Компании
Македонската ИТ-компанија ⋮IWConnect го одбележа отворањето на новите канцеларии во Битола со извонредна забава во стилот на Големиот Гетсби

По 18 години постоење, 18 години создавање на уникатна вредност за своите клиенти, 18 години обезбедување на работни услови кои само компанија од светски ранг може да ги има, македонската ИТ-компанија ⋮IWConnect вчера официјално го прослави отворањето на новите канцеларии во Битола во сопствен простор. Сонот којшто оваа компанија неколку години го сонуваше од вчера стана реалност – сопствен простор и канцеларии изработени по светски стандарди. Новата зграда на ⋮IWConnect е рефлексија на духот на оваа компанија и ги спојува традицијата, иднината и технологијата во едно.
Позната по светските технологии со кои работат, клиентите кои ги имаат, вработените, како и по несебичното поддржување на сите културни и спортски настани кои придонесуваат за градење на културата во нашата држава, ⋮IWConnect го одбележа отворањето на новата зграда со извонредна забава во стилот на Големиот Гетсби. На самата прослава присуствуваа повеќе од 300 гости, вклучувајќи ги и вработените на компанијата, клиенти, партнери и соработници од земјата и странство.
Што е она што ја прави новата зграда на ⋮IWConnect поинаква?
Изградена на 6 нивоа со ултра модерни канцеларии, иновативни училници за ИВ Едукативен центар, ресторан за вработените на ⋮IWConnect, градинка за децата на вработените, огромна галерија за забава и релаксација, и целосно опремен фитнес-центар.
„Новите работни простории кои се направени следејќи ги последните светски стандарди ќе имаат позитивно влијание врз компаниската култура, комфорот на вработените и продуктивноста“, изјави Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect. „Оваа инвестиција е само дел од плановите кои ние ги имаме, а со цел да им овозможиме на нашите вработени да работат од канцеларии каде ќе се чувствуваат како дома. Дополнително, новата зграда ќе ни овозможи да го зајакнеме нашиот бренд, да продолжиме со нашите бизнис-иновации и со испорачување врвни резултати. Креиравме нешто што е лично наше, совршено се вклопува со нашиот дух, а во исто време е и забавно, авантуристички и доволно топло да го наречеме наш дом. Она што е уште поважно е дека во подготовката на зградата се користени нискозагадувачки материјали со што ја поддржуваме нашата иницијатива за здрав воздух и здрава животна средина.”
Битола е седиште на ⋮IWConnect започнувајќи од 2004 година. Од денот на основањето па сè до денес, оваа компанија е посветена на континуирано создавање иновативни решенија и вредност за своите клиенти правејќи ги поконкурентни на пазарот. И покрај тоа што претходните две години беа крајно непредвидливи, тие донесоа голем број промени и огромен раст за ⋮IWConnect, како што се релокација на канцеларијата во Скопје, и отворање на новата зграда во Битола подготвени по светски стандарди.
Контакти:
Андријана Димитриевска
Marketing Consultant | Content Marketing [email protected]
Ана Дукиќ
HR Recruiter [email protected]
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ЕСМ: 100 отсто ќе ги покриеме потребите за струја за сите корисници на универзалниот снабдувач

ЕСМ вети дека 100-процентно ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач со струја за граѓаните и малите потрошувачи за претстојната грејна сезона.
Од компанијата велат дека до утре ќе поднесат понуда на јавна набавка на „ЕВН хоум“.
„АД ЕСМ достави до Владата пресметки и предлози во однос на цената и количините по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Во согласност со одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ‘ЕВН хоме’“ се наведува во соопштението од компанијата.
Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврдила дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини електрична енергија, кои му се потребни на „ЕВН хоме“, односно 100 % да ги покрие потребите на универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 %), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на „ЕВН електродистрибуција“ и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.
За таа цел, ЕСМ додава дека го зголемила планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 % од производството во 2021 година.
„Конзумот на ‘ЕВН хоме’ е зголемен 27 % поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветление). Дополнителните потреби на ‘ЕВН хоме’ и на ‘ЕВН електродистрибуција’ ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните ‘Битола’ и ‘Осломеј’, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ ‘Неготино’“ појаснуваат од компанијата.
Економија
Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

Во салонот на Volkswagen во Скопје пристигна новиот T-Roc: Со свеж дизајн, иновативни системи за помош и бројни дигитални услуги, Volkswagen ја продолжува успешната приказна на својот компактен кросовер модел. Изострената надворешност го дефинира непогрешливиот изглед на новиот T-Roc. Внатрешноста е рафинирана со висококвалитетни материјали, редизајниран инфозабавен систем и дигитален кокпит кој доаѓа како стандард. Иновативната технологија од повисоките класи на возила сега е интегрирана во семејството на компактните SUV модели – во облик на IQ.Light, со LED матрични фарови и системите за помош на IQ.Drive со помош за патување, како и предвидлив ACC темпомат.
Софистициран ентериер, изострен надворешен дизајн
Со површина со подлога од пена и препознатливи шевови, новата табла со цртички носи модерни и висококвалитетни дизајни во внатрешноста на новиот T-Roc. Инфозабавниот систем сега е дизајниран како таблет и позициониран на контролната табла во линија на гледање со инструмент таблата зад воланот. Во зависност од опремата, инфозабавниот дисплеј е достапен со големина од 8 или 9,2 инчи. Компактниот SUV стандардно доаѓа со дигитална инструмент табла која е опционално достапна до големина од 10,25 инчи како Digital Cockpit Pro. Мултифункционалниот волан, кој исто така е дел од стандардниот пакет, има нов дизајн кој придонесува за интуитивната контрола на возилото.
Висококвалитетната облога на вратата од штоф сега е стандардна. Во линиите на опрема Style и R-Line, облогите на вратите и потпирачите за раце се направени од кожа и се стилски дизајнирани со шевови, исто како и потпирачите за глава. Друга карактеристика на линијата опрема Style се централните панели на удобните седишта во ArtVelours. Во комбинација со R-Line пакетот за опрема, достапни се и врвни спортски седишта за возачот и за совозачот (претходно достапни само кај спортскиот T-Roc R), како и Nappa кожен тапацир се достапни како опција.
Линиите на новата надворешност на T-Roc се изострени, што го прави неговиот непогрешлив кросовер дизајн уште повпечатлив. Стандардно се вклучени LED предни светла и затемнети задни светла. IQ LIGHT со LED матрични фарови и осветлена лента за решетка на ладилникот, како и групи за задни светла со нова графичка структура и динамичен трепкач се достапни во понудата. Пет нови бои на надворешност и новодизајнирани алуминиумски тркала од 17 и 19 инчи им овозможуваат на клиентите уште повеќе можности да го приспособат својот автомобил.
Нови нивоа на дигитализација и поврзување
Новиот T-Roc стандардно доаѓа со напредните системи за помош Front Assist и Lane Assist. Дополнително, новите IQ.DRIVE Travel Assist и Predictive Cruise Control овозможуваат потпомогнато управување, сопирање и забрзување при брзини до 210 км/ч. Со интегрирање на сигналите од предната камера, како и GPS и податоците од навигацијата, системот за контрола на возилото може да вклучи информации за локално ограничување на брзината, знаци за границите на градот, крстосници и кружни текови.
Новиот T-Roc ја содржи третата генерација на Modular Infotainment Toolkit (MIB3), што овозможува користење на различни функции и услуги базирани на интернет. Услугите We Connect Plus може да се користат бесплатно во Европа една година како дел од стандардниот пакет. Функциите Apple CarPlay™ и Android Auto™, исто така, може да се интегрираат безжично во контролниот систем преку App-Connect Wireless.
Ефикасни TSI и TDI мотори, 7-брзински DSG и 4MOTION достапни како опција
Во разновидното погонско портфолио на новиот T-Roc има два TSI и два TDI мотори за избор. Во зависност од избраниот погон, 6-брзински мануелен менувач или 7-брзински DSG ја напојува предната оска. Четирицилиндричните погони генерираат 110 kW (150 КС) од 1,5-литарскиот TSI мотор и 140 kW (190 КС) од 2,0-литарскиот TSI. Палетата е заокружена со два 2,0-литарски TDI четирицилиндрични мотори кои нудат моќност од 85 kW (116 КС) и 110 kW (150 КС) соодветно. Како алтернатива на погонот на предните тркала, погонот на сите тркала 4MOTION во комбинација со дизел моторот од 110 kW (150 КС) обезбедува супериорен пренос на моќност, додека 2,0-литарскиот TSI со 140 kW (190 PS) е стандардно комбиниран со 4MOTION.
(ПР текст)
Компании
19 години Вработување.ком – Создаваме визија, градиме вредности и одиме понатаму!

На 6 јуни 2022 година Вработување.ком, првиот портал за огласи за работа, прослави 19 години од своето постоење
Како прв онлајн портал за огласи за работни места кој се појавил во земјава, несомнено е дека предизвиците и искушенијата низ изминативе години биле многу. Но, од друга страна, визијата, истрајноста, желбата и упорностa да се успее и да се остане предводник на иновативните решенија и понуди на пазарот на труд, е она што Вработување.ком го прави најпосетуван портал за огласи за вработување, но и избор број еден кога станува збор за поддршка и консултантски услуги на компаниите.
19 години Вработување.Ком е поводот да направиме една ретроспектива на случувањата на пазарот на труд со Генаралниот Менаџер на Вработување. ком Дарко Велков – но, во исто време да позборуваме и за растот и развојот на Брендот Вработување кој од 2017 година е партнер со хрватскиот Moj Posao и е дел од ALMA CAREER групацијата.
Кои беа предизвиците со кои се соочивте при почетоците и отварањето на компанијата како и стартот на онлајн огласувањето?
Сите почетоци се тешки, а посебно ако почнувате нешто сосема ново. Да зборувате за онлајн огласување и барање работа во време кога интернет е мисловна именка, а компјутерите скапа непотребна инвестиција, во тоа време делуваше и смешно, но од друга страна и лудо. „Како тоа преку компјутер ќе бараш работа: Како тоа некој ќе се пријави за работа преку компјутер?“ Една анегдота која постојано ја кажувам, а е поврзана со тоа колку не беше запознаен пазрот за онлајн можности е моментот кога наместо Вработување.ком не потпишуваа како Вработување точка ком.
Беше тоа долга, напорна борба, со падови, подвизи, сопки, напредување, стагнирање, но се на се, патека по која повторно би одбрал да се движам зошто ја остваривме и мисијата и ја реализиравме идејата. И продолжуваме понатаму!
Може ли да ни кажете како се менуваа трендовите за вработување низ годините?
Кога ние почнувавме (2003), бројот на приватни компании беше мал, а со тоа и понудата на работни места и опции зa работа беше помала. Имаше неколку фабрики, неколку помали компании, како бутици продавници и сл. Од друга страна луѓето беа вработувани според дипломата, а не според компетенциите. Генерално со растењето на пазарот појавата на нови занимања нови компании, се појави потреба од нови вештини и потреба од преквалификации на работниците. Тука Вработување.ком имаше исто така голем удел во спроведување едукативни работилници за преквалификување на работници чии занимања веќе не се бараат, или дополнување на нивните вештини и способности.
Еден посебен тренд кој го почнавме е зборувањето за и воведувњето на секторите за Човечки ресурси во компаниите. Гласно зборувавме за потребата и развојот на овој сектор и задоволни сме од тоа што се случува сега. Ако порано соодносот на оние кои немаат таков сектор бил 80- 20, сега веќе се приближуваме на обратниот сооднос.
Друг тренд на вработувања беше отварањето на моловите, доаѓањето на фабриките во зоните кога се бараа масовно работници за во производство, но и работници во продавници… Секако се појави и потребата од инженери и менаџери…
Последниот тренд доаѓа со развојот на ИТ секторите кои донесоа една огромна промена во понудата и побарувачката на работници.
Инаку најактуелниот тренд е дека во сите земји е присутна “епидемијата“ на недостаток на работна сила. И една Германија нема работници, работници бараат и Австрија и Финска и Норвешка. Работници се бараат и во Хрватска и во Словенија и Србија. Па јас ќе го оставам отворено прашањето каде навистина се луѓето?
Кои се најголемите предизвици во овој период за оние кои бараат работа и оние кои бараат работници?
Мислам дека инфлацијата прави најголем притисок кај двете страни. Едните бараат повеќе средства за поквалитетен живот, а другите односно компаниите се борат со зголемени трошоци и намален пазарен удел. И на двете страни барањата им се оправдани но за жал многу малку има разбирање и компромис што пак е голем проблем. Сметам дека сега треба да проработи оној човечкиот момент свесноста, припадноста лојалноста и разбрањето. Посебно за оние работници кои долго време се дел од компаниите. Нештата ќе се стабилизираат порано или подоцна, сега е моментот кога треба да си дадеме поддршка, разбирање и искреност. Тоа на долг рок сигурно повеќе ќе се исплати, отколку моментално задоволување на потребите.
Како го коментирате „Хибридниот модел“ на работа и новите трендови на работа од дома?
Ако треба да одговорам лично – не ми се допаѓа. Бидејки се појавија огромни непродуктивни процеси. Немаат сите можности да ги мерат правилно вработените, а постојат огромни обиди да се најдат дупки во истите. Кај младите пак на кои им е прво работно место ќе има потешкотии бидејки нема да створат припадност кон брендот за кој понатаму треба да покажат лојалност. Таму тоа ќе остане правило нема да чуствуваат никаква припадност ниту одговорност кон брендот за кој работат. Лесно ќе си одат на друго работно место а некои дури и пречесто, што во човечките ресурси го цитираме како голем проблем за во иднина.
Сакам да кажам дека честите менувања на работните места прават проблем во работните биографии на работниците бидејќи со тоа се намалува вреднувањето на кандидатот за вработување.
Луѓето од HR секторите велат дека никогаш не било по тешко да се дојде до квалитетен кадар, што мислите зошто е тоа така?
Се појави тренд на недоаѓање на потврдени интервјуа од страна на кандидатот. Тоа е многу неделовно. Секој кандидат создава слика за себе посебно. Ова може многу да им одмогне во иднина кога ќе аплицираат за некое друго работно место. Очигледно е дека сега повеќето бараат работа во странство, но и тоа за година две ќе се страбилизира бидејки платите ќе пораснат и добар дел ќе се вратат кога ќе видат дека нигде не е лесно за работа. Потоа ќе се појави тренд во кои ние ќе увезуваме кадар од страна и веројатно ќе треба уште сега да се почне со олеснување на процедурите за добивање работни дозволи. Едната иницијатива е Отворен Балкан. Веројатно многу наши ќе бидат повлечени од фабриките во Србија. Мора да смислиме олеснувања за работна сила од сосема други земји.
Кои се предвидувањата што ќе е случува на пазарот на труд во следнава година?
Притисокот ќе биде голем до средина на септември, ќе биде тешко се додека да се вратат оние кои отишле на сезонска работа во Хрватска, Словенија и сл. Но, од друга страна пак не сум сигурен колку тие повратници ќе можат да најдат стабилни работни места или да се вратат на истите, бидејќи веќе некој има на тоа место. За жал сведоци сме и дека голем дел на административци одат на боледување или земаат неплатен одмор и одат да работата Хрватска, па после си се враќаат на старите позиции…
А во однос на тоа како ќе се менува пазарот, мислам дека и Македонија ќе навлезе во процесот на Автоматизација.
