Контакт

Компании

Почина творецот на Киндер јајцето Вилијам Саличе

Објавено пред

Творецот Киндер јајцето Вилијам Саличе починал во четвртокот вечерта во 83 година во италијанскиот град Павија, соопшти фондацијата Color your life, којашто тој ја намени за талентираните млади луѓе.

Вилијам Саличе, кој во компанијата „Ferrero“ започнал да работи во 1960 година, многу брзо станал најблизок соработник на нејзиниот сопствени Микеле Фереро, творецот на најпознатиот чоколаден крем „Nutella“, кој почина во 2015 година.

Во седумдесеттите години од минатиот век овој италијански производител на чоколадни бонбони се обидел да создаде нешто ново наместо традиционалните чоколадни јајца чиишто калапи се користеле само во периодот на Божик. Така настанало јајцето „Kinder Surprise“.

Секогаш кога Саличе го нарекуваа автор на јајцата, тој упорно повторуваше дека ги осмислил Микеле Ферерор, а тој само бил извршител на производот кој станува популарен не само меѓу децата, туку и кај возрасните колекционери на минијатурните фигури.

Чоколадната облога во форма на јајце во чијашто внатрешност има пластична капсула со делови од ситни играчки за сложување, веднаш станала хит. За повеќе од 40 години, од 1974 година „Ferrero“ продал милијарди „Kinder Surprise“ јајца.

Саличе подоцна придонел во осмислувањето и правењето на многу други производи на фабриката „Ferrero“, меѓу кои се и познатите чоколадни бонбони „Ferrero Rocher“ и „Pocket Coffee“.

Во пензија замина во 2007 година, а сумата од 400.000 евра ја донираше за создавање кампусот Color your life во гратчето Лоано на Лигурискито брег, за млади на возраст меѓу 13 и 18 години во кој имаат можноста да ги развиваат своите уметнички таленти./крај/мф/сн

Економија

Транспортните компании членки на „Македонија сообраќај – АМЕРИТ“ ќе бидат осигурени преку „Кроација“

Објавено пред

Кроација осигурување и СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ денеска потпишаа Меморандум за соработка за осигурување на членките на АМЕРИТ. Сите транспортни компании и нивни вработени, членки на заедницата ќе имаат приватно здравствено и патничко осигурување преку Кроација. Соработката се должи на потребата на транспортните компании и професионалните возачи во меѓународниот транспорт да бидат осигурени и обезбедени соодветно потребите на оваа професија и експертизата на Кроација осигурување за обезбедување релевантни услови и комплетна осигурителна логистика.

За потребите на членките на АМЕРИТ, Кроација осигурување создаде здравствено и патничко осигурување, што соодветствува на високите европски и светски стандарди во меѓународниот транспорт, како и специфичните регулативи, кои наметнуваат високи нивоа на обезбедување на транспортерите.

„Професионализмот и високите стандарди што ги поставивме во работењето придонесуваат Кроација да биде приоритет при изборот на осигурувањето. Овозможуваме безгрижност при патувањата од каква било природа, проследено со целосна наша асистенција и со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствените протоколи во земјата каде што престојува осигуреникот. Дополнителното патничкото осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за Ковид-19. Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита и сигурност за безгрижни патувања на професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт”, изјави Александар Манев, генерален директор на Кроација Осигурување – неживот.

„Транспортниот сектор, како еден од двигателите на економијата, во овој тежок период поради пандемијата со Ковид–19, којашто предизвика тешки последици врз транспортот, наметнува обврска за изнаоѓање дополнителни идеи и решенија за олеснување и подобрување на транспортот. Осигурувањето е еден од начините за справување и олеснување на транспортот, а воедно и на учеството на луѓето опфатени со него, како и постигнување повисок степен на сигурност и одговорност во секторот. Оваа нека претставува само еден од многуте начини и заложби за негово подобрување”, истакна управителот на АМЕРИТ, Лефтер Андонов.

