Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Новата ŠKODA OCTAVIA – висока технологија, врвен дизајн и поголема практичност

Објавено пред

Со четвртата генерација на својот бестселер ŠKODA достигнува нова димензија која буди емоции

Уште подобра, попросторна, поемотивна и со подобра поврзаност од било кога, со претставувањето на четвратата генерација на својот бестселер, ŠKODA достигнува нова димензија. Срцето на брендот ŠKODA, новата Octavia е подолга и поширока од својата претходна генерација, има уште поголем багажен простор и е со поемотивен дизајн благодарение на дизајнерскиот јазик на ŠKODA. Дополнително, со новата Octavia, ŠKODA воведува и нов дизајнерски концепт за ентериерот кој комбинира одлична просторна понуда со високо-квалитетни материјали, неверојатна функционалност и милион паметни детали. Иновативната поврзаност и новиот систем за асистенција го подигнуваат комфорот и безбедноста на многу повисоко ниво.

Новата Octavia е многу попространа од својата претходна генерација. Хечбекот е 19 милиметри подолг, а Combi изведбата е цели 22 милиметри подолг од досегашниот модел. Дополнително, Octavia е поширока за 15 милиметри, што ветува повеќе простор во кабината. Моделот може да се пофали и со поголем багажник со капацитет од дури 640 литри, додека хечбекот има 600 литри, што претставува најголем багажен простор во класата.

Новиот дизајн на предниот браник со остри, потесни предни светла нуди визуелно задоволство благодарение на LED технологија која се користи кај предните и задните светла, како и кај светлата за магла. Ново дизајнираните, плитки шини на покривот ја истакнуваат издолжената силуета на Octavia Combi, додека хечбекот изгледа речиси како купе.

Во ново дизајнираниот ентериер, Octavia нуди нов, двокрак волан, кој може да се добие со систем за загревање, на кој се поставени дури 14 најразлични функционалности кои може да се контролираат без да ги тргнете рацете од управувачот. Централната конзола е редизајнирана и нуди премиум изглед со интересни ситни хромирани детали, кои може да ги најдете и на вратите. Во кабината се користени меки, премиум материјали, а новото LED амбиентално осветлување обезбедува посебен визуелен допир, со избор на десет различни бои.

За првпат во модел на ŠKODA се вградуваат посебни ергономски седишта, кои поседуваат и масажна функција, а во топ верзијата располагаат и со вентилација. Опционалниот head-up дисплеј е уште една функционалност која ŠKODA ја воведува по прв пат. Дисплејот ги покажува најважните информации како брзина, навигација, сообраќајни знаци и системи за помош на возачот, директно на ветробранското стакло. Уште една премиера во новата Octavia е тро-зонскиот Climatronic. Електромеханичката паркирна сопирачка е влегува во стандардниот пакет. Новата генерација на ŠKODA Octavia може да да пофали и со расположливите акустични странични прозори, кои ја намалуваат бучавата од патиштата во кабината.

Octavia е прв модел на ŠKODA што ракувањето со бирачот на менувачот DSG го пренесува по електронски пат (Shift-by-Wire). Со тоа менувачот добива сосема нов дизајн на менувачот, вклучувајќи копче за положбата за паркирање.

Други нови функции ги вклучуваат системите за препознавање на сообраќајни знаци, одржување во лента, асистенција при гужва во сообраќај и асистенција во случај на опасност. Системот Hands-on Detect проверува, речиси на секои 15 секунди дали возачот доследно го допира воланот или дали веќе нема контрола врз возилото заради потенцијален медицински итен случај. Ако се случи таков итен случај, системот за „Помош за итни случаи“ може да го доведе автомобилот да застане во лентата. Доколку е неизбежен судир и покрај трудот на сите овие системи, тогаш возилото ќе се обиде максимално да ги заштити патниците така што автоматски ќе ги затвори прозорците и панорамскиот покрив и ќе ги затегне безбедносните појаси.

Четвртата генерација на ŠKODA Octavia не само што е поекономична и еко-пријателска, таа исто така доаѓа со поголем избор на алтернативни погонски системи од кога било досега. За прв пат, постои plug-in-хибридна варијанта, Octavia iV.

Некои од бензинските мотори, кои се дополнително оптимизирани, сега се опремени со лесна хибридна технологија, а дизел моторите доаѓаат од најновата генерација ЕВО и испуштаат до 80 проценти помалку азотен оксид. Моќноста се движи од 110КС до 204КС.

Поставата вклучува и варијанта која се напојува со природен гас (CNG), моделот Octavia G-TEC. Постои избор на четири варијанти на шасијата, и секако, новата Octavia е достапна со погон на сите тркала.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Катари дијар“ продолжува со изградбата на луксузниот комплекс во Црна Гора вреден 250 милиони евра

Објавено пред

Владата на Црна Гора и компанијата „Катари Дијар“ се спремни што побргу да продолжат со изградбата на туристичкиот комплекс вреден 250 милиони евра на местото на некогашниот хотел „Плави хоризонти“ во Пржно, пренесуваат црногорските медиуми.

Од владината прес-служба било соопштено дека на состанокот меѓу премиерот Душко Марковиќ и претставници на компанијата било изразено задоволство од фактот дека се надминати предизвиците што го забавувале проектот, но била изразена и подготвеност од двете страни што побргу да се продолжи со изградбата на комплексот.

Комплексот ќе вклучува луксузен хотел, повеќе од 140 резиденцијални вили и туристичка населба, а инвестицијата е 250 милиони евра.

Од црногорската влада потсетуваат дека „Катари Дијар“ во 2010 година купила земјиште со површина од 285 илјади квадратни метри во Пржно.

Прикажи повеќе...

Економија

Toyo Tires со одлична зимска понуда и можност за плаќање на рати

Објавено пред

Во салоните на „Еуроимпекс“ сите заинтересирани возачи може да дознаат за најновата зимска понуда на јапонскиот бренд Toyo Tires.

Таа опфаќа сет од 4 зимски гуми со акциска цена и дополнителна можност за плаќање на рати.

„На располагање ви се гуми создадени од висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина кое нуди подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, како и заштеда на гумите. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off-road гуми за екстремни услови на теренот, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење, високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри“, истакнуваат од Еуроимпекс.

Од таму повикуваат на брза реакција од сите заинтересирани, бидејќи количините се ограничени.

Toyo Tires пневматиците се достапни во двете импортерски локации на компанијата Еуроимпекс на булеверот Трета Македонска Бригада број 72 и улицата Скупи број 3а во Скопје.

За повеќе информации, посетете го следниов линк.

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Топ22 минути

Изгоре маж во импровизирана барака во Тетово

Безживотно машко тело е пронајдено изгорено рано утрово по пожар што зафати импровизирана дрвена барака на улицата Љубо Божиновски-Пиш. Пожарот...

Македонија51 минута

Активисти на средба со Пендаровски: Над 25.000 луѓе починаа досега поради загадениот воздух

Над 25.000 наши граѓани починале прерано изминативе осум години поради загадениот воздух што го дишеме, институциите не ни функционираат, живееме...

Македонија1 час

(Видео) Богдановиќ: Што уште да направам, да се самозапалам ли за да реагира некој за „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот за катна...

Естрада2 часа

Балашевиќ имаше срцев удар, откажан концертот во Крагуевац

Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ (66) го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради здравствени проблеми. Неговата ќерка Беба Балашевиќ ги објави вестите...

Македонија2 часа

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како...

Македонија4 часа

Антикорупциската го затвори предметот против Мицкоски за хидроцентралите

По кратка постапка, за само пет минути, Антикорупциската комисија го затвори предметот против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се...

Македонија4 часа

(Видео) Царовска: Речиси 700 фантоми, кои немаат документи, ќе добијат граѓански статус

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од Матичната книга на родените и не се запишани никаде во...

Македонија4 часа

Антикорупционерите бараат одговорност од Анѓушев поради судир на интереси

На дневен ред на седницата на антикорупциската комисија се два предмета поврзани со вицепремиерот Кочо Анѓушев – едниот поврзан со...

Македонија5 часа

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа5 часа

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет6 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет6 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион7 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет8 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет8 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија20 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура22 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија23 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион23 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Досие