час

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет21 час

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет22 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ23 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија23 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион1 ден

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Досие