Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Иднината на спортските автомобили е тука – пристигна Porsche Taycan

Објавено пред

Ги видовме сликите, сега го гледаме пред нас. Во салонот на Порше Македонија пристигна новиот и комплетно електричен Porsche Taycan.

Први впечатоци: Како ништо што досега сме виделе на патот, но сепак ненаметливо присуство. Taycan е првото електрично возило на Porsche, кое е краен резултат на концептот Mission E кој беше претставен во 2015 година. Очекувањата од Taycan се големи, затоа што во него се гледа иднината на спортскиот автомобил.

Изгледот потврдува. Инженерите на Porsche го имаат дизајнирано Taycan да биде максимално ефикасен во справувањето на воздушниот отпор, да канализира воздух низ предните отвори преку каналите за ладење на батеријата и системот за сопирање и да постигува доволен downforce на задната оска за стабилност во свиоците. Крајниот резултат е најаеродинамичното Porsche на сите времиња, со коефициент на воздушен отпор од 0,22 и целокупен изглед кој делува како возило кое е пратено од иднината.

Пред нас e Turbo верзијата на Taycan, која има 2 електромотори, по еден на секоја оска, кои заедно развиваат 670 коњски сили. Taycan има менувач, за разлика од сите останати електрични возила, кој е двобрзински, поставен на задната оска и работи само за задниот електромотор, а неговата задача е да го лансира Taycan за декларирани 2,7 секунди до 100 километри на час.

Батериите се со капацитет од 94 kWh, доволни за досег до 450 километри.

Внатрешноста на Taycan на прв поглед е речиси идентична со новата генерација на 911. Но тој впечаток останува таков сè дури не го притиснете копчето за контакт. 3 големи екрани, еден лоциран на местото на класичната инструмент-табла која сега е заменета со комплетно дигитален систем од 11 инчи и 2 екрани на централната конзола. Класичните копчиња за команди се заменети со команди на допир одлично интегрирани на екранот во фокусот на возачот, а во него се поставени контролите за светлата, мултимедиата, навигацијата и речиси сите други функции на возилото. Класичниот селектор на режим на возење останува поставен на воланот, каде што и припаѓа, а прегледноста на централната конзола е одлична за ракување, јасно и видливо ги прикажува сите информации, иако е поставена под кровот кој е целосно стаклен.

Позицијата на седење е идентична како кај 911, што значи перфектна. Во задниот дел инженерите на Porsche ги имаат поставено батериите под самите седишта, за просторот за нозе да е максимално искористен за удобноста на патниците.

Со лансирањето на Taycan, Porsche ги успокојува сите љубители на спортските возила и скепцити на неизбежниот премин од возила со мотор со внатрешно согорување кон возила на електричен погон.

Иднината нема да биде здодевна, таа ќе биде електрична.

 

 

(ПР текст)

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

ЕБОР ќе финансира станбени кредити и еколошки инвестиции во згради во земјава

Објавено пред

Вкупната сума на кредитирањето на ЕБОР изнесува 5 милиони евра за Шпаркасе банка Македонија, наменети за поддршка на кредитирањето на домаќинствата заедно со мерки за енергетска ефикасност.

Кредитот во износ од 2 милиони евра од ЕБОР за Шпаркасе Банка Македонија, ќе ги поддржи инвестициите во еколошки технологии со високи перформанси, наменети за зградите во приватна сопственост, вклучувајќи и објекти за домување во Северна Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија ќе ги пласира средствата на физички лица-корисници на кредитите кои планираат да инвестираат во технологии, материјали и решенија за подобрување на енергетската ефикасност. Финансирањето на ЕБОР е преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility – GEFF).

Зградите во Северна Македонија имаат итна потреба од реновирање и воведување на изолација, со што се очекува да ги намалат трошоците и да се подобри удобноста на живеење. Ова е трета кредитна линија преку GEFF за Шпаркасе Банка Македонија, со која се задоволува растечката побарувачка за овој финансиски продукт.

Дополнително на ова, ЕБОР одобри €3 милиони од кредитната линија за хипотекарни кредити на Шпаркасе Банка Македонија, за натамошно приватно кредитирање на потребите на домаќинствата. Ова е вториот хипотекарен кредит на ЕБОР кон оваа банка. Првиот беше потпишан во 2017 година и беше целосно пласиран на пазарот во земјата. Финансирањето на хипотеките, во комбинација со кредитот за подобрување на заштедите на енергија кај домаќинствата, ќе помогне во проширување на кредитирањето во резиденцијалниот сектор.

GEFF во Северна Македонија е дел од Програмата за Западен Балкан (Green Economy Financing Facility – GEFF) во износ од €85 милиони, одобрена во 2017 година, како заедничка иницијатива на Европската Унија (ЕУ), Австриското Федерално Министерство за Финансии и земјите кориснички на средствата од Инвестициска програма за поддршка на Западен Балкан ( Western Balkans Investment Framework – WBIF).

Иницијативата работи под покровителство на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (Regional Energy Efficiency Programme for the Western Balkans – REEP Plus), финансирана од ЕУ, и имплементирана во партнерство со Европскиот Секретаријат за енергетика. Со оваа програма се обезбедува поддршка на политиките за хармонизација на законодавството и регулативите на енергетската ефикасност кај зградите на домување во земјата, со релевантните европски директиви.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над €2 милијарди во 129 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за ЕБОР, бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Амазон“ највреден светски бренд

Објавено пред

Компанијата „Амазон“ е највреден светски бренд во светот. Според истражувањето што го објави веб-страницата howmuch.net, вредноста на компанијата е проценета на 221 милијарди долари.

howmuch.net објави листа со 100 највредни брендови во светот, а при правење на ранг-листата се користени податоци од организацијата Brand Finance.

На второ место со вредност од 160 милијарди долари е „Гугл“, следи „Епл“ со 141 милијарди долари, „Мајкрософт“ со вредност од 117 милијарди долари и „Самсунг“ со 94 милијарди долари.

Потоа следуваат банкарската групација ИЦБЦ, „Фејсбук“, „Волмарт“, „Пинг ан“ и „Хуавеј“.

Највреден европски бренд е „Мерцедес“, кој е на 11. место.

Во истражувањето се истакнува дека вредноста на брендот се разликува од пазарната вредност. Така на пример, компанија со најголема пазарна вредност е саудискиот нафтен гигант „Сауди Арамко“, чија пазарна вредност се проценува на 1.800 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија2 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија5 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет6 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија6 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион6 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион8 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа8 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава8 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија9 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија10 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија10 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт20 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија22 часа

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија23 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија1 ден

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Досие