Со овој меморандум за соработка се опфатени околу 400 компании што вршат меѓународен патен транспорт низ земјите во Европската Унија, но и пошироко, и со тоа овозможуваат непречен проток на патници, стоки и добра.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Халкбанк со акција за садење нови 9.200 дрвца

Објавено пред

Халкбанк активно инвестира во подобрување на еколошката средина за сегашните и за идните генерации. Во глобални рамки, компанијата е дел од коалицијата „Priceless planet“ заедно со Mastercard, чија цел е да се засадат 100 милиони дрва низ светот во следните 5 години. Својата мисија за позелена планета Халкбанк ја започна уште пред неколку години и досега кај нас има донирано над 25 000 садници, но има и реализирано многубројни активности во рамките на својата платформа „HalkEco“. Во последната акција за пошумување, во која учествуваа вработените на Халкбанк, посадени беа 9.200 дрвца во околината на Куманово.

Платформата „HalkEco“ промовира современ, здрав и еколошки свесен начин на живот. Во средиштето на платформата е апликацијата „HalkEco“, која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, да ја намалат емисијата на штетни гасови CO2 и да се вклучат во заштита на зеленилото. Досега корисниците на апликацијата имаат поминато над 701 681 километри во пешачење, трчање, возење велосипед или тротинет, а со тоа обезбедија засадување над 8 771 нови дрвја и ја намалија емисијата на штетни гасови за над 88 806 килограми CO2. Мобилната апликација „HalkEco“ и нејзините 6 469 корисници и натаму во континуитет овозможуваат банката од нивно име да сади уште повеќе дрвја.

„Со учеството во коалицијата ’Priceless Planet‘ само го засиливме нашиот придонес за подобра животна средина на локално и на глобално ниво. За да направиме разлика, мора да почнеме од себе, затоа ние, вработените во банката, земаме учество во акциите за пошумување, како што беше последната во Кумановско. Постојано настојуваме банката да биде пример за одговорно и еколошки свесно однесување. Во рамките на нашето работење, практикуваме паметно селектирање отпад, користење еколошки алтернативи, како и инвестиции во подигнувањето на свеста за околината, поттикнувајќи ги вработените и нашите клиенти активно да ни се придружат. Се радуваме на секое ново дрвце, секој нов корисник на апликацијата, секој убав збор на поддршка што постојано ги добиваме. Луѓето и нивната добросостојба се во центарот на сè што работиме и затоа ќе продолжиме и натаму да ги поттикнуваме здравите навики и одговорното живеење“, изјавија од Халкбанк АД Скопје.

Позитивните активности што ги практикуваат платформите „Priceless Planet“ и „HalkEco“ се пример за општествена одговорност. Иднината зависи од сите нас, а следејќи ги Халкбанк и нивната политика за одржлив развој, сите ќе имаме можност да придонесеме за поздрава животна средина и за грижа за планетата Земја. Погледнете го видеото од последната акција за пошумување на следниот линк.

 

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

MyIute – нова мобилна апликација за брзо и лесно аплицирање за кредит

Објавено пред

Следејќи ги најновите светски трендови за дигитализација на личните финансии, Иутекредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute, која обезбедува врвно корисничко искуство и достапност до финансии 24/7.

Со ова го олеснуваме начинот на аплицирање за кредит бидејќи сега имаме целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да дојдете до потребните финансиски средства со само неколку кликови од вашиот телефон.

Отсега преку MyIute корисниците ќе можат брзо и лесно да аплицираат за кредит, да ги прикачат сите потребни документи онлајн и во истиот момент да ги добијат парите на својата сметка.

Сето тоа може да се направи онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно од мобилен телефон!

А покрај можноста да се дојде до потребните финансиски средства веднаш, MyIute на корисниците им овозможува во секое време да го следат статусот на нивниот кредит, да платат рата од удобноста на својот дом, да добиваат персонализирани понуди од Иутекредит и партнерите во партнерската мрежа и многу други одлични поволности и бенефити.

Апликацијата е достапна за сите и истата може да ја пронајдете на Google Play и App Store на овој линк.

Иутекредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот која лансираше мобилна апликација за целосна дигитализација на своите услуги.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа4 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет5 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија17 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија21 час

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија24 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие