Контакт

Компании

Мултимедијален инкубатор, нов општествено одговорен проект на Seavus

Објавено пред

Електронски медиуми, компаниите за развој на технологии и креативни бизниси имаат можност да бидат економски и логистички поддржани од Seavus Инкубаторот – најновиот и до сега најголем општествено одговорен проект на IT гигантот Seavus.

Имено, Seavus опреми мултифункционален инкубатор наменет за сместување на развиени и старт ап компании. Програмата за инкубирање е со назив dot.up и предвидува три категории на бизниси кои можат да ги користат условите на инкубаторот:

Станува збор за dot.up media – програма за поддршка на медиуми, dot.up technology – програма за поддршка на компании за развој на софтвер, други технологии, иновации и од областа на Internet of Things и dot.up creative – програма за поддршка на компании од креативни индустрии.

Компаниите кои ќе бидат сместени во Seavus инкубаторот ќе работат во креативен, мултифункционален, технолошки опремен простор.

Покрај  просторот, компаниите ќе добијат и останати фасцилитаторни услови за развој: вмрежување, бизнис менторства, обуки како и експертизата и иксуството на Seavus.

Посебен акцент е ставен на програмата dot.up media, наменета за поддршка на медиуми и развојот на истражувачко новинарство како двигател и услов за развој на општеството и економијата.

Со работилница Моќта на менторството, која се одржа изминатата среда, поддржана од SECO програмата за претприемништво, финансирана од швајцарскиот SECO и имплементирана од страна на Swisscontact, официјално и започна со работа инкубаторот.

Инкубаторот е комплетно подготвен и оперативен. Пет компании од креативните и информатичките индустрии веќе го користат просторот.

Со овој проект, Seavus директно го олеснува развојот на претприемништвото, медиумите и креативните индустрии. Овој проект е до сега најзначајниот  општествено одговорен подвиг на Seavus, чија мисија е економски развој, поттик на микростопанството, како и поддршка на независното и истражувачко новинарство. /крај/мф/ап

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ЕЛЕМ ќе продава нови вишоци електрична енергија

Објавено пред

АД Електрани на Македонија објави дека ќе изврши продажба на вишоци електрична енергија за периодот од 25 февруари до 3 март 2019, во вкупни количини од 9.600 MWh електрична енергија.

Како што велат од компанијата, количините се одредени согласно со моменталната состојба на производните капацитети и нивото во акумулациите.

Моменталните цени на HUPX (унгарската берза на електрична енергија) за базна енергија за неделата од 25 февруари до 3 март изнесуваат BL Wk 09-19 = 50,38 EUR/MWh.

Аукцијата ќе се одржи задутре.

Прикажи повеќе...

Економија

Бонус до 400% во „Спорт лајф“!

Објавено пред

„Спорт лајф“ стартуваше со нов екстра бонус со кој играчите имаат можност за дополнителна заработка на своите тикети. Скалата на бонуси започнува со одиграни најмалку 7 натпревари, па така на пример за одиграни 10 натпревари, екстра бонусот изнесува 24%, за 15 натпревари – 64%, за 18 натпревари – 88% и тн. Највисокиот бонус е во износ од 400% за одиграни 36-40 натпревари.

Екстра бонусот важи за несистемските тикети со една комбинација, ги опфаќа и тикетите со натпревари од понудата за oбложување во живо, микс-тикетите и натпреварите од понудата „Супер тип“.

Имајќи  предвид дека „Спорт лајф“ располага со повеќе од 800 игри, во комбинација со екстра бонусот можностите за добивка се уште поголеми.

Деталите за новиот екстра бонус можете да ги проверите тука.

Прикажи повеќе...

Економија

Групацијата „Трафигура“ го зголеми влогот во проектот за бакар „Иловица – Штука“

Објавено пред

Групацијата „Трафигура“ преку својата подружница, инвестициската групација Галена ресоурс еквитис лимитед (Galena Resource Equities Limited) ја зголеми својата инвестиција во проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“ на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ за дополнителни 6,9 милиони американски долари. Инвестицијата е направена преку Еуромакс ресоуцес Лтд канадска компанија која котира на берзата во Торонто.

Зголемувањето на своите инвестиции во проектот од страна на „Трафигура“ е охрабрено од поддршката што „Еуромакс“ ја добива од локалното население, како и конструктивните чекори кои македонската Влада ги презема за заедницата, а особено прогресот на интегративниот процес за влез во НАТО, што е силен сигнал за странските инвеститори.

„Трафигура“ има богато искуство со изградба и управување со рудници низ целиот свет. „Трафигура“ направи детална техничка и правна детална анализа на „Еуромакс“ и проектот во изминатите дванаесет месеци и потврди дека проектот „Иловица – Штука“ е усогласен со целата македонска регулатива и е проектиран согласно со најдобрите меѓународни практики за работење, заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

„Еуромакс“ пред повеќе од 1 година донесе одлука за откажување од цијанидот и со тоа е во целосна согласност со неодамна усвоените измени на Законот за минерални суровини.

Трафигура е подготвена да го води проектот „Иловица – Штука“ кон процес на изградба и работење за да ја покаже неговата вредност и придонес за локалната заедница и останатите засегнати страни. Дополнителните финансии ќе се искористат за понатамошен развој на проектот, вклучително и дополнителна техничка работа и активности во процесот на добивање дозволи, што ќе овозможи и почетни вработувања.

„Почетокот на интегративниот процес за влез на земјата во НАТО и напредокот во процесот за влез во ЕУ ја зголемија довербата на инвеститорите во нашиот проект. Овој позитивен сигнал беше засилен и од проактивнoста што Владата ја покажува за проектот ‘Иловица – Штука’. Ние одлучивме да се откажеме од употребата на цијанид, а новите финансии ќе бидат вложени во дополнителна техничка работа на терен и поддршка за локалното население. Кога проектот ќе биде во фаза на работење ќе придонесе за значителен развој на националната економија, особено во регионот каде што е лоциран рудникот. Очекуваме понатамошна заедничка соработка со локалното население”, изјави главниот извршен директор на „Еуромакс ресоурцес“, Варшан Гокул.

Предвидени се 343 милиони евра инвестициja за изградба на проектот и со тоа ќе биде најголемата гринфилд-инвестиција во земјата која ќе донесе значителен поттик за економски раст.

Со приходи од над 180 милијарди американски долари за изминатата 2018 година, „Трафигура“ е една од водечките светски независни трговски и логистички куќи со значајно рударско искуство во срцето на глобалната економија. „Трафигура“ е посветена на исполнување на највисоките стандарди во синџирот за набавки, и секогаш во нејзиното планирање и донесување одлуки на прво место ги поставува здравјето, безбедноста, животната средина и заедницата.

Покрај „Трафигура“, зад структурата на акционери и кредитори на „Еуромакс“ стојат многу други престижни меѓународни институции, како Европската банка за обнова и развој, британскиот инвестициски фонд „Ора капитал“, американскиот инвестициски фонд „Eквинокс партнерс“, „Инвестек банка“ и менаџерски тим и Одбор на директори со повеќе од 200 години заедничко искуство во рударскиот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија1 час

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Култура2 часа

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла...

Македонија3 часа

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ3 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија3 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија5 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија6 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет7 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет8 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет9 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет9 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет10 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија19 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија22 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија1 ден

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Македонија1 ден

Заев за наградата „Евалд Фон Клајст“: Со Ципрас поставивме основа за тоа како треба да работат идните генерации

На свечена церемонија, во присуство на дел од највисоките гости на годинешната Минхенска конференција за безбедност, на премиерите на Северна...

Досие