Контакт

Компании

Kraft Heinz се откажа од превземањето на Unilever

Објавено пред


Американската прехрамбена компанија Кraft Heinz, соопшти дека го откажала планот за превземање на британско-холадскиот гигант Unilever.

Unilever, во петокот, ја одби понудата на Kraft Heinz вредна 143 милијарди американски долари, односно 50 долари по акција, оценувајќи дека понудената сума не им носи никаква финансиска и стратешка вредност.

Иако се очекуваше од американската компанија на британско-холандскиот конзорциум да му понудат поголем износ, во понеделникот, во заедничко соопштение е објавено дека прегворите нема да продолжат.

Двете страни наведоа дека меѓусебно се почитуваат, но и дека Kraft Heinz ја почитува културата, стратегијата и раководната структура на Unilever.

Поврзувањето на тие две мултинационални компании ќе преставуваше една од најголемите трансакции во историјата. крај/мф/нц

Економија

„Нетфликс“ забележа најбрз раст на приходите во историјата на компанијата

Објавено пред

Од

Приходите на „Нетфликс“ во изминатите три месеци достигнаа 3,7 милијарди долари, 40 отсто повеќе од лани, што е најбрз раст на приходите во историјата на компанијата. Значително пораснал и бројот на претплатници на нејзината услуга за интернет-телевизија.

Според извештајот на „Нетфликс“, бројот на претплатници пораснал 7,4 милиони, околу милион повеќе од очекуваното, што е 63 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Сега има вкупно 125 милиони корисници во светот.

Од „Нетфликс“ порачале дека ќе продолжат со зголемување на инветициите во создавање оригинални содржини, а дека ќе ги намалат лиценцираните содржини. Оваа година компанијата планира да вложи осум милијарди долари во телевизиска програма и филмови.

За брзото ширење на „Нетфликс“ во светот, која услугите ги нуди во 190 држави, укажува  и податокот дека сега повеќе од половина од претплатниците се надвор од САД. Пазарната вредност на „Нетфликс“ достигна 137 милијарди долари, двојно повеќе од лани.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Обложувачниците „Моцарт“ најавуваат реновирање ракометни игралишта во Македонија

Објавено пред

Од

По исплатата на најголемата добивка од спортско обложување на ниво на Европа, маркетинг-директорот на „Моцарт“, Васко Илијевски, во неодамнешното интервју зборува за десетгодишното успешно работење на компанијата во Македонија.

Континуираниот раст на „Моцарт“ на македонскиот пазар е евиденден имајќи го предвид фактот дека во моментот компанијата на над 100 уплатни места вработува над 400 луѓе и тој број во континуитет расте. За сериозното влијание што успешното работење на компанијата „Моцарт“ го има врз економијата на државата, говори и сумата од речиси 28 милиони денари годишно што се плаќаат кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, како и во буџетот на РМ по основ на персонален данок за сите вработени.

Од аспект на директниот придонес кон буџетот на РМ по основ на даноци, посебна давачка за игри на среќа и паушали за обезбедување лиценца за работа, компанијата придонесува со над 250 милиони денари на годишно ниво.

Во континуитет изминативе десет години преку донации на трофејни клубови во помалку популарните спортови компанијата ја манифестира својата одлучност во спроведување на стратегијата за општествена одговорност. Во таа насока е и најавата на следните проекти кои претставуваат пресликување на еден успешен проект од Србија.

Васко Илијевски во интервјуто ја најавува иницијативата за адаптација и реновирање ракометни игралишта во Македонија, кои ќе останат на користење на најмладите генерации.

Прикажи повеќе...

Економија

Владимир Косијер, нов генерален директор на „Пивара Скопје“

Објавено пред

Од

Од 1 мај 2018 година функцијата генерален директор на „Пивара Скопје“ ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосавлевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија.

На позицијата генерален директор на „Пивара Скопје“, Владимир Косијер доаѓа од Украина, каде што во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Благодарание на неговото лидерство, фокусот кон потребите на потрошувачите и мотивацијата на тимот со кој раководел, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата и задоволството на потрошувачите за што сведочат голем број освоени меѓународни награди и признанија во рамки на Групацијата Coca-Cola HBC.

„Навистина со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на ‘Пивара Скопје’. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и, секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и ,секако, во заедницата“, изјави Владимир Косијер пред стапувањето на функцијата генерален директор на „Пивара Скопје“.

Својата кариера во Coca-Cola системот Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.

Одличните резултати во досегашната кариера на Владимир Косијер, во комбинација со неговата експертиза, искуство и уникатениот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство „Пивара Скопје“ ќе продолжи со натамошното зацрвстување на пазарните позиции, одржување на високото ниво на задоволство на потрошувачите и вложувањата во одржлив развој и општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија21 час

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија21 час

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион22 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија22 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија22 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет22 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија2 дена

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија2 дена

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие