Контакт

Компании

Вип со нова понуда во мобилниот сегмент – четири нови постпејд тарифни модели

Објавено пред

Вип во среда најави збогатување на своето портфолио во мобилната телефонија со четири нови постпејд тарифни модели, преку понудата Vip Family, прилагодени кон комуникациските потреби на секој член од семејството.

Vip Family се состои од четири тарифни модели и тоа: Vip Family Hype, Vip Family Hero, Vip Family Hero+ и Vip Family Senior.

Сите оние кои сакаат да се постојано онлајн со 4G брзина можат да го изберат супер атрактивниот Vip Family Hype тарифен модел, а со избор на Vip Family Hero или Vip Family Hero+ корисниците добиваат неограничени разговори и СМС пораки кон сите национални мрежи како и 4G интернет.

„Нашeто Vip Family портфолио е совршен избор за корисниците на мобилната телефонија и уверен сум дека во богатиот избор на тарифни модели секој член од семејството ќе го пронајде совршениот пакет што ќе одговара дури и на оние со најспецифични комуникациски потреби. Специјално креираните Family пакети, наменети за секој член на семејството ги сметаме за наша огромна предност дотолку повеќе што на корисниците освен висококвалитени и неограничени услуги во мобилната телефонија им нудиме најконкурентна цена што секако ќе значи и заштеда во семејниот буџет”, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип.

Со Vip Family Hype за месечна претплата од 449 денари , корисниците добиваат 6 GB 4G интернет, неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница, како и100 минути кон други национални мрежи.

Vip Family Hero кој е достапен за месечна претплата од 599 денари е наменет за сите корисници кои сакаат долги разговори. Оние кои ќе се одлучат за овој тарифен модел добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и 3 GB 4G интернет.

Со Vip Family Hero+ за 999 денари месечна претплата корисниците добиваат неограничени разговори кон сите мрежи, неограничени СМС пораки , 6GB интернет и 50 минути за меѓународни разговори.

Со Vip Family Senior кој е наменет за пензионери, за месечна претплата од само 249 денари, корисниците можат да уживаат во неограничени разговори кон сите корисници од големата Вип заедница и добиваат вклучен 500 MB мобилен интернет.

Тарифните модели од Family портфолиото можат да се комбинираат и во рамки на Комбо пакетите на Вип кои вклучуваат: мобилна телефонија, фиксна телефонија, интернет и телевизија.

Family тарифните модели се промотивни и достапни со договор на 24 месеци за нови и обновени договори за сите физички лица кои имаат активна најмалку една Вип мобилна линија со месечна претплата од 550 денари или ќе активираат барем 2 Vip Family мобилни линии од кои една е со минимална месечна претплата од 550 денари. /крај/ст

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт9 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет10 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...