Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

(Видео) Битиќи во посета на „Еуроникел индустри“: Владата ќе продолжи да ги поддржува компаниите во нови инвестициски потфати

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја посети компанијата „Еуроникел индустри“ во Кавадарци, каде што се сретна со генералните директори на компанија и се информира за тековните производни активности во комбинатот и нивните идни деловни планови.

По извршената обиколка на производните погони на „Еуроникел индустри“, вицепремиерот Битиќи во изјава за присутните медиуми посочи дека станува збор за еден од најголемите работодавци во Кавадарци и регионот, со речиси 1.000 вработени лица, која соработува со 70-80 транспортни компании од овој регион, ги поседува и сите еколошки дозволи за работа, а е четврта по вредност на извезени производи, со приближно 166 милиони евра извоз во 2019 година, и деветта по вредност во остварени приходи во земјата (169,5 милиони евра).

„Станува збор за целосно извозно ориентирана компанија, а дополнително е важно што производот што го извезуваат, тоа е фероникелот, дава дополнителна, додадена вредност на нашата економија, односно има додадена нето-вредност на направениот извоз. И оваа година, и покрај економската криза во целиот свет, успеале да го зголемат и производството и да го одржат на исто ниво извозот и бројот на вработени. Тоа е добро за локалната економија, за сите вработени, но и генерално за економијата на Северна Македонија, особено во ова време на светска криза. Владата ќе продолжи со поддршка на инвестициите во технолошки развој, унапредување на производството, набавка на нови машини, изградба на нови хали, отворање центри за развој и истражување и вработување нови лица. Владата ќе продолжи да ја дава оваа поддршка за стопанството преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, нагласи вицепремиерот Битиќи за време на посетата на „Еуроникел“.

Првиот генерален директор на „Еуроникел“, Герасим Кујунџиев, се осврна на активностите на компанијата, развојните планови и за значењето на компанијата за развојот на домашната економија.

„’Еуроникел индустри’ успеа и во време на пандемијата да воспостави безбеден и континуиран производен процес, што резултира со зголемено производство и извоз како продолжување на позитивниот тренд од 2019 година. Кај нас нема намалување на обемот на работа, ниту кратење на вработени или плати, но секако ова е постигнато со енормни напори на сите засегнати страни, од инвеститорите до работниците. Сепак, предизвиците се големи, при што најзначајна и најпотребна е поддршката од институциите и државните органи да му излезат пресрет на приватниот сектор со редовно и доследно исполнување на обврските затоа што нашиот придонес кон домашната економија е значаен во секој поглед“, посочи директорот на „Еуроникел индустри“, Кујунџиев.

Прикажи повеќе...

Економија

Финансиска помош од 7,5 милиони евра за угостителите и туристичките работници

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска одржа работен состанок со претставници на туристичко-угостителскиот сектор.

На состанокот министерот ја презентира програмата за финансиска поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, која беше усвоена од Владата, а во која се предвидени мерки за поддршка на овој сектор опфатени со четвртиот сет мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19.

Бектеши информира дека со четвртиот сет мерки со директна финансиска поддршка преку директни грантови се опфатени рестораните, игротеките, лиценцираните туристички агенции и туристички водичи. А исто така е предвидено и враќање на туристичката такса за 2019 година за туристичките објекти.

„На почетокот на следната недела Министерството за економија ќе објави пет јавни повици, кои произлегуваат од овие пет мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, а се предвидени во четвртиот сет мерки што ги донесе Владата. Сите туристички агенции, игротеки, туристички водичи, ресторани, кои организираат свадби и други правни лица од угостителскиот сектор што се опфатени со мерките, ќе може електронски да аплицираат на платформата ‘Дома си е дома’ до крајот на месецот. Министерството за економија ќе ги обработува апликациите веднаш по нивното пристигнување со цел за побрза и навремена исплата на средствата. Целта на овие мерки е преку директна финансиска поддршка да им помогнеме на сите туристички работници и угостители кои како резултат на пандемијата имаа најголеми загуби“, информира министерот Бектеши на состанокот.

Вкупната вредност на финансиската поддршка за сите пет мерки, како што информира министерот, изнесува 459.650.000 денари или 7,5 милиони евра, а овие средства ќе се исплатат директно до туристичко-угостителскиот сектор до крајот на годината, односно мерката ќе се реализира во периодот ноември и декември.

„За мерката грантови за ресторани се предвидени 60.000.000 денари, за грантови за игротеки се предвидени 153.000.000 денари, за грантови за лиценцирани туристички агенции се предвидени 116.850.000 денари, за грантови за туристички водичи 9.800.000 денари, а за мерката поврат на уплатена туристичка такса за 2019 година се предвидени средства во висина од 120.000.000 денари“, информира министерот.

Прикажи повеќе...

Економија

Сезонски промоции во Fashion Group: ова се парчињата во кои треба да инвестирате!

Објавено пред

(ПР текст)

Средата и официјално е прогласена за најсреќниот ден од неделата, а оваа, ја правиме уште посреќна со бројните промоции што го означуваат крајот на есента и почетокот на најромантичното годишно време – зимата.

Почнувајќи од денеска, 11-ти ноември, ја прогласуваме сезоната на промоции за отворена, па така, сите парчиња што пропуштивте да си ги набавите, сега се на неодоливо намалување.

Во вашите омилени Timberland, Mango, Levis, Superdry и Springfield од денеска ќе може да си ги купите парчињата што толку ги посакувавте на намалување од -20% и да ја дочекате зимата во супер издание.

GUESS – женска торба

Ако се уште не го одбравте совршениот чифт чевли, а знаете дека нема да погрешите ако ги одберете Geox, таму ќе купите еден производ на намалување од -10%, а ќе добиете -20% попуст за две или повеќе парчиња.

Зимата никогаш не е комплетна без модни додатоци, па сега сето она што го ставивте во кошничка со потпис на Parfois, ќе го добиете по супер цени, односно ќе уживате во намалувањето од -10% за еден, -15% за два и -20% за три или повеќе купени производи.

PARFOIS КУФЕР

Иако прославувањето на новогодишните празници оваа година ќе изгледа сосема поразлично од она на што сме навикнати, вие никогаш не треба да го загубите празничниот дух и да блеснете во исклучително стилско издание. Веројатно момците знаат дека ова и многу повеќе може да постигнат со парчињата на единствените Hugo Boss каде од денеска, селектирани парчиња се на намалување од -10%, а добивате и -15% за две или повеќе купени парчиња.

 

REPLAY- МАШКИ ДУКСЕР

DESIGUAL – Ж.ЈАКНА

Се чини највозбудени за зимата и воопшто, празничната сезона, секогаш се најмалите, па сега е време за топла облека и уживање во студените денови со парчињата на Okaidi каде добивате -20% намалување на вториот, поевтин производ.

OKAIDI

Искористете ги сите предности што со себе ги носат сезонските промоции и надополнете го плакарот со идеалните тренди парчиња во кои ќе му се радувате на секој ден пред вас.

Новите колекции на познатите брендови најавија уште една возбудлива модна сезона, а уште повозбудливо е што од денеска, парчињата од истите се на неодоливо намалување. Погледнете ја целосната понуда на онлајн страницата на Fashion group https://bit.ly/2UhmW0k .

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет10 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет10 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет11 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија12 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија15 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион16 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа16 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија17 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион17 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија18 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа18 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион19 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа19 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија20 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет21 час

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет21 час

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет21 час

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие