Контакт

Економија

Кире Лазаров стана македонски Superbrand

Објавено пред

 

7 – ца, Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands. Најголемата ѕвезда која го доби признанието за Superbrand беше најдобриот македонски и интернационален ракометар, Кире Лазаров.

Superbrands како глобален авторитет во областа на брендингот ги додели признанијата за најсилните пазарни марки во Македонија за 2015 и 2016 година во среда, на свечена церемонија.

Oваа меѓународна организација во Македонија за прв пат ги круниса со знакот на Superbrands компаниите, организациите и личностите од Македонија во 2009та година и од тогаш цели кон истакнување на најзначајните карактеристики кои секој бренд треба да ги негува.

„Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари“, истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија.

На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна. Саздовски додаде дека публикацијата нуди многу фасцинантни увиди во тоа како поединечни брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес. Сите добитници ќе можат да ја користат публикацијата во маркетинг цели, а истата ќе се достави до сите амбасади, конзулати и различни други претставништва. Повеќе од 156 претставништва на Македонија низ светот ќе можат да ги промовираат супербрендовите од Македонија.

Во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Околу 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 28 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој беше изготвен во соработка со водечките маркетиншки компании и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и потрошувачите. Само најпрепознатливите и најдобрите го добија знакот на Superbrand.

7 – ца, Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands. Најголемата ѕвезда која го доби признанието за Superbrand беше најдобриот македонски и интернационален ракометар, Кире Лазаров. Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание додатно се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар./крај/мф/бб

Економија

Усвоен најновиот квартален извештај на НРБМ со најновите макроекономски проекции

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен најновиот квартален извештај, во чии рамки се вклучени и најновите макроекономски проекции на Народната банка.

Априлските проекции не се значително променети во споредба со октомвриските согледувања. Во текот на овој период се очекува закрепнување на економијата, при што и натаму целосно враќање и надминување на преткризното ниво се очекува во 2022 година. И ова сценарио не упатува на поголеми инфлациски притисоци, а надворешната позиција и понатаму останува поволна. Во однос на изворите на ризици, тие и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на Ковид-19, велат надлежните.

Од НБРМ појаснуваат дека во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 %, што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 %, а во 2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 %.

Се очекува растот на БДП оваа и в година да произлезе од домашната побарувачка, а нето-извозот да има негативен придонес, велат од НБРМ.

Во известувањето стои дека кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 %.

За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 %. Очекувањата за идните движења во надворешниот сектор укажуваат на стеснување на дефицитот во тековната сметка до 2,9 % од БДП во 2021 година, што во најголем дел се должи на подобрите очекувања кај дознаките, при постепено намалување на негативните ефекти од пандемијата во текот на годината. Намалувањето се очекува да продолжи и во наредните две години, со што во наредниот двегодишен период (2022-2023 година) дефицитот во тековната сметка ќе изнесува во просек околу 2,1 % од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на соодветно ниво, се посочува во писменото соопштение.

Кредитната активност на банкарскиот систем и натаму е еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст. Имено, во текот на 2020 година кредитната поддршка беше солидна, а тековните проекции упатуваат на нејзино постепено забрзување во следниот период.

Ризиците за остварување на основното макроекономско сценарио и понатаму се оценуваат како надолни и се главно поврзани со пандемијата на Ковид-19. Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното побавно спроведување на имунизацијата, што е тесно поврзано со набавката и дистрибуцијата на вакцините, како и со повторно разгорување на пандемијата со појавата на нови мутации на вирусот и нивна поголема отпорност на веќе постојните вакцини, што би можело да доведе до повторно воведување построги рестриктивни мерки за спречување ширење на вирусот. Евентуалната материјализација на овие ризици може да доведе до повторно нарушување на синџирите на производство и на побарувачката и до значително забавување на очекуваната динамика на економско закрепнување, а со тоа и до тешкотии во опстојувањето на фирмите и побавно закрепнување на пазарот на труд. Доколку заканата од коронавирусот се надмине побргу од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната, а со тоа и домашната економска активност. Исто така, членството на нашата држава во НАТО и почнувањето преговори за полноправно членство во ЕУ и натаму претставуваат позитивен ризик за проекцијата на среден рок, велат надлежните.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Костадинов: Со планот за економски раст со речиси 70 милиони евра се поддржани 800 компании

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

„Преку планот за економски раст во изминатите три години, со речиси 70 милиони евра поддржани се 800 компании, од нив, 42 милиона евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, вели Костадинов.

Ова се пари од буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање нови добро платени работни места, смета портпаролот на СДСМ.

Тој потенцира дека државната помош, освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со многубројни статистички податоци. Се надминуваат последиците од корона-кризата, во изминатите месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, a стапката на невработеност благо опаѓа. Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична“, констатира тој.

Напомена дека поддршката за домашната економија продолжува и понатаму и дека во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Прикажи повеќе...

Економија

Македонскиот ИТ-пионер „Еконет“ станува дел од реномираната ИТ-компанија „Синами“

Објавено пред

Од април 2021 година една од постарите ИТ-компании „Еконет“ се спојува кон визијата на реномираната ИТ-компанија „Синами“, која веќе 20 години успешно дејствува на домашниот, но и на меѓународните пазари. Спојувањето кон визијата доаѓа по најавите на „Синами“ за нејзин раст и проширување како во бројот на вработени така и за развој на нови напредни софтверски решенија и продукти.

Зад двете компании стои искусен тим од ИТ-професионалци, а од „Синами“ и „Еконет“ велат дека спојувањето отвора нови можности и перспективи за освојување нови меѓународни пазари, особено имајќи го предвид исклучително големиот потенцијал што индустријата го нуди.

„Проширувањето на ‘Синами’, која од неодамна функционира како самостоен бренд, е само логична последица на нашата бизнис-стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство, кому сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ-професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот што веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојување нови пазари“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на „Синами“.

Инаку, компанијата „Еконет“ е еден од ИТ-пионерите на македонскиот пазар основана во 1999 година, која се позиционира како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и за Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ-опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ-индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ-продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, беа главен мотив за „Еконет“ во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги.

„Еконет“ е една од постарите домашни ИТ-компании присутна на регионалниот пазар повеќе од 20 години. Спојувањето со реномираната компанија „Синами“ е продолжување на нашата успешна приказна, но и нов почеток што ни отвора можност за уште поуспешно дејствување во ИТ-секторот. Повеќедецениското искуство што го имаат нашите кадри ќе биде дополнителна помош за тимот на „Синами“ во справување со секојдневните предизвици што ги носи новото време, а со примена на нашите вештини сигурен сум дека ќе придонесеме во континуираниот развој на нови напредни ИТ-решенија. Се чувствуваме задоволни што се придружуваме на искусен тим, кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе“, истакнуваат од „Еконет“.

Инаку, „Синами“ е софтверска компанија, која дејствуваше речиси 20 години во рамките на „Сеавус“, а по аквизицијата на „Сеавус“ од страна на чешката Групација АРИКОМА, компанијата се издвои како нов самостоен бренд. Во клиентите на „Синами“ денес се вбројуваат дури 70 % од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од разни индустрии, со просечен број од 40.000 вработени.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија9 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија10 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија12 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија12 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија13 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет15 часа

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија16 часа

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион17 часа

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија17 часа

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет17 часа

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет18 часа

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион1 ден

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Македонија1 ден

Филипче: Значајно се испразнети болниците, хируршките одделенија се вратени во функција

Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, изјави министерот за...

Македонија1 ден

Инспекторатот за животна средина: Рудникот „Казандол“ не претставува опасност

Рудникот „Казандол“ во моментот не претставува опасност за животната средина и локалното население, соопшти Државниот инспекторат за животна средина, кој...

Македонија2 дена

Средба Заев – Фон дер Лаен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамките на посетата на Брисел, оствари средба и со претседателката...

Македонија2 дена

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и...

Македонија2 дена

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет2 дена

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умираат, лекарите се кријат

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Досие