Компании
19 години Вработување.ком – Создаваме визија, градиме вредности и одиме понатаму!

На 6 јуни 2022 година Вработување.ком, првиот портал за огласи за работа, прослави 19 години од своето постоење
Како прв онлајн портал за огласи за работни места кој се појавил во земјава, несомнено е дека предизвиците и искушенијата низ изминативе години биле многу. Но, од друга страна, визијата, истрајноста, желбата и упорностa да се успее и да се остане предводник на иновативните решенија и понуди на пазарот на труд, е она што Вработување.ком го прави најпосетуван портал за огласи за вработување, но и избор број еден кога станува збор за поддршка и консултантски услуги на компаниите.
19 години Вработување.Ком е поводот да направиме една ретроспектива на случувањата на пазарот на труд со Генаралниот Менаџер на Вработување. ком Дарко Велков – но, во исто време да позборуваме и за растот и развојот на Брендот Вработување кој од 2017 година е партнер со хрватскиот Moj Posao и е дел од ALMA CAREER групацијата.
Кои беа предизвиците со кои се соочивте при почетоците и отварањето на компанијата како и стартот на онлајн огласувањето?
Сите почетоци се тешки, а посебно ако почнувате нешто сосема ново. Да зборувате за онлајн огласување и барање работа во време кога интернет е мисловна именка, а компјутерите скапа непотребна инвестиција, во тоа време делуваше и смешно, но од друга страна и лудо. „Како тоа преку компјутер ќе бараш работа: Како тоа некој ќе се пријави за работа преку компјутер?“ Една анегдота која постојано ја кажувам, а е поврзана со тоа колку не беше запознаен пазрот за онлајн можности е моментот кога наместо Вработување.ком не потпишуваа како Вработување точка ком.
Беше тоа долга, напорна борба, со падови, подвизи, сопки, напредување, стагнирање, но се на се, патека по која повторно би одбрал да се движам зошто ја остваривме и мисијата и ја реализиравме идејата. И продолжуваме понатаму!
Може ли да ни кажете како се менуваа трендовите за вработување низ годините?
Кога ние почнувавме (2003), бројот на приватни компании беше мал, а со тоа и понудата на работни места и опции зa работа беше помала. Имаше неколку фабрики, неколку помали компании, како бутици продавници и сл. Од друга страна луѓето беа вработувани според дипломата, а не според компетенциите. Генерално со растењето на пазарот појавата на нови занимања нови компании, се појави потреба од нови вештини и потреба од преквалификации на работниците. Тука Вработување.ком имаше исто така голем удел во спроведување едукативни работилници за преквалификување на работници чии занимања веќе не се бараат, или дополнување на нивните вештини и способности.
Еден посебен тренд кој го почнавме е зборувањето за и воведувњето на секторите за Човечки ресурси во компаниите. Гласно зборувавме за потребата и развојот на овој сектор и задоволни сме од тоа што се случува сега. Ако порано соодносот на оние кои немаат таков сектор бил 80- 20, сега веќе се приближуваме на обратниот сооднос.
Друг тренд на вработувања беше отварањето на моловите, доаѓањето на фабриките во зоните кога се бараа масовно работници за во производство, но и работници во продавници… Секако се појави и потребата од инженери и менаџери…
Последниот тренд доаѓа со развојот на ИТ секторите кои донесоа една огромна промена во понудата и побарувачката на работници.
Инаку најактуелниот тренд е дека во сите земји е присутна “епидемијата“ на недостаток на работна сила. И една Германија нема работници, работници бараат и Австрија и Финска и Норвешка. Работници се бараат и во Хрватска и во Словенија и Србија. Па јас ќе го оставам отворено прашањето каде навистина се луѓето?
Кои се најголемите предизвици во овој период за оние кои бараат работа и оние кои бараат работници?
Мислам дека инфлацијата прави најголем притисок кај двете страни. Едните бараат повеќе средства за поквалитетен живот, а другите односно компаниите се борат со зголемени трошоци и намален пазарен удел. И на двете страни барањата им се оправдани но за жал многу малку има разбирање и компромис што пак е голем проблем. Сметам дека сега треба да проработи оној човечкиот момент свесноста, припадноста лојалноста и разбрањето. Посебно за оние работници кои долго време се дел од компаниите. Нештата ќе се стабилизираат порано или подоцна, сега е моментот кога треба да си дадеме поддршка, разбирање и искреност. Тоа на долг рок сигурно повеќе ќе се исплати, отколку моментално задоволување на потребите.
Како го коментирате „Хибридниот модел“ на работа и новите трендови на работа од дома?
Ако треба да одговорам лично – не ми се допаѓа. Бидејки се појавија огромни непродуктивни процеси. Немаат сите можности да ги мерат правилно вработените, а постојат огромни обиди да се најдат дупки во истите. Кај младите пак на кои им е прво работно место ќе има потешкотии бидејки нема да створат припадност кон брендот за кој понатаму треба да покажат лојалност. Таму тоа ќе остане правило нема да чуствуваат никаква припадност ниту одговорност кон брендот за кој работат. Лесно ќе си одат на друго работно место а некои дури и пречесто, што во човечките ресурси го цитираме како голем проблем за во иднина.
Сакам да кажам дека честите менувања на работните места прават проблем во работните биографии на работниците бидејќи со тоа се намалува вреднувањето на кандидатот за вработување.
Луѓето од HR секторите велат дека никогаш не било по тешко да се дојде до квалитетен кадар, што мислите зошто е тоа така?
Се појави тренд на недоаѓање на потврдени интервјуа од страна на кандидатот. Тоа е многу неделовно. Секој кандидат создава слика за себе посебно. Ова може многу да им одмогне во иднина кога ќе аплицираат за некое друго работно место. Очигледно е дека сега повеќето бараат работа во странство, но и тоа за година две ќе се страбилизира бидејки платите ќе пораснат и добар дел ќе се вратат кога ќе видат дека нигде не е лесно за работа. Потоа ќе се појави тренд во кои ние ќе увезуваме кадар од страна и веројатно ќе треба уште сега да се почне со олеснување на процедурите за добивање работни дозволи. Едната иницијатива е Отворен Балкан. Веројатно многу наши ќе бидат повлечени од фабриките во Србија. Мора да смислиме олеснувања за работна сила од сосема други земји.
Кои се предвидувањата што ќе е случува на пазарот на труд во следнава година?
Притисокот ќе биде голем до средина на септември, ќе биде тешко се додека да се вратат оние кои отишле на сезонска работа во Хрватска, Словенија и сл. Но, од друга страна пак не сум сигурен колку тие повратници ќе можат да најдат стабилни работни места или да се вратат на истите, бидејќи веќе некој има на тоа место. За жал сведоци сме и дека голем дел на административци одат на боледување или земаат неплатен одмор и одат да работата Хрватска, па после си се враќаат на старите позиции…
А во однос на тоа како ќе се менува пазарот, мислам дека и Македонија ќе навлезе во процесот на Автоматизација.
Угостителство заради недостаток на работници ќе прејде кон самопослужување, ќе се намали број на вработени и на бензинските пумпи па ќе се оди кон самопослужување ќе имаме дигитализација на каси, наплатните шалтери ќе бидат заменети автомати или онлајн плаќање. Компаниите, продажбата ќе ја прават со помош на Data Science екперти и секој потрошувач ќе добива Дигитализирано обработена понуда врз основа на неговите потреби, а не од човек…
Сигурен сум дека и рударска индустрија ќе мора да се автоматизира како и градежната – Градежните работници стареат, а младите на сакаат да работат тесарски работи.
Инаку, сметам дека трендот на немањето работници коj владее последнниве неколку години, може да се бара и во бројноста на администрацијата каде што се вработени најголемиот дел од луѓето. Мислам дека е време да се едуцира и да се зборува за неконкурентноста на администрацијата. Таму е вработено најголемиот дел од работоспособното и верувам квалитетно население, кое ете заради сигурна плата останува и ја губи способноста и за напредок и за конкурентнтност на пазарот. За жал овие неколку години притосокот со недостаток на работници се зголемува, а се зголемува и притисокот за државата за исплата на овие луѓе.
За жал голем дел од нив речиси и ништо и да не работат. Се случува да „одат“ на работа, и овие наводници не се случајни, бидејќи ништо не работат и не стекнуваат никакви вештини и ако се случи да бидат отпуштени не можејќи да се снајдат тука, она што им останува е да бегаат во странство. Секоја година има најава за намламување на администрацијата и мислам дека тоа треба конечно да се случи. Барем за 40 проценти. Буџетот на државата ќе биде под помал притисок, а компаниите ќе го решат проблемот со недостатаок на работници. Затоа што платите на работниците во приватниот сектор растат и тој раст ќе продолжи.
Што им препорачувате на младите каде да се запишат и што да учат за добра кариера?
Стручни училишта, конкретни компетенции, компјутерски науки, обуки за продажба и многу јазици.
Има ли нешто на што сте посебно горди од овие изминати 19 години?
Посебно сум горд на нашата трпеливост и издржливост. Не е лесно да се издржи било кој бизнис во толку несредена околина.
Драго ми е дека работиме со сите компании во Македонија и тоа и во делот на огласување и во делот на консултантски услуги како и регрутација. Огромно задоволство ми причинува моментот кога доаѓаат нови компании во земјава и ни ја даваат довербата токму ние да им го регрутираме кадарот и да им го оформиме тимот. Задоволство ми е и кога компаниите се враќаат кај нас после искуство од некое друго место, потврдувајќи ни го квалитетот.
Максимално се трудиме да бидеме во чекор со новите трендови на пазарот на труд. Драго ни е дека обуките за самовработување и за развој на вештини кои вработување ги почна пред 10-15 години се уште се спроведуваат на еден или друг начин. Исто не радува и моментот на кариерните саеми кои Вработување ги правеше со факултетите и училиштата низ Македонија дека продолжуваат да се реализираат. Драго ни е дека пионерски поставивме основа за развој на еден сосема нов бизнис поглед на пазрот на труд.
А иднината носи многу новитети. Прва на листата е наградата Најдобар Работодавач која вработување ќе почне да ја доделува. А за да го пронајдеме најдобриот работодавач ќе мораме да ја искористиме платформата за проверка на пулсот на вработените Пулсер.Мк. Преку неа работодавачите точно ќе знаат што им се случува во компанијата и како нив ги гледаат вработените.
Продолжуваме со онлајн саемот за вработување и драго ни е дека веќе на големо се зборува за Брендирањето на Работодавач, уште еден пионерски поим кој го воведе Вработување, а компаниите се повеќе почнуваат да го следат. Некои компании веќе креираат и посебни маркетинг одделенија за Employer Branding.
Се надевам дека и во иднина ќе бидеме предводници на иновативните идеи и решенија на пазарот на трудот. Всушност тоа ни е врежано и во описот Вработување.ком – ПРВ портал за вработување во Македонија.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милион евра

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза.
Најновата инвестиција на „Алкалоид“ АД Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет.
Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини; подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага; административни простории и технички кат. За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.
Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.
Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милион евра беше извршено од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски, во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата. Во складишните капацитети на „Алкалоид“ АД Скопје вработени се вкупно 120 извршители.
ПР
Економија
Шпаркасе банка – Супербренд за 2022 година

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе банка се закити со престижното признание – Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година.
Супербрендс е меѓународна организација, која има за цел да ги препознае одличните брендови на различни пазари и да ја промовира културата на брендирање. Во организација на Супербрендс Македонија секоја година се избираат најсилните брендови во нашата земја, а учество во изборот им е овозможено само на најуспешните од секоја област.
Шпаркасе банка годинава првпат е прогласена за Супербренд во категоријата финансиски институции во земјата исполнувајќи ги четирите основни критериуми неопходни за добивање оваа награда: квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност на корисниците кон брендот.
– Се гордееме со фактот што Шпаркасе банка ќе го носи знакот на Супербренд за 2022 година и напорите на банката да создаде бренд што е препознатлив и создава силна емотивна врска со своите клиенти, резултираа со плод, па така банката претставува синоним на традиција, квалитет, сигурност и одговорност во перцепцијата на нашите клиенти. Нашето мото „Верувај во себе“ не е само формално, туку мото зад кое суштински стоиме. Макотрпната работа, цврстото верување во нашиот бренд и посветеноста кон клиентите, остануваат наша трајна определба, а оваа награда ќе ни биде дополнителна мотивација да работиме во насока на стекнување уште поголема доверба кај клиентите и зголемување на базата на задоволни и лојални клиенти – изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје.
Изборот на најдобрите и најсилни брендови го организира и го надгледува меѓународната организација Супербрендс, глобален авторитет во сферата на брендингот. Изборот се спроведува во повеќе од 90 земји низ светот и во него досега учествувале над 22.000 бренда. Во процесот на избор учествува стручно жири со голем број внимателно одбрани експерти со свои оценки, како и потрошувачите.
Изборот за Супербренд на Македонија за 2022 година е уште една потврда за зацврстувањето на брендот на Шпаркасе банка како препознатлив бренд што создава доверба кај потрошувачите, како и стремежот да биде прв избор на банка за клиентите. Главна цел на банката останува понуда на квалитетна услуга и иновативни производи, со цел подобрување на корисничкото искуство и задоволство на нашите клиенти, кои се во фокусот на работењето.
Шпаркасе банка е членка на Групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија групацијата е застапена со Шпаркасе банка и Шпаркасе лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
ПР
Економија
ЕСМ: 100 отсто ќе ги покриеме потребите за струја за сите корисници на универзалниот снабдувач

ЕСМ вети дека 100-процентно ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач со струја за граѓаните и малите потрошувачи за претстојната грејна сезона.
Од компанијата велат дека до утре ќе поднесат понуда на јавна набавка на „ЕВН хоум“.
„АД ЕСМ достави до Владата пресметки и предлози во однос на цената и количините по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Во согласност со одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ‘ЕВН хоме’“ се наведува во соопштението од компанијата.
Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврдила дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини електрична енергија, кои му се потребни на „ЕВН хоме“, односно 100 % да ги покрие потребите на универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 %), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на „ЕВН електродистрибуција“ и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.
За таа цел, ЕСМ додава дека го зголемила планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 % од производството во 2021 година.
„Конзумот на ‘ЕВН хоме’ е зголемен 27 % поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветление). Дополнителните потреби на ‘ЕВН хоме’ и на ‘ЕВН електродистрибуција’ ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните ‘Битола’ и ‘Осломеј’, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ ‘Неготино’“ појаснуваат од компанијата.