Угостителство заради недостаток на работници ќе прејде кон самопослужување, ќе се намали број на вработени и на бензинските пумпи па ќе се оди кон самопослужување ќе имаме дигитализација на каси, наплатните шалтери ќе бидат заменети автомати или онлајн плаќање. Компаниите, продажбата ќе ја прават со помош на Data Science екперти и секој потрошувач ќе добива Дигитализирано обработена понуда врз основа на неговите потреби, а не од човек…
Сигурен сум дека и рударска индустрија ќе мора да се автоматизира како и градежната – Градежните работници стареат, а младите на сакаат да работат тесарски работи.
Инаку, сметам дека трендот на немањето работници коj владее последнниве неколку години, може да се бара и во бројноста на администрацијата каде што се вработени најголемиот дел од луѓето. Мислам дека е време да се едуцира и да се зборува за неконкурентноста на администрацијата. Таму е вработено најголемиот дел од работоспособното и верувам квалитетно население, кое ете заради сигурна плата останува и ја губи способноста и за напредок и за конкурентнтност на пазарот. За жал овие неколку години притосокот со недостаток на работници се зголемува, а се зголемува и притисокот за државата за исплата на овие луѓе.
За жал голем дел од нив речиси и ништо и да не работат. Се случува да „одат“ на работа, и овие наводници не се случајни, бидејќи ништо не работат и не стекнуваат никакви вештини и ако се случи да бидат отпуштени не можејќи да се снајдат тука, она што им останува е да бегаат во странство. Секоја година има најава за намламување на администрацијата и мислам дека тоа треба конечно да се случи. Барем за 40 проценти. Буџетот на државата ќе биде под помал притисок, а компаниите ќе го решат проблемот со недостатаок на работници. Затоа што платите на работниците во приватниот сектор растат и тој раст ќе продолжи.
Што им препорачувате на младите каде да се запишат и што да учат за добра кариера?
Стручни училишта, конкретни компетенции, компјутерски науки, обуки за продажба и многу јазици.
Има ли нешто на што сте посебно горди од овие изминати 19 години?
Посебно сум горд на нашата трпеливост и издржливост. Не е лесно да се издржи било кој бизнис во толку несредена околина.
Драго ми е дека работиме со сите компании во Македонија и тоа и во делот на огласување и во делот на консултантски услуги како и регрутација. Огромно задоволство ми причинува моментот кога доаѓаат нови компании во земјава и ни ја даваат довербата токму ние да им го регрутираме кадарот и да им го оформиме тимот. Задоволство ми е и кога компаниите се враќаат кај нас после искуство од некое друго место, потврдувајќи ни го квалитетот.
Максимално се трудиме да бидеме во чекор со новите трендови на пазарот на труд. Драго ни е дека обуките за самовработување и за развој на вештини кои вработување ги почна пред 10-15 години се уште се спроведуваат на еден или друг начин. Исто не радува и моментот на кариерните саеми кои Вработување ги правеше со факултетите и училиштата низ Македонија дека продолжуваат да се реализираат. Драго ни е дека пионерски поставивме основа за развој на еден сосема нов бизнис поглед на пазрот на труд.
А иднината носи многу новитети. Прва на листата е наградата Најдобар Работодавач која вработување ќе почне да ја доделува. А за да го пронајдеме најдобриот работодавач ќе мораме да ја искористиме платформата за проверка на пулсот на вработените Пулсер.Мк. Преку неа работодавачите точно ќе знаат што им се случува во компанијата и како нив ги гледаат вработените.
Продолжуваме со онлајн саемот за вработување и драго ни е дека веќе на големо се зборува за Брендирањето на Работодавач, уште еден пионерски поим кој го воведе Вработување, а компаниите се повеќе почнуваат да го следат. Некои компании веќе креираат и посебни маркетинг одделенија за Employer Branding.
Се надевам дека и во иднина ќе бидеме предводници на иновативните идеи и решенија на пазарот на трудот. Всушност тоа ни е врежано и во описот Вработување.ком – ПРВ портал за вработување во Македонија.
ПР