Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Бектеши: Интензивно работиме на подготовка на антикризни мерки за најпогодените сектори

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, имаше официјална работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска. На средбата беа присутни и секторските претседатели на Сојузот.

Министерот ги информираше претсавниците од ССК дека Министерството за економија и Владата интензивно работат на нови мерки за поддршка на најпогодените сектори од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Во моментот се прават проценки за да се обезбедат средства за четвртиот пакет на антикризни мерки.

„Имајќи ја предвид здравствената и економска криза ние како Министерство за економија и како Влада започнавме со креирање нови мерки со цел да ги задржиме работните места, но истовремено да им помогнеме на секторите кои беа најпогодени и со одлука на Влада беа целосно затворени изминатите месеци. Ние досега добивме неколку предлози и сугестии и верувам дека преку отворена дискусија денеска ќе разговараме за дополнителни мерки кои ќе бидат во интерес на најпогодените компании, со цел да креираме таргетирани мерки кои навистина ќе им помогнат за рестартирање на економија во третиот и четвртиот квартал, но и за следната 2021 година“, изјави министерот Бектеши.

Претседателката на ССК, Данела Арсовска, истакна дека неопходно е државата да помогне за да преживее бизнисот, посебно фирмите кои во претходните години вложуваа многу.

„Очекуваме интервентно да се делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање. Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, постојат дејности кои сè уште се принудно затворени од Владата за што е неопходно што поскоро по примерот на земјите од регионот и светот да се креираат прецизни протоколи за работа за остварување на дејноста, но и здравствена превенција и да им се овозможи да функционираат“, потенцираше Арсовска.

Министерот Бектеши истакна дека мерките ќе бидат донесени со целосна вклученост и консултација на секторот врз основа на реалните потреби. Тој информираше дека соработката со Сојузот и во претстојниот период ќе се интензивира со цел економските мерки да имаат поголем ефект за најпогодениот сектор. Бектеши најави дека поддршката ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет-мерки, кој е во фаза на подготовка.

Прикажи повеќе...

Економија

„Еуроимпекс“ е избран за генерален увозник на „Опел“ за пет земји од регионот

Објавено пред

„Опел“ отиде чекор понапред во развој на својата бизнис-стратегија на пазарите во Европа, објавувајќи го новиот соработник и увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, производителот донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија „Еуроимпекс“ како почитуван незавизен локален увозник и соработник.

Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење „Еуроимпекс“ остварува сериозно голем развој, каде покрај „Пежо“ го презема работењето и на „Опел“, а со тоа презема уште еден бренд од групацијата ПСА.

Договорот е потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, „Еуроимпекс“ станува генерален увозник за Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на „Опел“ одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат преземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата.

Трансакцијата и лансирањето на новиот бизнис-модел ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните институции за заштита на конкуренцијата.

„Одлуката уште еднаш потврдува дека сè се одвива согласно целите зададени во нашиот PACE! стратегиски план. Овој нов модел ќе придонесе нашите продажни планови во почитуваните земји да бидат поагилни, ефикасни и согласно истото, поконкурентни“, изјави Хавиер Дукемин, извршен директор за продажба, пост-продажба и маркетинг во Opel/Vauxhall и додаде: „Длабоко сме уверени дека по оваа одлука нашиот бренд ќе има многу подобри резултати во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.“

„Еуроимпекс“ ја почна соработката со брендот „Пежо“ во 1992 година, а првиот договор за соработка беше потпишан во 1994 година. „Еуроимпекс“ веќе пет  години е генерален увозник за „Пежо“ за сите пет погоре споменати балкански земји. До почетокот на оваа соработка, повеќе од 20.000 возила на „Пежо“  се продадени.

Во 2019 година, на територија на Серверна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија,   беа продадени 2.500 возила на „Опел“, врз основа на што се предвидува раст на брендот во годините кои следат.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

TOYOTA PROACE City – создаден за вашиот бизнис

Објавено пред

Овој септември на македонскиот пазар TOYOTA носи одличен новитет за секое бизнис-ориентирано лице, на коешто му е потребно верен и издржлив партнер во бизнисот. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионаланите возила во гамата на TOYOTA – TOYOTA PROACE City.

Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови бизнис-потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга,2.167mm), па сè до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата.

PROACE City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон. И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.

„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на TOYOTA покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. TOYOTA нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%,“ изјави Ана Трајковска, Маркетинг менаџер во TOYOTA Авто Центар.

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис-обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и корисни перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – TOYOTA PROACE City.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет5 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура6 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет6 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ7 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион9 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија9 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион9 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија10 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ10 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија11 час

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет12 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија15 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија15 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет16 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија16 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет16 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ17 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт17 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Досие