Контакт

Компании

Групацијата Триглав со добри резултати во осигурувањето во првото полугодие

Објавено пред

Групацијата Триглав во првото полугодие од 2016-та година, во согласност со очекувањата, работеше во тешки услови на пазарот и во опкружување со историски ниски каматни стапки на меѓународните финансиски пазари.

dobivaj vesti na viber

Во доменот на основната дејност, осигурувањето, групацијата Триглав постигна добри резултати. На тоа укажува комбинираниот коефициент, како показател  на профитабилноста во работењето во неживотното осигурување, кој што Групацијата го подобри, па на крајот од првите 6 месеци од 2016-та година тој изнесуваше 93,4%. На останатите пазари, сите компании ќерки остварија раст во премија. Триглав Осигурување, Скопје, којшто е дел од групацијата Триглав, во првата половина од 2016-та година постигна премијски раст во висина од 5% и за 0,5 процентни поени го подобри уделот на македонскиот осигурителен пазар (16.9%). Групацијата Триглав во првото полугодие од 2016-та година обезбеди приближно ист износ на консолидирана бруто полисирана премија од осигурување и соосигурување, споредено со истиот период минатата година (507 милиони евра). Доколку се земе во предвид минатогодишната продажба на компанијата ќерка од Чешка, Групацијата во првата половина оваа година оствари раст од 2%. Премијата од неживотно осигурување, која што има удел од 68% во консолидираната осигурителна премија, има приближна вредност како и минатата година, премијата од животно осигурување покажа пад од 3%, а премијата од здравствено осигурување има раст од 3%. Во Словенија, матичната компанија обезбеди 1% пониска осигурителна премија споредено со истиот период минатата година, додека пак обемот на премија на Триглав, Здравствена заваровалница и Скупна покојнинска дружба се зголеми за 3, т.е. 4%.Во останатите пет земји од регионот Адриа сите компании ќерки постигнаа раст во премија. Најголем раст од 20% беше реализиран на српскиот пазар, додека пак во Хрватска тој изнесуваше 12%. Во Црна Гора беше остварен раст од 6%, а во Македонија, како што веќе беше наведено, растот изнесува 5%. На пазарот во Босна и Херцеговина сараевската компанија реализира раст од 12%, додека пак компанијата во Бања Лука од 3%. Успехот во работењето во основната дејност во дадениот период го потврдува и подобрувањето на комбинираниот коефициент на Групацијата (93,4%) како и коефициентот на матичната компанија (87,6%). Споредено со минатогодишното полугодие, Групацијата забележа за еден процент повеќе бруто износ на штети (301,1 милион евра), додека матичното друштво за два проценти (198,1 милион евра). Оваа година работењето на Групацијата го одбележаа неколку масовни штетни настани, меѓу кои најголемите штети беа поради последици од мраз во Словенија и Хрватска. Со доследно спроведување на мерките на деловната политика, групацијата Триглав првото полугодие го заврши со нето добивка во висина од 34,2 милиони евра (матичното друштво со 29,6 милиони евра) и со бруто деловен резултат во висина од 43,2 милиони евра (матичното друштво со 36,8 милиони евра). На работењето и на деловниот резултат на Групацијата посебно влијание имаа ниските приноси од финансиските вложувања, поради историски ниските каматни стапки на финансиските пазари. Во првото полугодие на 2016 година приносите на Групацијата беа за 39% пониски споредено со истиот период минатата година, додека во матичното друштво беа пониски за 20%. Заваровалница Триглав оваа година повторно исплати 2,5 евра бруто дивиденда по акција, со што се вбројува меѓу најпрофитабилните акции во однос на дивиденда на Љубљанската берза.„Групацијата Триглав во 2016 година, во согласност со стратешките насоки, успешно ја задржува својата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста од работењето. Тоа ни го потврдуваат и високите оценки на бонитетот дадени од страна на две бонитетни агенции, а првенствено фактот што оваа година дополнително е зголемена оценката од »A-» на »A« од страна на признатата бонитетна агенција S&P Global Ratings. Оваа година работиме во услови на историски ниски па дури и негативни каматни стапки на меѓународните финансиски пазари. Во првото полугодие на нив влијаеа несигурните услови, слабиот раст на стопанството во целиот свет, ниските очекувања во однос на инфлацијата и дополнитената неизвесност поврзана со Брексит. Не очекуваме брзо подобрување на ситуацијата на финансиските пазари, а со тоа и поголеми промени во приносот од нашите финансиски вложувања. Поради тоа, во согласност со стратешките насоки, остануваме фокусирани на секторот осигурување, на кој што во првото полугодие добро работевме. Земајќи ги во предвид приликите во кои што ќе се работи до крајот на годината, цениме дека годишната бруто добивка на Групацијата ќе биде остварена во планираните рамки“, изјави Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.Триглав Осигурување Скопје во првата половина од 2016-та година повторно ги надмина деловните резултати, работејќи посветено на исполнување на зацртаната стратегија, како во поглед на финансиските резултати, одржувањето на високите стандарди во начинот на работење, така и во поглед на развојот на осигурителниот пазар во земјата, со воведување нови, иновативни производи. Во дадениот период компанијата реализира бруто полисирана премија во износ од 708.715.231 денар (11,5 милиони евра), со што оствари раст од скоро 5% во споредба со истиот период минатата година. Во поглед на нето заработена премија, компанијата постигна раст од 13%, споредено со првата половина од 2015-та година. Триглав Осигурување оствари одлични резултати во стратешки важниот сегмент на доброволно приватно здравствено осигурување, а исто така и во сегментот на автомобилските осигурувања. Најдобар индикатор за доброто работење на компанијата е подобрувањето на комбинираниот коефициент, како показател на профитабилноста во работењето во основната дејност, кој што покажа пад од повеќе од 10 процентни поени, споредено со истиот период минатата година (93,9%). Коефициент под 100% е показател за позитивно работење во доменот на неживотно осигурување.“Фокусот на клиентите и нивното задоволство и лојалност се основните предуслови за резултатите кои што Триглав ги остварува на македонскиот пазар”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ. “Тие се нашата мотивација и нивното задоволство е наша цел, која што ја реализираме со обезбедување на професионална услуга, како и со понуда на квалитетни производи. Во првата половина од оваа година воведовме важни новини на пазарот, како што е Триглав автомобилска асистенција и осигурување на операции, во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување. На пазарот и на клиентите им понудивме додадена вредност и ја потврдивме определбата да работиме на развојот на осигурителната индустрија. Сето ова резултираше со ново признание, кога втор пат по ред го добивме Qudal, медалот за најдобар квалитет во доменот на осигурување на македонскиот пазар”, додаде Војновиќ.На денешната седница на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, Надзорниот одбор го именуваше Игор Стебернак за претседател на Надзорниот одбор на Друштвото. Мандатот на претходниот претседател и член на Надзорниот одбор истече, по поднесувањето на оставка на 31 мај 2016 година. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ15 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија15 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ17 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија17 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија18 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија19 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија20 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион22 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет22 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија22 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет22 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија23 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...