Контакт

Компании

Јосифовски и неговиот партнер го искористиле Макпетрол во оф-шор компанија за да ги оштетат акционерите

Објавено пред

Македонија последниве години потроши многу пари на привлекување на странски инвеститори, бидејќи домашните од различни причини не покажаа некој интерес да го прошират својот бизнис и да ја раздвижат економијата. Токму и затоа, но и поради поволната даночна политика, и компанијата Балкан Петролеум Холдинг ЛТД, решила да инвестира во Македонија и сака да ја преземе македонската нафтена компанија Макпетрол, изјави неодамна Александер Каплан, инвеститор во компанијата.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение соопштението од компанијата  Балкан Петролеум го пренесуваме интегрално.Балкан Петролеум, како заинтересиран инвеститор во Македонија беше дочекана буквално на „нож“, а дел од медиумите, вклучувајќи ја и телевизијата Телма, (која е во 100% сопственост на Макпетрол) секојдневно ја бомбардираат јавноста со шпекулативни информации, чија цел е да се оцрни Балкан Петролеум во јавноста и да се исплашат акционерите, кои би сакале да ги продадат своите акции на заинтерсираниот инвеститор.Во неколку наврати од Балкан Петролеум, преку нивниот овластен полономошник во земјава, дузина од овие информации беа демантирани, но тоа не беше доволно да престене „валканата„ кампања врз Балкан Петролеум.Главниот фокус на негативната кампања е дека зад Балкан Петролеум стои сомнителен капитал и дека зад него стои фирмата Даволиа Холдинг, која била регистрирана во Кипар и дека сè што е поврзано со Балкан Петролеум е сомнително и корумпирано, иако Балкан Петролеум има обезбедено банкарска гаранција од најголемата приватна банка во светот, швајцарската, УБС.Во негативната кампања не беа поштедени ни Комисијата за хартии од вредност и Регулаторната комисија за енергетика, кои секојдневно се под невиден притисок и се оцрнува нивната работа.Реалноста пак е сосема едноставна: двајца богаташи, се подготвени да ги инвестираат во Македонија со цел да купат компанија која не издава дивиденда веќе 6 години и има загуби во висина од 15 милиони евра плус кредитен долг и законски спорови, нешто што е легално и во што нема ништо спорно.Андреја Јосифовски користел оф-шор компанија за да ги оштети и манипулира акционерите на Макпетрол и самиот Макпетрол како правно лице?!Од сигурни извори добивме документи дека, Андреја Јосифовски, кој ја „бомбардира“ јавноста во медиумите со „приказни“ за офшор компании и сомнителен капитал, заедно со Милан Сотивовски, во 1993 година, регистрирал офшор компанија Petroimpex (Overseas) Limited во Кипар користејќи го Макпетрол како еднаков партнер во оваа компанија (50% – 50%).Двајцата менаџери (Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски), ги користеле ресурсите на Макпетрол како финансиска алатка во кипарска оф-шор зона (од 1993 до 2010 година Кипар е оф-шор зона) за да направат профит за себеси и да платат дел од него на Макпетрол како што може да биде видено во ревидираните сметки.Главното прашање е: Дали Макпетрол, Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски, ја формирале оваа компанија со еднакви основачки влогови, и дали делеле еднаков профит со акционерите на Макпетрол, или ова е сепак една класична малверзација каде парите од профитот се чисти пари на акционерите?!И за иронијата биде уште поголема, компанијата е лоцирана на адреса, која покажува дека истата е во „комшии“ со Даволиа Холдинг (компанијата која постојано се спомнува на Телма ТВ). Ги делат две згради, и секретарот, Hive Management Services Limited, e компанија која издава канцеларии и услуги.Petroimpex (Overseas) Limited постоела 20 години, и е затворена во 2013 година, само 3 години по забраната на кипарската Влада за оф-шор компании. За оваа компанија не постои ниту еден податок во македонските државни институции, дека Андреја Јосифовски и Милан Сотивовски ги регистрирале и пријавиле своите акции, според законот.Едно од највижните прашања е: Дали оваа компанија била алатка која се користела за „испумпување„ на пари од Макпетрол?! Дали е возможно загубата од 15 милиони евра која ја прикажувала Макпетрол со години, да не е вистинска загуба?! Можеби сите одговори се кријат во Petroimpex (Oveseas) Limited? И конечно, дали посветените новинарски тимови кои измислуваа приказни за преземањето на Макпетрол, ќе го истражат и овој случај истотака?Petroimpex (Overseas) Limited, со својата сомнителна работа, не е единствената компанија каде што се појавува името Јосифовски. Минатата година, Министерството за Внатрешни работи поднесе кривични пријави против 21 лице поврзано со незаконско прелевање на капитал од Макпетрол во Оилко.Кривични пријави беа поднесени не само против Андреја Јосифовски, кој беше првоосомничен во случајот во својство на Претседател на Управниот одбор во Макпетрол и Комлементар и Управител во командитното друштво Оилко, но и десет членови на Управниот одбор и осум членови на Надзорниот одбор истотака.Сите тие се товарат дека на акционерите им нанеле штета од 375.180.000 денари, притоа овозможувајќи им на комплементарите да се стекнат со право да располагаат и одлучуваат за акционерски капитал и права на глас во Макпетрол во износ од 19.95%, а пак на командиторите да се стекнат со капитална добивка во вкупен износ од 304.193.176 денари.Навистина е чудно што Макпетрол започна да работи со профит, по континуирано работење со загуби  7 години по ред, и само неколку месеци после овој скандал.Од друга страна, не постои ниту еден доказ дека инвеститорите имале било какви криминални досиеја или се под било каква кривична истрага.Иако Макпетрол работел со загуби со години, Јосифовски сепак има менаџерски договор за лојалност кој му овозможува астрономска плата и покрај тоа што не ја води компанијата како што треба и не ги задоволува барањата и очекувањата на акционерите.Така, за минатата година според Годишниот извештај на Макпетрол, објавен на Македонската берза, Јосифовски имал годишна плата и надоместоци од 9.335.162 денари и плус по основа на други надоместоци зел уште 52.904 денари. Зема годишна плата и од Оилко истотака, според официјални податоци од компанијата минатата година од Оилко како Комплементар примил надомест од 1.320.000 денари, како и дивиденда од Оилко, која искалкулирана според процентуалното учество на неговите акции кои ги поседува (14.98%), изнесува 2.255.296 денари.И што е уште поинтересно, неговата плата се зголемила во 2014, кое е спротивно на фактот дека оперативната загуба на Макпетрол се зголемувала. Примил повисока плата за 100 илјади денари, споредено со 2013 година.Андреја Јосифовски константно е на листата на најбогатите Македонци според Форбс. /крај/со/мф

