Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

„Алкалоид“ со 175 нови вработувања и со двојно зголемени инвестиции во износ од над 1,1 милијарда денари

Објавено пред

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнуваат 6.900.199.436 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8.929.099.884 денари, што е за 8 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 9%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 7%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 8%, а на другите пазари се остварени 3% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43%, Албанија бележи раст од 36%, Романија раст од 30%, Грузија раст од 15%, Ерменија раст од 15%, САД раст од 14%, Словенија раст од 12%, Србија раст од 12% итн.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 22%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати со 14%, антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 8%, а билкарството учествува со 4%.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.474.095.030 денари, бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето-добивка изнесува 846.140.649 денари и е зголемена за 11%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.547.989.921 денари и бележи раст од 16%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 847.483.426 денари е зголемена за 15%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-септември 2020 година, изнесуваат 1.178.726.785 денари, што е за 96% повеќе во однос на истиот период од 2019 година.

Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година.

Вработени

Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата.

Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-септември 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00 денари или просечно 12.070,36 денари за една акција, што претставува раст од 35% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30.9.2020 изнесуваше 17.9 милијарди денари.

Бизнис-план за 2020 година

Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на COVID 19. Ние во „Алкалоид“ презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот и третиот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирањена порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидности на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, одржа прес-конференција, на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании што аплицираа за мерките од Законот за финансиската поддршка на инвестициите за 2020 година.

„Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства што компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, тоа значи стабилност на нивните работни места и отворање нови. Дополнително, ова се инвестиции што компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од Ковид-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.

Во однос на големината на компаниите вицепремиерот укажа дека повеќето се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53 %), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26 %), па 5 микрокомпании (13 %) и најмалку се големите компании, само 3 (8 %).

„Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиската поддршка на инвестициите дава еднаква можност за сите компании во земјата независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените остануваат врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во постковид-периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцира вицепремиерот Битиќи во своето излагање.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата, која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи има можност да објави дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, кои и покрај сè, успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.

„Кога го создадовме планот за економски раст пред 3 години, многу луѓе беа скептични дека овој план нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но, податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, истакна министерот.

Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции, објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост-Ковид-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерките за производни компании што реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.

„Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид-криза, но и постковид-кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот, можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите што аплицирале, дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата, која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија по што ќе продолжиме и со потпишување нови договори за инвестиции што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информира дека Министерството за економија во тесна соработка со канцеларијата на претседателот на Владата, кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии почнаа со изготвување текст за изменување и дополнување на Законот за финансиската поддршка на инвестициите имајќи ги предвид критериумите кои моментно се во тој закон со цел да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании за наредната година да може да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите што во моментот се предвидени како основни критериуми за да може да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Прикажи повеќе...

Економија

„Рајанер“ и „Изиџет“ ќе им ги вратат парите на патниците за откажаните летови во Италија

Објавено пред

Италијанскиот регулатор за авиосообраќај соопшти дека успеал да убеди четири нискобуџетни авиокомпании, вклучувајќи ги и ирската „Рајанер“ и британскиот „Изиџет“, да им понудат на патниците за откажани летовите да им ги вратат парите наместо да им нудат ваучери.

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM објави дека ја прекинува истрагата против „Рајанер“, „Изиџет“, „Вуелинг“ и „Блу панорама“, бидејќи ги исполниле нејзините барања.

Покрај можноста за враќање на средствата, четирите авиокомпании ќе обезбедат бесплатен пристап до нивните кориснички услуги и ќе го зголемат бројот на работници во службите за корисници.

AGCM започна постапка против превозниците кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Европа44 минути

Научник од Оксфорд: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се започне со вакцинација

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од Оксфорд, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека...

Регион1 час

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија2 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно2 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа2 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа3 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа4 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет16 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија16 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија17 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет19 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија20 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија21 час

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија21 час

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија23 часа

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија1 ден

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Досие