Контакт

Компании

Газпром со рекордна испорака на гас во Европа преку Северен тек

Објавено пред

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави во понеделникот дека преку гасоводот Северен тек во Европа испорачал рекордно количество гас од 160,75 милиони кубни метри на ден, што на годишно ниво го надминува проектираниот обем на системот.

„Сегашното ниво на оптоварување на Северен тек покажува дека северниот коридор за испорака на рускиот гас е крајно потребен за европскиот пазар. И уште еднаш ја покажа важноста и актуелноста на изградната на Северен тек-2. За овој гасовод гласаат клиентите“, се наведува во писмената изјава на челникот на водството на „Газпром“, Алексеј Милер.

Според Милер, минатата 2016 година гасоводот Северен тек бил оптоварен за повеќе од 100 отсто од неговиот капацитет. Зголемувањето на испораките дојде откако Европската комисија одобри експлоатација на 90 отсто од страна на „Газпром“ на гасоводот Opal, по кој натаму се испорачува гасот од Северен тек. Претходно холдингот можеше да презема до 50 отсто од количеството.

Според достапните информации, снабдувањето преку Северен тек во 2015 година изнесувало 39 милијарди кубни метри гас, или 70 отсто од проектираните капацитети на гасоводот.

Почетокот на функционирањето на гасоводот Северен тек -2 (Nord Stream 2 AG) е предвиден за крајот на 2019 година. Тој ќе минува по дното од Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Капацитетот на секоја од овие две маршрути е 27,5 милијарди кубни метри гаса годишно. Капиталните расходи за проектот се проценуваат на 8 милијарди евра, а вкупните трошоци врз основа на привлекување на финансиите за проектот се процените на 9,9 милијарди евра.

Во средината на јуни 2015 година „Газпром“ објави дека договорил со британско-холандскиот конзорциум „Shell“, со германски E.ON и австриски OMV план за градење нов гасовод кон Германија. Според меморандумот за разбирање, E.ON, OMV и „Shell“ ќе се вклучат во изградбата на новиот гасовод од Русија преку Балтичкото Море до Германија, со годишен вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри природен гас. Новиот гасовод би требало за двојно да го зголеми капацитетот на постојниот Северен тек-1, кој сега ги поврзува двете земји.

Новиот гасовод е планиран во близина на постојниот Северен тек-1. „Газпром“ според највите ќе поседува 50 отсто од проектот, а BASF, E.ON, „Engie“, OMV и „Shell“ по 10 отсто.

Во декември 2015-та Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек-2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогашниот премиер Матео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен тек-2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Средноевропските и јужните европски земји се противат на овој германски проект, тврдејќи дека ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од увозот на гас од Русија, и оти ќе ја наруши европската солидарност.

Меѓутоа, повеќето, како Италија на пример, истакнуваат дека Европската комисија всушност ја запре изградбата на гасоводот Јужен тек, под наводен изговор дека ќе биде заобиколена Украина и оти не биле почитувани прописите на ЕУ, а со кој гасот требаше да биде донесен до јужните земји членки, а сега нема ништо против Северен тек-2 кој се гради под исти услови како и гасоводот од кој Москва се откажа откако не најде заеднички јазик со Брисел./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

Луис де ла Фуенте: Генерација на пример, целиот труд се исплатеше

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство....

Спорт2 часа

Скалони: Дадовем се од себе, Шпанија едноставно беше подобра

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека...

Спорт2 часа

Родри: Ако работиш напорно и веруваш, животот ќе те награди

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула...

Спорт3 часа

Меси во солзи по поразот во финалето

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако...

Спорт3 часа

Родри е МВП на Светското првенство

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за...

Спорт3 часа

(Видео) Тепачка на теренот веднаш по завршувањето на финалето – Паредес доби црвен картон

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата,...

Спорт3 часа

(Видео) Шпанија ја освои светската титула, Аргентина не заслужи ништо повеќе од пораз

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија...

Спорт5 часа

Меси собори два рекорди на Светскiте првенства

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави...

Црна хроника6 часа

Маж од Струмица им подлегна на повредите по пожарот во неговата куќа

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во...