Економија

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

Објавено пред

“Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“

dobivaj vesti na viber

SEAT S.A. постигна историски рекордни финансиски резултати, благодарение на двоцифрениот раст и ефикасноста на SEAT и успехот на CUPRA

· Оперативната добивка на SEAT S.A. достигна рекордни 625 милиони евра, повратот од продажба достигна 4,4%, а прометот за минатата година се зголеми на 14,3 милијарди евра

· Нова инвестиција во брендот SEAT се новите освежувања на Ibiza и Arona, како и подобрувањето на Leon и Ateca

· Во 2024 година е планирано лансирањето на CUPRA Tavascan и CUPRA Terramar

SEAT S.A. ги претстави своите резултати за 2023 година заедно со својата стратегија за претстојните години. Минатата година, според Меѓународните сметководствени правила (МСФИ), оперативната добивка достигна рекордни 625 милиони евра, зголемувајќи се за 592 милиони евра (2022: 33 милиони евра). Ова претставува подобрување на повратот на продажбата од 4,1 процентен поен, од 0,3% на позитивни 4,4%. Годишниот промет исто така достигна историски 14,333 милијарди евра, 31,0% повеќе од 2022 година (10,941 милијарди). Овие резултати ја потврдуваат силата на компанијата и успехот на нејзината постојана стратегија за трансформација.

„Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“, рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA. „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“.

 

„Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“, рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЕНДОТ НА SEAT

Гледајќи во иднината, SEAT S.A. ја има поставено вистинската стратегија за да го одржи профитабилниот раст на компанијата. Брендот SEAT ќе игра клучна улога во ова и компанијата ќе лансира подобрени plug-in хибридни и штедливи автомобили на SEAT.

Arona и Ibiza ќе добијат подобрување во 2025 година, а во следните месеци, марката ќе лансира нова и подобрена верзија на SEAT Leon, со технички и технолошки надградби. Понатаму, Ateca ќе биде подобрен и неговиот животен циклус ќе се продолжи.

„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“, додаде Вејн Грифитс.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„Зегин онлајн“ е најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина за 2023 година

Објавено пред

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчеравечер се одржа Ecommerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија.

dobivaj vesti na viber

Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата „Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина“, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.

Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот и да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.

„Оваа награда, трета по ред претстаува уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин- www.zegin.com.mk и е одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина. Ви благодариме за лојалноста и довербата!“, велат од компанијата за наградата.

Манифестација за доделување на македонските Награди за е-трговија за 2023 година – E-commerce Awards, се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Тековните предизвици и можности на винските пазари и значењето на географските ознаки за македонското вино – теми во фокусот на регионалната конференција за вино

Објавено пред

Како да се искористат актуелните трендови на глобалните вински пазари за подобро позиционирање на македонското вино, како да се зголеми препознатливоста на нашите вина, зошто е исклучително важно воведувањето географски ознаки на виното и какви придобивки ќе донесе овој процес. Ова се само некои од прашањата за кои се имаше дискусија на регионалната конференција за вино, што ја организираа здружението „Вина од Македонија“ и винарската визба „Тиквеш“, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

dobivaj vesti na viber

„За да се зголемат продуктивноста и додадената вредност на домашната винска индустрија, нејзината конкурентност и вредноста на извозот, како и нејзината отпорност на тековните предизвици, вклучувајќи ги и ризиците од климатските промени, неопходни се големи вложувања во знаење, во нови технологии и дигитализација, во организација, окрупнување на лозјата и создавање ефикасни кооперантски односи, како и во воведување нови правила, стандарди и механизам за државна поддршка и поголема регионална соработка. Сето ова мора да се заснова на научен пристап користејќи ги искуствата на развиените земји, кои поминале низ оваа трансформација и може да ни помогнат да го оствариме она што е нашата главна задача – зголемување на извозот на квалитетно вино, кое ќе биде препознатливо и ценето од потрошувачите во светот“, порача во своето воведно обраќање на конференцијата претседателот на здружението „Вина од Македонија“, Светозар Јаневски.

Во рамките на конференцијата се одржаа три работни сесии на кои реномирани експерти од Универзитетот „Гајзенхајм“ во Германија, професорите Јон Ханф и Силвија Димер говореа за состојбите на глобалниот пазар на вино, за спецификите на посебните пазарни нишки во Европа и за значењето на правните и техничките услови за извоз на вино. Една од поважните пораки што ја потенцираа експертите се однесуваа на важноста на заедничкиот настап на компаниите на пазарот истакнувајќи дека ваквиот пристап може да креира ефективни резултати доколку секоја компанија настапи одговорно и самостојно покрај заедничките активности како кластер.

Поздравувајќи ја организацијата на оваа конференција, регионалниот советник за земјоделство во германската амбасада во Скопје, Франк Мулер, го нагласи значењето на соработката помеѓу здружението „Вина од Македонија“ и ГИЗ акцентирајќи дека за долгорочен одржлив развој на винската индустрија неопходна е соработка и со универзитетите бидејќи научниот пристап во воведувањето и примената на унифицирани стандарди за производство и пласман на висококвалитетно вино од регионот е повеќе од неопходен.

За најновите движења во интрарегионалната трговија со грозје и вино во рамките на Западен Балкан говореше и извршната директорка на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска-Јеленковиќ, која ја нагласи неопходноста од воспоставување заеднички вински бренд со загарантирано географски потекло како еден од клучните предуслови за зголемување на препознатливоста на овдешните вина од страна на потрошувачите на пазарите во ЕУ и пошироко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија9 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија10 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија10 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија11 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија12 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија12 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија12 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија13 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија13 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија13 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија13 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија13 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија14 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија15 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија16 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија18 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија19 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....