Компании
„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.
Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.
Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.
„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје.
„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.
„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.
„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.
Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Млекара Маестро“ дел од големиот саем „Продекспо 2019“

Како единствен претставник од прехранбената индустрија од Македонија, „Млекара Маестро“, го претстави своето портфолио на производи на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и Југоисточна Европа, „Продекспо 2019“.
На својот изложбен простор „Млекара Маестро“ го прикажаа своето широко портфолио на производи, доближувајќи го маестралниот вкус на големата производна линија на „Маестро“ до руските потрошувачи и претставниците на прехранбената индустрија од целиот свет кои што покажаа одличен интерес за сите производи.
„Млекара Маестро„ со своите производи веќе 4 години е присутна на пазарот во Русија, а на саемот заинтересираност покажаа и претставници на бизнис-секторот од други земји во Источна Европа и Азија.
На овој значаен деловен настан, кој се одржа во Москва од 11 до 15 февруари, учествуваа 2.442 компании од 69 држави од светот. Настанот што важи за најголем меѓународен саем на прехранбени производи, пијалаци и суровини за нивно производство во Русија и Источна Европа, се одржа 25 пат по ред и им овозможи на компаниите да ги презентираат своите производи пред повеќе од 62.000 посетители од 100 земји.
(Платена ПР објава)
Економија
ЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

АД Електрани на Македонија објави дека ќе изврши продажба на вишоци електрична енергија за периодот од 25 февруари до 3 март 2019, во вкупни количини од 9.600 MWh електрична енергија.
Како што велат од компанијата, количините се одредени согласно со моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.
Моменталните цени на HUPX (унгарската берза на електрична енергија) за базна енергија за неделата од 25 февруари до 3 март изнесуваат BL Wk 09-19 = 50,38 EUR/MWh.
Аукцијата ќе се одржи задутре.
Економија
Бонус до 400% во „Спорт лајф“!

„Спорт лајф“ стартуваше со нов екстра бонус со кој играчите имаат можност за дополнителна заработка на своите тикети. Скалата на бонуси започнува со одиграни најмалку 7 натпревари, па така на пример за одиграни 10 натпревари, екстра бонусот изнесува 24%, за 15 натпревари – 64%, за 18 натпревари – 88% и тн. Највисокиот бонус е во износ од 400% за одиграни 36-40 натпревари.
Екстра бонусот важи за несистемските тикети со една комбинација, ги опфаќа и тикетите со натпревари од понудата за oбложување во живо, микс-тикетите и натпреварите од понудата „Супер тип“.
Имајќи предвид дека „Спорт лајф“ располага со повеќе од 800 игри, во комбинација со екстра бонусот можностите за добивка се уште поголеми.
Деталите за новиот екстра бонус можете да ги проверите тука.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал