Економија
Со отворање ексклузивно уплатно место во Скопје, Спортските обложувалници „Моцарт“ одбележаа 10 години успешна работа во Македонија
Синоќа во Скопје, во предновогодишна атмосфера, Спортските обложувалници „Моцарт“ ги собраа вработените, соработниците, играчите и медиумите на отворањето на првото ексклузивно уплатно место во Македонија.

На Рекорд спроти Триумфална порта се наоѓа новото место за дружење и забава на љубителите на спортот и спортското обложување кое комплетно го менува концептот на уплатни места збогатувајќи ги со одличен ентериер и пријатна клубска атмосфера за забава и игра.
На настанот беше прикажано кратко видео со кое Спортските обложувалници „Моцарт“ го илустрираа својот десетгодишен раст на македонскиот пазар. Од почетната инвестиција во 2008г со 9 уплатни места и 36 вработени, „Моцарт“ прерасна во сериозна компанија со над 140 уплатни места и над 500 вработени.

„Доказ за успешното работење сите овие 10 години е уплатното место што вечерва го отвораме. Уплатно место кое е направено по сите светски стандарди и е најексклузивно уплатно место во Македонија, не само во нашиот ланец на уплатни места туку воопшто. Со овој стандард го подигнуваме искуството, на забава и следење на спортски натпревари, скалило повисоко. Просторот е луксузно опремен со двоседи, сепариња, маси за високо седење, посебна просторија за ВЛТ апарати и комплетно опремен шанк со целокупна понуда на алкохолни и безалкохолни пијалоци, сето тоа за максимално уживање во следењето на натпреварите.“ – изјави Васко Илијевски, маркетинг менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“.

На отворањето на ексклузивното уплатно место беа доделени и наградите на тројцата играчи кои погодиjа највисоки квоти во натпреварувањето „Погоди најголема квота“ кое беше актуелно на сите уплатни места на „Моцарт“ изминативе 2 месеци. Владимир Стефановски од Скопје со квота од 10.175 беше третопласиран и го доби најновиот iPhone XS Max.
Второпласираниот Круме Стефановски од Скопје погоди неверојатна квота од 15.772 и сосема заслужено ќе вози скутер Piaggio Medley 150. Апсолутен победник и тоа во последен час е Николче Габрешанец од Радовиш кој на последниот ден од натпреварот погоди квота од дури 34.638 која беше и повеќе од доволна да го освои преубавиот BMW X3, а покрај тоа може и да се пофали со одлична парична добивка.

„Се уште не ми се верува! Го бркав џипот од самиот почеток. Операторите од Радовиш знаат дека бев еден од најредовните во тоа. Викендот не ми помина ниту еден од тикетите за џипот, така што остана само понеделникот во кој немаше многу натпревари. Одиграв 8 тикети. Најчесто играм конечен тип X, но бидејќи немаше доволно натпревари овој пат изиграв X-X на тикетите. Еден од осумте се покажа како добитен. Не ми се веруваше, пресреќен сум и се уште во шок“ – изјави Николче Габрешанец, мајсторот кој ја погоди најголемата квота на натпреварот „Погоди најголема квота и освој BMW X3“.
Годината 2018 беше навистина успешна за Спортските обложувалници „Моцарт“. Започна со исплатената рекордна добивка од над 500.000 евра на играчот од Прилеп, продолжи со отворање на многу нови уплатни места и реализација на капитални проекти од стратегијата за општествена одговорност меѓу кои се издвојува реновирањето на ракометното игралиште на „Женска плажа“ во Струга каде веќе половина век се игра традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга“.
Плановите за 2019 година се подеднакво амбициозни – вели Васко Илијевски, маркетинг менаџер на Спортските обложувалници „Моцарт“ – Сигурен сум дека сѐ што сме замислиле ќе оствариме благодарение на тимот на „Моцарт“ кој е подготвен за сите предизвици и благодарение на нашите верни партнери – играчите кои знаат да препознаат квалитет. Денеска заокружуваме 10 години успех но приказната на Спортските обложувалници „Моцарт“ продолжува и во наредната деценија.
Спортските обложувалници „Моцарт“ им посакуваат Среќна Нова Година на сите граѓани на Р. Македонија.
(Платена ПР објава)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средба во Атина со колегите од регионот: Со заеднички напори ќе градиме интегриран и силен енергетски систем
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и зацврстување на соработката меѓу земјите од регионот на полето на енергетиката.
Министрите ја нагласија потребата од понатамошна меѓусебна соработка во регионот како катализатор на инфраструктурните развојни планови , пазарната интеграција во делот на гас и електрична енергија, флексибилноста и сигурноста во снабдувањето. Се разговараше на техничко ниво со владините претставници и систем операторите за гас и електрична енергија. Беше потенцирана одличната соработка помеѓу систем операторите на четирите земји , со дополнително барање да се интензивираат нивните контакти и продлабочи нивната соработка во понатамошниот период.
На крајот од состанокот во духот на понатамошна соработка беше договорено да се прошират работните групи со Србија и Македонија со цел да работат поефективно во насока на градење поврзана, поотпорна, одржлива регионална енергетска рамка, усогласена со целите на Европската енергетска унија.
При тоа, министерката Божиновска ја истакна важноста и потребата од координација во однос на инфраструктурата, пазарите и политиките, оценувајќи ја како клучна за изградба на поотпорен и поконкурентен енергетски систем во Југоисточна Европа.
„Денешната дискусија доаѓа во важен момент за нашиот регион. Југоисточна Европа се наоѓа во сложена енергетска транзиција, каде што сигурноста на снабдувањето, интеграцијата на пазарите и декарбонизацијата мора да напредуваат заедно. Македонија целосно ја споделува оваа визија. Ние сме посветени на зајакнување на енергетската безбедност преку диверзификација, забрзување на интеграцијата на обновливите извори на енергија и усогласување со внатрешниот енергетски пазар на ЕУ“, нагласи министерката Божиновска на средбата со колегите од регионот, додавајќи дека ниту една земја не може сама да се справи со овие предизвици.
Економија
Дурмиши: Со новите мерки обезбедуваме директна поддршка за малите бизниси, занаетчиите и преработувачката индустрија
Министерството за економија и труд денеска објави Јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во рамки на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2026 година.
За реализација на оваа мерка се обезбедени 11,34 милиони денари, а поддршката ќе се реализира преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци за набавка на нови машини и алати, но не повеќе од 200 илјади денари по барател.
„Со оваа мерка директно им помагаме на домашните компании и занаетчии да инвестираат во модернизација, нова опрема и зголемување на продуктивноста. Нашата цел е да создадеме поконкурентна домашна економија и да обезбедиме реална поддршка за малите бизниси, кои се двигател на економскиот раст“, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Право на учество на јавниот повик имаат микро, мали и средни претпријатија со мнозински домашен капитал, како и занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство.
Поддршката се однесува на трошоци направени во текот на 2025 и 2026 година, а сите апликанти кои ќе ги исполнат условите утврдени во јавниот повик ќе бидат опфатени со мерката.
Министерството за економија и труд најави и два нови јавни повици во рамки на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2026 година.
Првиот повик се однесува на надоместување на дел од трошоците за воведување и сертификација на стандарди во преработувачката индустрија, за што се обезбедени 2 милиони денари. Компаниите ќе можат да добијат кофинансирање до 70 проценти од трошоците, но не повеќе од 200 илјади денари.
„Преку воведување меѓународни стандарди им помагаме на компаниите полесно да се позиционираат на странските пазари, да ја зголемат конкурентноста и да станат дел од глобалните синџири на добавувачи“, истакна Дурмиши.
Вториот јавен повик е наменет за зајакнување на соработката помеѓу компаниите од преработувачката индустрија и универзитетите преку реализација на заеднички проекти. За оваа мерка се предвидени 5 милиони денари, а кофинансирањето ќе изнесува до 70 проценти од трошоците, но не повеќе од 500 илјади денари по проект.
„Инвестицијата во знаење, истражување, иновации и соработка меѓу бизнисот и академската заедница е клучна за технолошки развој, зелена и дигитална транзиција и создавање производи со повисока додадена вредност“, соопшти министерот Дурмиши.
Економија
Божиновска на Energy Transition Summit во Атина: Посветени сме на заложбите за кредибилен партнер во Европската енергетска интеграција
Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“, кој се одржува во Атина, Грција.
На Самитот, којшто е во организација на Financial Times и Катимерини, учествуваат високи владини претставници од регионот, како и претставници на бизнис и финансискиот сектор на регионално ниво.
Министерката Божиновска, во својот говор се осврна на важноста од регионалното енергетско поврзување:
„Во изминатите неколку години многу јасно се покажа дека ниту една земја во нашиот регион не може сама да изгради енергетска безбедност, и дека ниту една транзиција не може да успее ако не е сигурна, достапна по цена и погодна за инвестиции. За мојата земја ова е прашање на енергетска безбедност, економска конкурентност и социјална стабилност. Затоа, за нас остварувањето на целите за 2030 значи три работи: изградба на регионална интерконекција како безбедносна инфраструктура, интеграција на обновливите извори преку мрежи, складирање и балансирање, и одржување на транзицијата достапна, социјално праведна и привлечна за инвестиции“, рече министерката Божиновска.
Набројувајќи ги постигнувањата на нашата земја на полето на енергетиката, министерката Божиновска потенцираше дека нашата цел е географската позиција на земјата да се претвори во предност.
„Гасниот интерконектор со Грција е клучен пример. Со почетен капацитет од 1,2 милијарди кубни метри годишно и можност за проширување до 2,8 милијарди кубни метри, тој ја менува нашата позиција од енергетска крајна точка во дел од регионален коридор. Ова е важно затоа што диверзификацијата денес не значи само повеќе снабдувачи. Таа значи повеќе рути, поголема флексибилност и поголема отпорност.
Преку поврзувањето со Грција, нашата земја го зајакнува пристапот до регионалните гасни текови, вклучително и LNG инфраструктурата. Планираната интерконекција со Србија е следниот чекор кон посилна север-југ енергетска поврзаност во Југоисточна Европа. Нашата позиција е јасна: интерконекторите се инструменти на регионална стабилност, енергетска дипломатија и долгорочна отпорност“, нагласи министерката Божиновска на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на „Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe“.
