Контакт

Економија

H&M отвора продавница во БиХ

Објавено пред

Познатиот синџир за производство и продажба на облека Hennes&Mauritz (H&M) со седиште во Шведска, потврди дека ќе отвори продавница во Сараево, Босна и Херцеговина, следната година.

Во последниот деловен извештај, корпорацијата наведува дека БиХ ќе стане 71 држава во светот во која H&M има продавница.

Корпорацијата во првата половина од годинава остварила приход од повеќе од 10 милијарди евра, а добивка од околу 600 милиони евра.

Претседателот на Управата, Карл Јохан Персон, навел дека H&M оваа година планира да отвори 390 продавници, а ќе затвори 150. Вкупно има 4 800 продавници во светот во кои се вработени околу 130 000 луѓе. Во Хрватска H&M ја отвори првата продавница во 2011 година, а сега има 15. Во Словенија првата продавница ја отвори во 2004, а во Србија во 2013 година. Во земјите од поранешна Југославија H&M има 40 продавници.

Пред да се појави на пазарот на БиХ, H&M лани ги отвори своите први продавници во Исланд, Казакхстан, Грузија, Виетнам и Колумбија.

Економија

Кинески производител на автомобили планира продажба во САД

Објавено пред

Кинескиот производител на автомобили „Зотје авто“ планира во 2020 година да почне со продажба на возила во САД.

„Зотје“ најави дека ќе работи со американскиот партнер, фирмата HAAH Automotive Holdings. Двете компании во заедничко соопштение наведоа дека првиот модел за американскиот пазар ќе биде теренско возило, но не се објавени дополнителни детали, пренесе агенцијата АП.

Со ова „Зотје“ им се придружи на кинеските производители на автомобили кои изразија амбиција да влезат на американскиот пазар.

Оваа приватна компанија, чие седиште се наоѓа во Хангџоу, југозападно од Шангај, исто така развива електрични возила за „Форд“ наменети за кинескиот пазар.

Американската агенција додава дека „Генерал моторс“ и шведската компанија „Волво“ во САД увезуваат возила произведени во Кина и дека кинескиот производител BID Auto продава автобуси за американските транспортни компании.

Прикажи повеќе...

Економија

Cushman & Wakefield / FORTON MKA назначен за ексклузивен лизинг агент на East Gate Mall

Објавено пред

Најголемиот трговски центар во Скопје, но и во Македонија East Gate Mall, почна со изнајмување простор, a oвој процес ќе го води компанијата „Cushman & Wakefield/FORTON MKA”.

East Gate Mall ќе биде трговски центар од новата генерација и дел од најголемиот мултифункционален проект на пазарот на недвижнини во Македонија – East Gate. Структурата на трговскиот центар ќе биде доминатно на две нивоа со голема концентрација на модни брендови, ресторани, храна и забава на едно место.

„Интересот на пазарот за проектот е одличен и очекуваме истиот понатаму да расте. Oчекуваме над 40 отсто од трговскиот центар да биде издаден на брендови што не се присутни на македонскиот пазар“ – изјави Влатко Богоевски, директор на „Фортон Македонија“.

East Gate ќе биде најголемиот повеќенаменски проект на пазарот на недвижнини со планирани над 500.000 квадратни метри бруто изградена површина. Таа вклучува трговски центар, станбен комплекс, како и комплекс од канцелариски згради.

Проектот East Gate е најголемата приватна инвестиција на пазарот на недвижнини во Македонија со вредност од над 350 милиони евра, финансирана од Балфин Групацијата (Balfin Group). По успешната приказна со Skopje City Mall ова е втора инвестиција на оваа групација на пазарот на недвижнини во Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата го усвои предлог-буџетот за 2019 година

Објавено пред

Владата на вчерашната седница го усвои предлог-буџетот за 2019 година, кој ќе биде доставен на усвојување до Собранието.

Вкупните приходи и расходи во предлог-буџетот се во рамките на предвидените параметри на Министерството за финансии и резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 отсто од БДП.

„Планираниот дефицит е во согласност со фискалната стратегија на Република Македонија 2019-2021 и ја потврдува планираната фискалната консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за инфраструктурни проекти и поддршка на домашната економија, за зајакнување на социјалната праведност и сигурност и за забрзување на евро-атлантските интеграциски процеси“, соопштија од Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Невладините организации ги детектираа сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, Цивил, Македонското здружение на млади правници, Евротинк, МОФ, Транспаренси Интернешнл и Транспарентност...

Македонија19 минути

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток57 минути

Вибер контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте ги вратите“

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток1 час

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес брат

Од смс и вибер пораките за 27 април кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за „крвавиот четврток“ во...

Македонија2 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа3 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија4 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија4 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија15 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија19 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија19 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија21 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија22 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија22 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија24 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 ден

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 ден

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија1 ден

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Досие