Контакт

Економија

Комерцијална банка e прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026“ од магазинот Global Finance по 15-ти јубилеен пат

Објавено пред

Комерцијална банка по јубилеен 15-ти пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2026 година“ од угледниот финансиски магазин Global Finance. Оваа престижна меѓународна награда за Банката претставува силна потврда за континуираниот развој, стабилноста, иновативниот пристап, високата грижа за клиентите и значајниот придонес за домашната економија.

Со ова признание, Комерцијална банка се истакнува како институција која внимателно и посветено одговара на потребите на клиентите и во услови на предизвикувачки пазари, остварува силни деловни резултати и успешно и стратешки управува со своите средства и обврски во услови на неизвесност.

„Оваа јубилејна награда е големо признание за посветеноста, професионалноста и знаењето на целиот тим на Комерцијална банка. Таа е резултат на нашата јасна стратешка визија и на континуираното инвестирање во иновации, дигитални решенија и квалитет на услугите. Пред сè, ова е награда која ја делиме со нашите клиенти и партнери затоа што нивната доверба е наша силна мотивација“, изјави Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со оваа награда, Комерцијална банка повторно се наоѓа меѓу најдобрите банки во повеќе од 150 земји во светот, признати во рамките на 33-то издание на годишните награди на Global Finance.

„Глобалниот банкарски сектор продолжува да покажува издржливост и стабилност и покрај геополитичката нестабилност, регулаторните притисоци и сè поголемата конкуренција од финтек компаниите. Наградите за најдобри банки за 2026 година им оддаваат признание на институциите кои најуспешно управуваат со своите средства и обврски, а истовремено инвестираат во дигитални иновации и вештачка интелигенција за да одговорат на променливите потреби на своите клиенти“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги зема предвид квантитативните показатели, како што се растот на активата, профитабилноста, стратешките деловни односи, развојот на нови бизниси и иновациите во производите, како и квалитативните оценки и мислења од финансиски аналитичари и директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите на Global Finance се сметаат за врвен меѓународен стандард за извонредност во финансискиот сектор.

Ова јубилејно признание за Комерцијална банка претставува уште една силна обврска за иднината. Банката ќе продолжи со уште поголема посветеност да создава сигурни, иновативни и одржливи финансиски решенија, да ја унапредува дигиталната трансформација и да биде стабилен партнер на граѓаните, бизнисите и на целото општество.

ПР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Објавено пред

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите дека американската поморска блокада врз Иран дополнително ќе ги намали испораките од регионот на Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне достигна 101,85 долари, што е зголемување од 6,65 долари во однос на затворањето на крајот од минатата недела. На американскиот пазар, барелот поскапе за 6,07 долари и достигна цена од 102,64 долари.

Пазарите на почетокот на неделата беа потресени од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада на Иран, поради незадоволството од позицијата на Техеран во преговорите во Исламабад.

САД се залагаа за итно отворање на Ормуски теснец, но Иран инсистирал на прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и на одмрзнување на својот имот.

По објавата на примирјето меѓу САД и Иран во средината на минатата недела, Израел повторно изведе воздушни напади врз Либан, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

По заминувањето на американските преговарачи од Исламабад, предводени од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, Трамп најави блокада на влезот во Ормускиот теснец, додавајќи дека американската морнарица ќе ги запира сите бродови што платиле транзитна такса на иранските власти.

Американската морнарица за Ројтерс појасни дека блокадата ќе биде воспоставена во Оманскиот Залив и во Арапското Море, источно од теснецот, при што првично беше наведено дека ќе се запираат сите бродови, а подоцна дека ќе се блокираат само оние со ирански пратки.

Вашингтон на тој начин сигнализира дополнителна ескалација на конфликтот, кој веќе сериозно ги намали испораките на нафта од регионот.

Техеран возврати дека американската блокада претставува „пиратство“ и предупреди дека, доколку иранските пристаништа бидат загрозени, нема да бидат безбедни ниту пристаништата во Персискиот и Оманскиот Залив.

Од почетокот на март, Иран извезол околу 58,75 милиони барели нафта, според податоците на порталот Windward.

Одделни пресметки на ОПЕК покажуваат дека цената на барелот од кошницата на нејзините членки во петокот изнесувала 105,28 долари, што е намалување за два долари.

Прикажи повеќе...

Економија

УЈП со План за подобрување на усогласеноста: целта е да се влијае врз однесувањето на даночните обврзници

Објавено пред

Управата за јавни приходи донесе План за подобрување на усогласеноста – Неформална економија 2026 – 2027, како стратешки документ кој произлегува од современиот концепт на управување со ризиците на усогласеност.

