Компании
Фискални апарати од Дуна компјутери сега со попуст од 60 отсто
Македонските претпријатија од услужната дејност сега можат да ги зголемат перформансите во малопродажното работење користејќи квалитетни фискални уреди поврзани со софистициран софтвер кој креира најразлични потребни извештаи
Поседувањето фискален апарат е законска обврска на секој малопродажен деловен субјект во земјава. Голем број на субјекти уште од 2014 година користат некој од моделите на фискални уреди „Вардарец“, „Развигорец“ и „Северец“. Најпродаваната фискална каса Северец Дуна Компјутери во моментот ја промовира со попуст од 60 тосто.
Софтверското решение Ultima коешто претставува софтвер што ги покрива потребите на субјектите за комерцијално, материјално и финансиско работење и дополнителни модули како што се: попис на основни средства, контрола на возен парк, производство, пресметка на плати и водење на човечки ресурси, дистрибуција и други. Во последно време некои компании се определуваат за наем за оперативно користење на софтверот за материјално, комерцијално и финансиско работење Ultima наместо за негова набавка којашто за некои компании е голема инвестиција, посебно за нови или start-up компании.
Станува збор за софтвер кој Дуна веќе 22 години го работи и развива, а секојдневно го користат и од истиот се исклучително задоволни голем број на компании од различни профили и индустрии, со различни дејности во кои оперираат.Наемот подразбира комплетна инсталација, имплементација, обука за користење и работа на Ultima и дополнително можност за секојдневна консултација и помош при обезбедување, користење и дизајнирање на работните процеси и дефинирање на корисничките извештаи.
Сите субјекти коишто имаат малопродажни објекти Ultima автоматизирано ја поврзуват со софтверот за малопродажно работење Ultima pos и фискалниот уред.
Сé со цел да се унапреди софтверот Ultima, да се зголемат неговите перформанси и истиот да ги пресретне барањата на корисниците „Дуна Компјутери“ го креираше новиот софтвер за малопродажно работење Spinaker. Spinaker e целосно развиен со следење на препораките на законската регулатива, употребувајќи најнови техники за развој на кориснички софтвер.
Spinaker е развиен по препораките и потребите на нашите корисници, а во насока за наједноставно и најбрзо работење во малопродажен објект. Овој софтвер го намалува времето кое корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти. Spinaker освен основните функционалности како креирање фискална сметка, сторно сметка и вадење на извештаи, обезбедува пополнување на приемни листови, водење на каса по касиер, оперативна забрана и привилегии на корисниците на софтверот, вадење на голем избор на извештаи за менаџерски потреби и автоматизирана контрола на креирање на документи.
Дополнително, големите компании кои што оперативно работат со Ultima или со некој друг софтвер можат без проблем да го имплементираат Spinaker и лесно и едноставно да го поврзат за да можат автоматизирано да ги добиваат сите потребни информации и документи од своите малопродажни места. Софтверот е развиен на user friendly платформа лесно достапна за инсталација и работа на истата.
Дуна Компјутери, компанија која континуирано инвестира во развој и иновации, континуирано инвестира во нови софтверски решенија, за развој и подготовка на софтвер за паметно набљудување и развој на земјоделските култури, првенствено на виноградинарство и лозарство. Со овој софтвер кој ќе биде од голема корист за земјоделието во блиска иднина ќе овозможи на компанијата да учествува на европскиот пазар. Дополнително, во развој е и нова платформа и производ кој исто така ќе биде наменет за земјоделството, но овојпат за пчеларството.
Компанијата континуирано ги следи светските трендови кои се воведуваат во секојдневното работење на „Дуна Компјутери“, обезбедувајќи можност за развој и проширување на своите области на делување./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.
Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.
Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.
„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.
Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.
(ПР)
Економија
Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино
Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).
„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.
Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.
Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.
За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.
Економија
Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата
ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.
Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.
Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.
„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.
ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.
„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.
ПР