Контакт

Компании

Групацијата Триглав ја задржа цврстата позиција во југоисточна Европа

Објавено пред

Групацијата Триглав со своето добро работење во 2014 година уште повеќе го подигна нивото на финансиска стабилност, ја зајакна водечката позиција во Словенија и ја задржа цврстата позиција во југоисточна Европа.

dobivaj vesti na viber

 

 

Показатели на успешното работење во основната дејност се добриот комбиниран количник (96,3 %) и профитабилноста на капиталот од 13,4 %. Чистата добивка на групацијата изнесуваше 85,7 милиони евра, што е за 23 % повеќе отколку во 2013 година, а бруто полисираната консолидирана премија од осигурување се намали за 1 %, на 888,2 милиони евра.

 

Триглав Осигурување, Скопје, како дел од Групацијата Триглав, во 2014 година ја зајакна својата водечка позиција на македонскиот пазар на осигурување (пазарен удел од 17 %). Компанијата во 2014 година обезбеди раст на бруто полисираната премија од 6%, споредено со 2013 година.

 

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на вчерашната седница ги потврди годишните извештаи на матичното друштво и на групацијата Триглав за 2014 година и работењето на групацијата го оцени како успешно.

 

Надзорниот одбор и Управата на Заваровалница Триглав на истата седница формулираа предлог, на акционерите на Заваровалница Триглав да се исплати дивиденда во висина од 2,5 евра бруто по акција. Според наведениот предлог, за дивиденда би се намениле 67% од нето добивката на групацијата Триглав (сопственик на доминантното друштво) за 2014 година.

 

Групацијата Триглав, како една од водечките осигурително-финансиски институции во југоисточна Европа, минатата година успешно ја играше главната улога на пазарите во Словенија, Македонија и Црна Гора. Во Словенија го подобри својот пазарен удел за 0,3 процентни поени, постигнувајќи удел од 36,1 %. Во Црна гора нејзиниот пазарен удел изнесуваше 38,2 %.

 

Во Македонија, каде што групацијата работи во доменот на неживотно осигурување, пазарниот удел во овој сегмент се зголеми за 0,24 процентни поени и постигна удел од 17 %. Групацијата најмногу ја подобри својата положба во Србија и тоа за 0,7 процентни поени, а на крајот на третото тромесечје на 2014 година нејзиниот пазарен удел изнесуваше 3,7 %.

 

Ист удел во пазарот имаше и во Хрватска, додека пак во Босна и Херцеговина достигна пазарен удел од 7,6 %. Во Чешка, каде што зависното друштво на групацијата е во постапка на продажба, пазарниот удел во доменот на неживотно осигурување изнесуваше 0,9 %.

 

На повеќето осигурителни пазари каде што Групацијата Триглав работи, со исклучок на слаби позитивни сигнали, не дојде до значително подобрување на бизнис климата. Повеќегодишната економска и финансиска криза влијаеше на куповните навики и на стопанството. Поради тоа, се намалија квалитетот и нивото на осигуреност во резидентниот и во корпоративниот сегмент, дури и на добро разиениот словенечки пазар, каде што групацијата во 2014 година обезбеди 82,6 % консолидирана осигурителна премија.

 

Полисираната консолидирана премија од осигурување на групацијата во 2014 година изнесуваше 888,2 милиони евра, што е за 1 % помалку од претходната година.

 

На словенечкиот пазар групацијата забележа намалување од 1 % на полисираната осигурителна премија, којашто на крајот на претходната година изнесуваше 700 милиони евра, при што Заваровалница Триглав имаше обезбедено два проценти помалку премија, а Здравствена заваровалница Триглав пораст од  3%.

 

Пораст на премијата Групацијата постигна и на пазарите во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина. Намалување беше забележано во Хрватска, Црна Гора и во Чешка.

 

Групацијата Триглав во основната дејност работеше добро, за што показател е  комбинираниот количник за неживотно осигурување, во вредност од 96,3 %. Групацијата, со чиста добивка од 85,7 милиони евра постигна профитабилност на капиталот од 13,4 % и чистиот деловен резултат од минатата година го подобри за 23 %. На работењето на групацијата најмногу влијаеа два фактора: се уште тешката бизнис клима на повеќето пазари на осигурување на групацијата и извонредно поволните односи на капиталните пазари.

 

Финансиската стабилност и доброто работење на групацијата Триглав во 2014 година се потврдија со високите бонитетни оценки „А-„ на рејтинг агенциите Standard & Poor’s и A.M. Best. Рејтинг оценката на Standard & Poor’s има стабилна среднорочна прогноза, додека пак A.M. Best ја подобри среднорочната прогноза од стабилна во позитивна. На високото ниво на финансиска стабилност укажуваат и зголемувањето на севкупната вредност на капиталот за 17 %, како и растот на осигурително – техничките резервации на групацијата за 3 %, споредено со 2013 година.

 

Пресметаните бруто износи на штети на Групацијата Триглав во износ од 615,7 милиони евра се за 2 %  пониски отколку во 2013 година. Бројните штетни настани, на коишто беа изложени повеќето осигурителни друштва на Групацијата Триглав, придонесоа побарувањата за исплата на штети да достигнат 35,7 милиони евра, од коишто 27,3 милиони евра потекнуваат од Словенија. Групацијата Триглав има адекватно реосигурување за овој вид штети, бидејќи има конзервативна реосигурителна заштита.

 

Поради  малата пенетрација на осигурување, бројните случувања на пазарите надвор од Словенија не влијаеа значајно на работењето на групацијата, но имаат големо влијание на куповна моќ на граѓаните на овие пазари, поради загубата на приходи, како и поради инвестициите коишто се потребни за обнова.

 

„Зад нас е година којашто ја обележаа поволни односи на капиталните пазари и се уште тешката бизнис клима во основната осигурителна дејност. Словенечкото стопанство веќе ги покажува  првите знаци на подобрување, а повеќето од државите на југоисточна Европа прикажуваат скромен економски раст, но на пазарите на осигурување се уште се чуствуваат последиците од долгогодишната економска криза. Како добар показател  го оценуваме фактот, дека во 2014 година ја подобривме позицијата на водечката осигурително – финансиска групација на словенчкиот пазар, која во светски рамки е мала, но спаѓа меѓу подобро развиените. Пазарите на осигурување во регионот Адриа спаѓаат во перспективни подрачја, со потенциал за раст, па поради тоа зајакнувањето на нашата позиција и зголемувањето на обемот на работа на овие пазари за нас се значајна стратешка насока. Групацијата Триглав и во иднина ќе ја спроведува планираната стратегија, во чиј фокус е  постигнувањето на што повисок профит, финансиска стабилност и безбедност на работењето. Јадрото на работењето останува во основната осигурителна дејност.  На словенечкиот пазар посебна грижа ќе му посветиме  на здравственото и пензиското осигурување, а на другите пазари во југоисточна Европа ќе бараме нови можности и доследно ќе ги спроведуваме зацртаните активности за раст и развој“, изјави Андреј Слапар, претседателот на Управата на Заваровалница Триглав.

 

Триглав Осигурување АД, Скопје минатата година ја зајакна водечката позиција на исклучително конкурентниот македонски пазар, обезбедувајќи пазарен удел од 17 % во доменот на  неживотно осигурување (0,24 процентни поени повеќе отколку во 2013 година).

 

Компанијата обезбеди раст на бруто полисирана премија од 6%, споредено со 2013 година, којашто изнесуваше 18,6 милиони евра (1,14 милијарда денари). Меѓу останатото, компанијата засилено работеше на проширување на сопствената продажна мрежа и на развој на нови производи, особено во доменот на доброволното здравствено осигурување (во септември 2014 година компанијата доби лиценца за здравствено осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување).

 

„Една од најуспешните деловни години за Триглав Осигурување АД, Скопје е зад нас. Тоа е година во која ја зајакнавме водечката позиција со пазарен удел од 17 % и остваривме раст на бруто полисираната премија од 6%, споредено со претходната година, додека пазарот на неживотно осигурување во земјата оствари раст од 4%. Во 2014 година Триглав Осигурување Скопје оствари профит пред оданочување за 69% поголем од планираниот, во износ од скоро 1,1 милиони евра (66 милиони денари), а во делот на бруто ликвидираните штети, компанијата повторно имаше најголем пазарен удел. Сето ова укажува на финансиската стабилност на компанијата, чиј главен фокус е понатамошниот развој на сопствената продажна мрежа, којашто во 2014 година обезбеди 15% повисок удел во бруто полисираната премија, споредено со 2013 година“, изјави Сања Танчевска, Извршен директор на Триглав Осигурување АД , Скопје. /крај/со/ст

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Економија

Традиционалното закројување на лозјата на „Тиквеш“ за Свети Трифун во знакот на новите прогресивни практики на винарницата

Објавено пред

ВВ „Тиквеш“ го одбележа празникот Св. Трифун со свечено закројување на лозјата во Лепово. На настанот присуствуваа бројни гости – претставници на институции, на дипломатскиот кор, соработници на винарницата и лозари.

dobivaj vesti na viber

Годинешниот настан беше во знакот на воведување на ЕСГ стандардите во работењето на винарницата. Со нивното имплементирање, „Тиквеш“ станува единствена винарница во регионот која воведува нови прогресивни активности и култура во своето работење, дополнително инвестирајќи во грижата за животната средина, влијанието и придонесот во развојот на општеството и доброто управување.

Гостите ги поздрави новата генерална директорка на ВВ „Тиквеш“ Бранка Славеска, која во своето обраќање фокусот го стави на посветеноста на „Тиквеш“ за развој на винската индустрија во земјава и регионот, претставувајќи пример за останатите деловни субјекти во индустријата.

„Производството на квалитетно вино е императив во работата на „Тиквеш“. Тоа може да се постигне само со имплементација на современи практики и технологии, примена на науката и, најбитно, со поставување и следење на највисоки стандарди во своето работење. Воведувањето на ЕСГ стандардите за нас и за нашите соработници значи дополнителен поттик за раст на компанијата, но и за позитивно влијание на општеството во целост“, изјави генералната директорка на „Тиквеш“ Бранка Славеска и нагласи дека „Тиквеш“, кој е своевиден амбасадор на државата, чувствува должност да вложува во трасирање на патеката за освојување на светските пазари и градење на имиџот на македонското вино.

ВВ „Тиквеш“ посветено работи на целосна трансформација во т.н. „зелена” винарница. Во рамки на овој процес, го произведува првото органско вино, токму на лозовите насади на Лепово, користи најсовремени научни методи, како и вештачка интелигенција во насока на заштита на лозовите насади и обезбедување квалитетно грозје, имплементира проекти кои имаат за цел заштита на животната средина, намалување на отпадните води како и намалување на емисиите на CO₂ и вложува во обновливи извори на енергија преку инсталирање на фотоволтаици. Притоа, сето ова го споделува и со своите кооперанти и со останатите чинители во индустријата.

„Тиквеш“ како општествено одговорна компанија во целокупното работење е посветена на минимизирање на своето влијание врз животната средина, поддршка на локалните заедници и практикување највисоки стандарди за корпоративно управување.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...