Овој концепт,како што појаснуваат, претставува модерна филозофија на работењето на даночните администрации, која вклучува препознавање на ризиците за неусогласеност и нивно навремено адресирање преку комбинација од превенција, советување и поддршка, таргетирани контроли и системски мерки.

Целта е, велат од УЈП, да се влијае врз однесувањето на даночните обврзници и да се поттикне доброволна и трајна усогласеност со законските обврски.

Планот претставува континуитет на активностите што УЈП ги спроведуваше во текот на 2025 година за сузбивање на неформалната економија, со дополнително унапредување и проширување на пристапот.

Фокусот и во следниот период останува на угостителството, трговијата на мало и одредени услужни дејности, каде што постои поголем ризик од неевидентирање на готовинскиот промет.

Истовремено, опфатот се проширува и кон економските активности во синџирите на снабдување поврзани со овие дејности.

Овој пристап се темели на сознанието дека неформалните активности не се задржуваат само на местото на продажба и не се сведуваат само на неиздавање фискална сметка, туку се пренесуваат низ целиот синџир преку набавки и плаќања во готово и исплати „во плико“” кон неформално вработени лица.

Дополнителен фокус се става на краткорочното туристичко сместување, вклучително и активностите што се одвиваат преку дигитални платформи, како сегмент што се повеќе добива економско значење, но истовремено носи и специфични ризици за непријавени приходи.

Планот предвидува засилување на превентивните и информативните активности, со акцент на вмрежување и координација со други институции на национално и локално ниво. Целта, како што е соопштено, е даночните обврзници сеопфатно да бидат информирани за своите обврски, права и придобивки од формалното работење. Советодавната поддршка и насочување кон доброволно усогласување остануваат клучен елемент на пристапот, со цел даночните обврзници да го прифатат и одржат законски усогласеното однесување на долг рок, наместо усогласеноста да биде само принуден резултат на санкции.

Во делот на контролите од УЈП нагласуваат дека ќе се имплементираат мерки за зголемување на ефикасноста и ефективноста, не само преку подобрена селекција на субјектите врз основа на анализа на ризик, туку и со унапредена методологија за контрола и примена на индиректни методи за процена на неевидентираниот промет.

Контролата нема да се сведува само на проверка на касата и формалните документи, туку на утврдување на економската суштина на работењето преку капацитетот на деловниот субјект, бројот на вработени, побарувачката, залихите и др. Планот вклучува и системски мерки, меѓу кои е и надградбата на ГПРС системот за следење на готовинскиот промет во реално време, што ќе овозможи подобра анализа и навремено детектирање на ризици. Целта на овој план, според УЈП е трансформирање на неформалните активности во таргетираните дејности во формални и законски усогласени. Успешноста на планираните мерки ќе се цени преку конкретни индикатори, пред се преку растот на пријавениот промет кај даночните обврзници во таргетираните дејности.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

Објавено пред

Од

Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион.

„Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони“, посочи министерот.

Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските...

Црна хроника34 минути

Драма во Неготино: Киднапирале 21-годишник со „мерцедес“ и го нападнале, полицијата ги уапси напаѓачите

Двајца жители на демиркапиското село Корешница биле приведени откако полицијата постапила по пријава за сериозен инцидент во Неготино. Според информациите...

Економија36 минути

Нафтата над 102 долари: стравот од блокадата врз Иран го тресе пазарот

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 102 долари по барел, поради стравувањата на инвеститорите...

Свет40 минути

Иран: Секој брод што ќе се обиде да ги блокира нашите пристаништа ќе заврши на дното на морето

Иран им се закани на Соединетите Американски Држави дека американските воени бродови ќе бидат потопени доколку се обидат да спроведат...

Македонија50 минути

Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните...

Црна хроника2 часа

Полицијата трага по возач кој прегазил малолетник во Балиндол и побегнал

Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило...

Свет2 часа

Катар до Иран: Поморските рути не смеат да се користат како притисок

Катар му порача на Иран дека поморските правци не смеат да се користат како средство за притисок, предупредувајќи на последиците...

Свет2 часа

Трамп предупредува: Ирански бродови што ќе се приближат до блокадата ќе бидат „елиминирани“

Доналд Трамп изјави дека иранската морнарица е „целосно уништена“ и предупреди дека сите бродови што ќе се приближат до американската...

Свет2 часа

„Да престане со убивањето и да ја заврши војната“: Маѓар со порака до Путин по изборната победа

По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави...