Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Државна лотарија со мерки за заштита на играчите и вработените

Објавено пред

Државна лотарија како одговорна компанија ги почитува мерките на Владата но интерно воведува и сет свои мерки за заштита на вработените и добитниците и секојдневно презема потребни активности. Покрај општествената ориентација за помош на најранливите категории граѓани со донацијата за Црвен Крст реализирана минатата недела, Државна лотарија постојано имплементира мерки и решенија за заштита на играчите и добитниците, со посебен акцент за заштита на вработените.

Од тами информираат дека рокот и начинот на подигнување на добивките од игрите на среќа и наградите од наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“, се утврдени со Правилата на игрите на среќа односно со правилата на наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“. Сите добивки од игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија кои се во износ над 5.000 денари се исплатуваат во седиштето на друштвото односно нејзината регионална благајна во Кочани во строго утврден рок рок не подолг од 30 дена од денот на објавување на резулататите.

Согласно одлуката на Владата за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, во друштвото на 16.03.2020 година донесен е Протокол за работа во благајните согласно кој скратено е работното време на благајните за исплата на добивки во седиштето на друштвото и регионалната благајна во Кочани на Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија и истите работат од 10 до 14 часот во работните денови.

Преземени се потребнитe активности со кои благајната во седиштето е преселена на приземјето од зградата се со цел добитниците за исплата и подигнување на добивките да не мора да се качуваат на вториот кат од зградата, а со тоа да се намали присутвото на луѓе во просторијата каде се врши исплатата.

Државна лотарија ги презема забрзано сите потребни мерки и активности за отворање на нова благајна за испалта на добивките во центарот на градот поточно во ТЦ Буњаковец со што се очекува намалување на фреквенцијата на добитниците за исплата и подигнување на добивките во седиштето на друштвото.

„Укажуваме дека се преземаат мерки за сите лица кои пристапуваат во просториите на благајните да биде дезинфицирани со антисептички средства и да користат заштитни ракавици. Од страна на друштвото воведена е строго утврдена процедура на постапување согласно која лицето кое пристапило во благајните за исплата на добивка целокупната потребна документација ја потпишува на начин кој обезбедува најголема заштита и со задолжително почитување на пропишаното растојание од повеќе од два метри од вработениот кој ја врши исплатата“, се наведува во соопштението на Државната лотарија.

Исто така од таму велат дека во континуитет преземаат активности за почитување на протоколот за воведување посебен ред за влез и лимитирано присуство на луѓе во благајните и не се дозволува влегување на повеќе од едно надворешно лице во просторијата каде се врши исплатата.

„Работното време на благајните е од 10 до 14 часот секој работен ден. При исплата на добовките постојано укажуваме на потребата за коректност и почит на своето здравје и здравјето на другите. Добитниците е неопходно да доаѓаат со заштитни маски и ракавици, во случај на повеќе од еден добитник или играч пред благајната, молиме за држење на потребно растојание од повеќе од два метри, со давање предност на повозрасните лица“, се нагласува во соопштението.

Играчите на Лото 7 и Џокер се потсетуваат на можноста за онлјн уплата преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и онлајн исплата за сите видови добивки, освен премиите за 7-ка и Џокер со 6 погодоци.

За сите потребни информации стои на располагање тимот во контакт центарот – секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 09 до 15 часот, на телефонскиот број 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052.

Вработените на Државна лотарија, во овие тешки времиња, ги преземаат сите потребни мерки да не ја оневозможат и запрат можноста за исплатата на добивки и награди и се надеваат на соработка од страна на играчите и ценење на напорите.

Низ игрите на среќа не нудиме само забава и добивки, туку и чувство на надеж и верба, што во овие времиња ни е на сите потребно, велат од Државната лотарија.

 

(ПР текст)

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008 добитници на престижното reddot-признание за дизајн

Објавено пред

Двата нови модели на Peugeot, Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008, се добитници на престижното „reddot” признание за дизајн. Лавовскиот бренд победи во конкуренција меѓу 6.500 производи и ова е шестото признание за дизајн на Peugeot брендот.

Жирито беше фасцинирано од вертикалните предни LED светла во форма на лавовски заби, задните стоп LED светла во форма на лавовски канџи, многуте фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот 3D i-Cockpit и високото ниво на препознатливост.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: 158 предлог-дигитални решенија на јавниот повик „Креатон“ за справување со последиците од Ковид-19 одат во финална селекција

Објавено пред

Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик „Креатон“ наменет за креирање дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19.

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видеопрезентација (pitch) пред комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог-иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ-платформи за приспособување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација, имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови по прекинот на превентивните мерки поврзани со вирусот Ковид-19 како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ од апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од Ковид-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакет- економските мерки на Владата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија46 минути

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 час

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 час

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Македонија14 часа

Починатиот пациент од Куманово за кој се чекаа резултати е позитивен на коронавирус

Министерството за здравство информира дека пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби...

Свет15 часа

(Видео) САД го сменија капетанот на носачот на авиони кој молеше за помош поради ширењето на вирусот

Американската морнарица го смени капетанот на носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“, откако медиумите го објавија неговиот апел до властите...

Свет16 часа

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија17 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија18 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ20 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија20 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија20 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија21 час

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија22 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија22 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија23 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија1 ден

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион1 ден

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион1 ден

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет1 ден

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Досие